Димитар Митрев (Дедеагач, 14 октомври 1919 - Охрид, 24 февруари 1976) — македонски книжевен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Димитар Митрев
Роден 14 октомври 1919
Дедеагач, Грција
Починал 24 февруари 1976
Охрид, Македонија
Националност Македонец
Занимање литературен критичар и есеист

Уште во 1938 година, кога бил формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членувал во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеле за афирмирањето на македонската национална култура.

Во периодот 1974-1976 е ректор на Скопскиот универзитет.[1]

Бил главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.

Творештво уреди

  • „Антологија на македонската лирика“ (1951, со Блаже Конески)
  • Вапцаров“ (1954)
  • „Критериум и догма“ (1956)
  • „Минато и литература“ (1958)
  • „Odsev Ilindenske wsatje v umjetni literaturi“ (Ljubljana, 1958)
  • „Повоени македонски поети“ (Антологија, 1960)
  • „Пиринска Македонија и БКП“ (1961)
  • „Критики и огледи“ (1969)
  • „Избрани дела“ (7 т., 1970)
  • „Есеји и критике“ (Белград, 1975)
  • „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“ (1980)
  • „Пиринска Македонија“ (1986)[2]

Значење и влијание уреди

За делото на Димитар Митрев се напишани повеќе книги и студии, како:

  • Петар Ширилов: Мислата и делото на Димитар Митрев: пролегомена за духовниот портрет, Скопје: Наша книга, 1974.
  • Катица Ќулавкова: Димитар Митрев, живо дело, Скопје: Ѓурѓа, 2004.

Исто така, на Димитар Митрев му е посветена една песна на македонскиот поет Наум Целакоски, со наслов „Те чекаме пак да ни се вратиш“.[3]

Наводи уреди

  1. http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=20&glavno=1
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 163-164.
  3. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 14-16.