Димитар (Диме) Пинџур — македонски револуционер, војвода во ВМОРО, еден од главните водачи и организатори на Тиквешкото востание (15 – 26 јуни 1913).

Роден е во тиквешкото село Ваташа.[1] Неговата мајка Наца Арсова Пинџурова (исто така деец на ВМОРО), во текот на востанието е ѕверски мачена и убиена од српските окупатори и агресори.[2][3] Пинџуров учествува и во Првата светска војна и загинува во битка кај тиквешото село Криволак, во ноември 1915 година.

Диме Пинџур е татко на Страшо Пинџур, македонски партизан и борец против бугарската окупација во Македонија за време на Втората светска војна.

Наводи уреди