Десет дена на покајание

Десет дена на покајание (хебрејски: עשרת ימי תשובה, Асерет јеме(ј) тешува) — првите десет дена од месецот тишри во еврејскиот календар (обично во септември) кои започнуваат со празникот Рош ашана (Нова година) и завршуваат со Јом кипур.[1]

Означување на почетокот на Десетте дена на покајание со дување во шофар

Вовед уреди

Во текот на овие десет дена, верниците практикуваат тешува („покајание“), согледувајќи си ги гревовите и се покајуваат за да се подобрат како личности пред да настапи Јом кипур. Покајувањето може да биде покајничка молитва (селихот) која се кажува рано наутро и добротворни дела (цадака, „добродетелство“) со кое покајаникот покажува милосрдие или самоглед (есед).

Денови уреди

Првите два дена од Десетте дена на покајание се во текот на Рош ашана. Еден од нив може да се падне на Шабат (во сабота), па тогаш се јавуваат дополнителни молитви според махзорот (молитвеникот), додека пак други се изоставаат.

Третиот ден, по Рош ашана, следи Постот на Годолија (Цом Гедаља). Ова е полудневен пост, кој трае од изгрејсонце то самрак.

Меѓу Рош ашана и почетокот Јом кипур се празнува посебен Шабат, наречен „Шабат (те)шува“ („Шабат на покајание“).

Последниот (десетти) ден е постот на Јом кипур. Во Левит 23:27 се заповеда дека Јом кипур мора да биде ден строго за одмор и пост.[2] Јом кипур може да падне и на Шабат. Постот сепак продолжува — ова е единствениот случај кога може да се пости на Шабат. Постењето за Јом кипур е задолжително, без оглед на денот од неделата во кој ќе се падне, согласно прогласот во Тората дека овој ден е שבת שבתון („Шабат на шабатите“)[3].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Данон, Цадик (2008). „Јом акипурим или Јом кипур: 5.6.3. Асерет јеме тешува“. Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. стр. 37. ISBN 9989-102-14-7.
  2. Левит 23:27, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 143 PDF
  3. Левит 23:32 PDF