Десетта македонска ударна бригада

Десеттата македонска ударна бригада била формирана на 22 август 1944 во месноста Црвена Вода кај село Зборско, на планината Кожуф. Била формирана од околу 350 борци, главно од Втората македонска ударна бригада, а по два дена им се приклучиле и други доброволци, па бројниот состав нараснал на околу 450 борци.[1]

Десетта македонска ударна бригада
Активна22 август 1944 – 30 декември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Живојин Росиќ, Димче Костовски

Команден состав уреди

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства уреди

Заедно со Втората и Деветтата македонска ударна бригада влегле во составот на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ на 24 август до декември 1944 година. Дејствувала главно во Тиквеш и Прилепско долж комуникацијата Прилеп-Градско-Велес напаѓајќи ги германските колони што се повлекувале од Грција. Во рамките на овие дејствија, бригадата го урнала тунелот кај Богомила и сите мостови на пругата на делницата од Богомила до село Мажунчишта, со што пругата од Велес до Прилеп била онеспособена до крајот на војната.[1]

Во периодот од 17 до 23 септември 1944 година, бригадата водела борби со германските колони на делницата од Кавадарци кон Дреновска Клисура, а потоа и кај Мраморска Клисура. Во почеток на октомври 1944 година, од Мариово пристигнале околу 580 нови борци кои се приклучиле на бригадата кај село Никодим.

Учествувала во борбите за ослободување на Прилеп од 28 октомври до 2 ноември 1944 година, а потоа и за ослободување на Кичево и на Гостивар. На 30 декември 1944 година, бригадата била преместена во Кичево и влегла во составот на Осмата дивизија на НОВЈ како нејзина трета бригада.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 113-115