Дерби на Тајн и Вер

Дерби на Тајн и Вер (англиски: Tyne–Wear derby или Tyne–Wear derby) — името за месното дерби помеѓу два фудбалски клуба Њукасл Јунајтед и Сандерленд. Дербито е и меѓуградско соперништво во Северноисточна Англија помеѓу двата града од грофовијата Тајн и Вер, Њукасл и Сандерленд, кои се наоѓаат на оддалеченост од 16-тина километри растојание.

Тимовите се загреваат пред почетокот на дербито.

Првиот натпревар помеѓу двата клуба се одиграл во 1883 година, а првиот официјален натпревар клубовите меѓусебе го имале во 1888 година во натпревар од ФА Купот, во кој Сандерленд победил со 2-1. До денес, Њукасл победил 53 пати, Сандерленд забележал 51 победа и 50 пати играле нерешено. Двата клуба последен пат се сретнале еден против друг на 20 март 2016, кога во натпревар од Премиер лигата одигран на Сент Џејмсис Парк, Њукасл и Сандерленд одиграле нерешено 1-1.