Ден на Република Српска

државен празник во Република Српска

Ден на Република Српска — национален празник на Република Српска прогласен за неуставен од Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Празникот се слави на 9 јануари, а негов неофицијален заштитник е Свети Архиѓакон Стефан, кој паѓа на истиот ден.[1][2]

9 јануари 1992 уреди

На 9 јануари 1992 година во Сараево, неуставното собрание на српскиот народ во Босна и Херцеговина ја објави Декларацијата за прогласување на Република на Српскиот народ на Босна и Херцеговина, со главна цел, отцепување од Република Босна и Херцеговина, денес Босна и Херцеговина. Републиката е прогласена на териториите на Српските автономни региони, вклучувајќи ги и областите каде што Србите сочинуваат малцинство.

По уставната забрана од 2015 година уреди

 
Парада за Денот на Република Српска 2019 година во Бања Лука

Уставниот суд на Босна го прогласи празникот за неуставен на 26 ноември 2015 година.[3] Пресудата беше игнорирана од владата на Република Српска.

Во 2016 година се одржа референдум за празникот, референдумот беше прогласен за неуставен од Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

И покрај судската одлука дека празникот е неуставен и жестоките критики од страна на Бошњаците и дел од меѓународната заедница, низ цела Република Српска се одржуваат прослави, вклучително и паради и претстави.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

 

  1. „Zakon o praznicima Republike Srpske“. Zakoni (српски). People's Assembly of Republika Srpska. 27 July 2005. Архивирано од изворникот на 11 June 2009. Посетено на 10 April 2009.
  2. Пријеми поводом Дана РС и крсне славе („РТРС”, 4. јануар 2014), Посетено на 3. 1. 2017.
  3. https://www.rferl.org/a/bosnian-serbs-celebrate-contentious-republika-srpska-day-/30368355.html
  4. https://balkaninsight.com/2020/01/09/bosnian-serbs-mark-illegal-holiday-with-grand-parade