Димитар Мираковски

Димитар Мираковски (роден на 14 мај 1981 во Струмица) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Мираковски е тренер на екипата на Работнички од Скопје, во Првата македонска кошаркарска лига. Тој е висок 177 см и играл на позицијата разигрувач.

Димитар Мираковски
Прекар(и)Мите
ПозицијаРазигрувач (како играч)
Тренер
Висина1,77 м
Тежина86 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубРаботнички
Роден14 мај 1981(1981-05-14)(42 г.)
Струмица, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1999–2019
Клубови
Како играч:
1999-2001Неметали Огражден
2001-2002Куманово
2002Вардар
2003Никол Ферт
2003-2005Вардар
2005-2006Пеја
2006-2007ЦСКА Софија
2007-2008Работнички
2008-2009Ретимно Аегеан
2009Фени Индустри
2009Работнички
2009-2010Черно Море
2010-2011Работнички
2013-2014Кожув
2014-2019Работнички
Како тренер:
2019-Работнички
Репрезентација
Инфо од: 13.07.2019.

Клупска кариера уреди

Мираковски својата почетна кариера ја започнал во домашното првенство на Македонија, поминувајќи низ повеќе клубови. Својата интернационална кариера ја започнал во косовското првенство, а има настапувано и во бугарското првенство во кошарка, како и во грчкото. За сезоната 2010/11, Мираковски потпишал за Работнички по третпат во кариерата[1] Таа сезона, Димитар го освоил Купот на Македонија 2011, а на крајот бил вицепрвак во Првенството. Во февруари 2014 година, Мираковски го напуштил Кожув.[2] Мираковски за сезоната 2015/16, продолжил да настапува во Работнички.[3] Димитар и за сезоната 2017/18 продолжил да игра во Работнички.[4] Мираковски со Работнички станал вицепрвак во Купот 2018. За време на првиот натпревар во финалето во Првенството, Мираковски се здобил со повреда на задната ложа на левата нога и со тоа го пропуштил остатокот на финалето 2018.[5][6] Но Мираковски сепак станал освојувач на Лигата, за првпат, бидејќи Работнички победил во финалето. Со Работнички, Мираковски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Во летото 2019 година, Мираковски се пензионирал како активен кошаркар и станал главен тренер на екипата на Работнички.[7][8]

Репрезентативна кариера уреди

Мираковски бил дел од Македонската кошаркарска репрезентација, која учествувала на Евробаскет 2009 и Евробаскет 2011 година.[9]

Успеси уреди

Титули уреди

  Работнички уреди

Признанија уреди

  • Бек на сезоната 2007/08[10]
  • Домашен играч на сезоната 2007/08[10]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2007/08[10]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2007/08[10]
  • Домашен играч на сезоната 2010/11[11]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2010/11[11]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2010/11[11]
  • Најкорисен играч во Суперкупот на Македонија - издание 2011
  • Најкорисен играч во Суперкупот на Македонија - издание 2015[12][13][14]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16[15]
  • Особен придонес во сезоната 2016/17[16]
  • Најдобар стрелец во Купот на Македонија - издание 2018[17]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[18]

Приватен живот уреди

Во октомври 2015 година, Димитар се оженил со Маја Котева во родната Струмица.[19][20]

Наводи уреди

  1. „Работнички потпиша и со Димитровски“. gladijatori.com преку web.archive.org. 24 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 4 април 2020.
  2. „Американецот Нил на проба во Кожув“. utrinski.mk. 16 февруари 2014. Посетено на 1 јули 2017.[мртва врска]
  3. Мираковски ќе го предводи „подмладениот Работнички“ Архивирано на 30 јуни 2015 г. ekipa.mk 29 јули 2015
  4. „Американец во „Градски парк": Гинјард потпиша за Работнички“. ekipa.mk. 22 август 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  5. „Заврши сезоната за Мираковски“. sportmedia.mk. 21 мај 2018. Посетено на 23 мај 2018.
  6. „Мираковски: Работнички не зависи од еден играч, ќе се снајде и без мене“. ekipa.mk. 22 мај 2018. Посетено на 23 мај 2018.
  7. „Мираковски ќе шефува со „новиот" Работнички“. ekipa.mk. 10 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  8. „Докузовски со нова улога во Работнички, Чековски кажува збогум!“. sportmedia.mk. 10 јули 2019. Посетено на 13 јули 2019.
  9. „Dimitar Mirakovski | EuroBasket 2011“. Архивирано од изворникот на 2015-09-19. Посетено на 2014-07-09.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  12. Работнички со сила за една четвртина, МЗТ го освои Хуавеј Супер купот Архивирано на 29 септември 2015 г. ekipa.mk 27 септември 2015
  13. МЗТ Аеродром го освои првиот трофеј во Хуавеј Супер Купот Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 27 септември 2015
  14. Награда во вистински раце: Мираковски го загуби финалето, но го доби признанието за МВП на турнирот! sportmedia.mk 27 септември 2015
  15. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
  16. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 8 февруари 2018.
  17. „Мираковски: Во незгоден момент го претрпевме првиот пораз“. ekipa.mk. 19 февруари 2018. Посетено на 23 февруари 2017.
  18. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. Се ожени кошаркарот Димитар Мираковски Архивирано на 5 октомври 2015 г. strumicanet.com 3 октомври 2015
  20. Капитенот на Работнички „рипна во тавче“: Се ожени Димитар Мираковски Архивирано на 6 октомври 2015 г. sport365.mk 5 октомври 2015

Надворешни врски уреди