Демографија на Чад

Според податоци од 2006 година, населението на Чад изнесува околу 10.000.000 луѓе.

Динамика на населението (1961 - 2003)

Старосна структура уреди

(2003)

  • 0-14 години: 47,3% (мажи 2 366 496/жени 2 308 155)
  • 15-64 години: 49,8% (мажи 2 250 211/жени 2 676 076)
  • над 65 години: 2,9% (мажи 120 666/жени 164 057)

Етнички состав уреди

Населението во 2005 година броело околу 10.146.000 од кои 25.8% живеат во урбаните средини, додека 74.8% живеат во руралните.[1] Населението на државата е младо, каде 47.3% се под 15 години. Наталитетот е со 42.35 раѓања на 1000 луѓе, додека морталитетот е 16.69 и просечниот животек век е 47.2 години. Околу половина од населението живее на југот од земјата и е најнаселен регион во земјата.[2] Урабниот живот може да се пронајде само во главниот град Нџамена, каде населението е преокупирано со трговија. Други градови се Сарх, Мунду, Абече и Доба.

Чад е составена од над 200 етнички групи кои ја создаваат шареноликоста на земјата. Главна етничка група се Сара народот, но живеат и Сахел, Арапи или Тубу.

Јазици уреди

Службени јазици се арапски јазик и француски јазик, но се зборуваат и над 100 јазици.

Религија уреди

Религија на Чад[3]
религија процент
Муслимани
  
54 %
Католици
  
20 %
Протестанти
  
14 %
Анимизам
  
10 %
Атеисти
  
3 %

Чад е со голема религиозна различност. Според пописот од 1993 година, 54% биле Муслимани, 20% Католици, 14% Протестанти, 10% Анимисти и 3% атеисти. Муслиманите се сконцентрирани во северниот и источниот дел, додека христијаните во јужниот.

Наводи уреди

  1. World Population Prospects.
  2. "Chad Livelihood Profiles". U.S. Agency for International Development.
  3. Central Intelligence Agency (2009). „Chad“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 28 јануари 2010.

Надворешни врски уреди