Ден на сите светци

Ден на сите светци (латински: Sollemnitas Omnium Sanctorum) — католички празник согласно календарот на Римокатоличката црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они кои сѐуште не се. Денот на сите светци се празнува на 1 ноември. Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.

Ден на сите светци
Ден на сите светци
Слика од Фра Анџелико
Наречен иAll Hallows
Го празнува(ат)
Литургиска бојаWhite
Видchristian
Датум1 ноември (западно христијанство)
неделата по Духовден (православие)
Обичаибогослужби
Поврзано

Потекло уреди

Овој празник води потекло од IV век. Првите траги на општо прославување на сите светци се забележани најпрвин во Антиохија и тоа на Духовден. Овој обичај е забележан и во 74 хомилија на свети Јован Златоуст (407 год.) и така и до ден денес се задржал во источните православни цркви.

Папата Григориј III (731 - 741) го поместил овој празник на 1 ноември со цел да може да се совпадне со древниот келтски празник Савин (ирски: Samhain) кој го означувал почетокот на Новата година. На тој начин одговорил на барањата на ирските монаси.

Во времето на Карло Велики овој празник веќе пошироко се обележувал а кралот Луј Побожниот во 835 год. го прогласил за државен празник. Одлуката за тоа била донесена на „барање од страна на папата Григориј IV со согласност од сите епископи[3]

Денес уреди

Во календарот на Католичката црква, Денот на сите светци е означен како празничен ден, а во католичките земји тоа е воедно и државен празник. Во народот овој ден обично се поврзува со посета на гробиштата и уредување на гробовите, па така и со спомен на мртвите. Сепак, во Црквата Споменот на сите мртви верници или Духовден се обележува еден ден подоцна, на 2 ноември.

Освен во Католичката црква, овој ден се обележува и во Англиканската црква, како и во многу други евангелистички цркви, иако таму тој попримил други форми, во зависност од соодветната Црква.

Наводи уреди

  1. Marty, Martin E. (2007). Lutheran questions, Lutheran answers: exploring Christian faith. Minneapolis: Augsburg Fortress. стр. 127. ISBN 978-0-8066-5350-1. Посетено на 2 November 2011.
  2. Willimon, William H. (2007). United Methodist Beliefs. Westminster John Knox Press. стр. 64. ISBN 9781611640618. Посетено на 30 October 2014.
  3. The Catholic Encyclopedia (New York, Robert Appleton Company, 1907), s.v. "All Saints' Day".

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди