Дејан Јовановски (роден на 26 март 1973 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и репрезентативец кој играл за повеќе македонски екипи како Работнички, Орка Спорт, Никол Ферт и многу други.

Дејан Јовановски
Позицијакрило
бек
Висина1,98 м
Тежинакг
Клубпензиониран
Број12
Роден26 март 1973(1973-03-26)(51 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1992–2006
Клубови
Репрезентација
Инфо од: 18.07.2016.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Јовановски својата кариера ја започнал во Годел Работнички каде играл пет сезони. Потоа се префрлил во кавадаречка Орка. За сезоната 1999/00 на почетокот играл во Никол Ферт, а потоа се префрлил во турски Ојак Рено каде настапувал до крајот на сезоната. За следната сезона играл во Швајцарија, во клубот Лугано, притоа освојувајќи го Првенството и Купот на таа земја. За следната сезона потпишал повторно за Никол Ферт,[1] кога го освоил Купот на Македонија 2002. За сезоната 2002/03 играл во грчки Перистери. Во првата половина на сезоната 2003/04 играл во Фершпед Работнички,[2][3] додека во втората половина се преселил во француски Шорал Роан Баскет.[4][5] За следната сезона играл повторно во Франција но во друг клуб - Елан Шалон.[6][7] За сезоната 2005/06, која била и негова последна како играч, играл повторно за Фершпед Работнички, освојувајќи ја двојната круна во Македонија.

Репрезентативна кариера уреди

На 30 мај 1993 година, Јовановски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[8]

Останато уреди

Јовановски извесен период од 2012 до 2013 година минал во улогата на спортски директор Работнички, а потоа бил и во Агенцијата за млади и спорт. Во мај 2016, Јовановски бил назначен за генерален секретар на Македонската Кошаркарска Федерација.[9] По неполн месец тој се повлекол од позицијата генерален секретар.[10]

Успеси уреди

Титули во Првенството уреди

Титули во Купот уреди

Наводи уреди

  1. Јовановски и Боцевски во Никол Ферт за двојната круна, а в година и Јадранската лига[мртва врска] vest.com.mk 25 октомври 2001
  2. Со Јовановски на победа во Романија time.mk 12 ноември 2003
  3. Фершпед Работнички ја стартува годинешната евро-епизода[мртва врска] vest.com.mk 13 ноември 2003
  4. Без Јовановски и Тасовски против Фенербахче[мртва врска] utrinski.com.mk 17 декември 2003
  5. Успешно деби на Дејан Јовановски за Роан[мртва врска] dnevnik.com.mk 11 јануари 2004
  6. Јовановски и Џонс стартуваа со победи[мртва врска] vest.com.mk 11 ноември 2004
  7. Само Чековски и Џонс продолжуваат во УЛЕБ-купот[мртва врска] vest.com.mk 20 јануари 2005
  8. „Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!“. gol.mk. 30 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  9. Дејан Јовановски е нов генерален секретар, Пенов и Дракуловски - потпретседатели на МКФ! sportmedia.mk 6 мај 2015
  10. Јовановски се повлече од позицијата генерален секретар[мртва врска] dnevnik.mk 4 јуни 2015

Надворешни врски уреди