Дилмен
Дилмен (германски: Dülmen) — општина во округот Косфелд, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
Дилмен | |
Градскиот дом и плоштадот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
Адм. подрач. | Минстер |
Округ | Косфелд |
Град единици | 7 |
Градоначалник | Елизабет Штремлау (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 184,49 км2 |
Надм. височина | 46 - 150 м |
Население | 46.706 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 253 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | COE |
Пошт. бр. | 48249 |
Повик. бр. | 02594 |
Портал | duelmen.de |
Местоположба на град Дилмен во рамките на округот Косфелд | |
Координати | 51°49′51″N 7°16′42″E / 51.83083° СГШ; 7.27833° ИГД |
Географија уреди
Сместена е во јужниот дел на Минстерскиот крај, помеѓу реката Липе на југ, ридскиот венец Баумберге на север и реката Емс на исток. Јужно од Дилмен се наоѓа областа Рур.
Населени места уреди
Со реформите на месната управа во 1975 г. општината Дилмен опфаќа следниве 7 населени места, наведени со нивното население во јули 2012 г.[2]
Нас. место | Население | Домаќинства |
---|---|---|
Булдерн | 5.867 | 2.497 |
Дилмен | 27.588 | 11.740 |
Кирхшпил | 4.678 | 1.991 |
Мерфелд | 2.030 | 864 |
Роруп | 2.285 | 972 |
Хаусдилмен | 2.150 | 915 |
Хидингзел | 1.699 | 723 |
Вкупно | 46.297 | 19.701 |
Мерфелд првпат се споменува во 890 г., а влегол во состав на Дилмен во 1975 г. Роруп првпат се споменува во 1050 г., а влегол во состав на Дилмен во 1975 г.
Историја уреди
Местото првпат се споменува како Дулмени (Dulmenni) во 889 г. како метох на Верденската опатија. Стекнал градски права во 1311, а во 1470 г. се зачленил во Ханзата. Бил дел од Епископското Кнежевство Минстер сè до медијатизацијата во 1803 г. За кратко бил во рацете на династијата Круј, па во 1811 г е преземен од Французите. По поразот на Наполеон, Дилмен влегол во Прусија, во состав на покраината Вестфалија.
За време на Втората светска војна, рафинеријата во Дилмен станала мета на бомбардирање од сојузничките воздухопловни сили, во кое се иништени 90% од градот. Дилмен е обновен по по војната, а во 1973 г. населението достигнало 20.000 жители. Во 1975 г. станал општина, и кон него се припоени селата Роруп, Мерфелд, Хидингзел, Булдерн, Хаусдилмен и Кирхшпил.
Збратимени градови уреди
Дилмен е збратимен со следниве градови:
Сообраќај уреди
До Дилмен се стасува по автопатот A43 и железничката линија Есен-Ване-Ајкел-Минстер и железницата Дортмунд-Енсхеде. Најблизок аеродром е Минстер/Оснабрик во Гревен и Диселдорф.
Познати личности уреди
Родени во Дилмен уреди
- Ана Катерина Емерих (1774-1824) — блажена калуѓера и мистик
- Франка Потенте (р. 1974) — глумица
- Јирген Дројс (р. 1945) — пејач и музичар
- Хартмут Сурман (р. 1963) — роботичар
Живееле во Дилмен уреди
- Клеменс Брентано — писател, живеел тука од 1819 до 1824 г.
- Франц фон Папен — канцелар на Германија, живеел тука од 1918 до 1930 г.
Наводи уреди
- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)
- ↑ Статистика за населението на општината Дилмен (PDF; 13 кб), јули 2012 г. (германски)
Надворешни врски уреди
„Дилмен“ на Ризницата ? |
- Општински портал на Дилмен (германски)
- Летен портал на Дилмен (германски)
- Зимски портал на Дилмен Архивирано на 28 април 2016 г. (германски)