Делигзен (германски: Delligsen) — слободна општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Делигзен
Црква „Св. Ѓорѓи“ во Делигзен
Црква „Св. Ѓорѓи“ во Делигзен
Црква „Св. Ѓорѓи“ во Делигзен
Грб на Делигзен
Делигзен во рамките на Германија
Делигзен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Холцминден
Месни единици 6
Градоначалник Ханс-Дитер Креше
Основни податоци
Површина 36,01 км2
Надм. височина 191 м
Население 7.726 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 215 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HOL
Пошт. бр. 31073
Повик. бр. 05187
Портал www.delligsen.de
Местоположба на Делигзен во рамките на округот Холцминден
Карта
Карта
Координати 51°57′0″N 9°48′0″E / 51.95000° СГШ; 9.80000° ИГД / 51.95000; 9.80000

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија уреди

Местоположба уреди

Делигзен се наоѓа во областа Лајнското Средногорје помеѓу Ројберг на север, Штајнберг на североисток, Зелтер на југоисток, Хилс на југ и на запад, како и Ит на северозапад. Низ местото тече Виспе, која се влева во Лајне.

Соседни општини уреди

Почнувајќи од југоисток надесно, Делигзен се граничи со градот Ајнбек (Округ Нортхајм), слободните области Венцен и Гриненплан (Округ Холцминден), како и општините Копенграфе, градот Алфелд и општината Фреден (сите во округот Хилдесхајм).

Општински единици уреди

Општината е составена од следниве шест единици:

Место Жители (2013)
Амензен 393
Делигзен 3.676
Гриненплан 2.421
Хоенбихен 421
Кајерде 889
Фаригзен 264
Флекен Делигзен 8.064

Највисоката точка на Хилс е 480,4 метри, наречена Блосе Целе.

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди