Декрет (или указ[1]) (од латински: decretum, decerno = „пресудено“) е наредба, одлука или указ за именување или решение на власта по одредено прашање што се донесува од повисокиот ранг на власт (претседател или ресоирен министер). Во најголем број земји што имаат пишан устав Декретот главно нема траен правен карактер зашто не се носи во парламентот туку е привремена мерка на власта.

Декрет во генерална смисла на зборот е право кое што обично му се доделува на шефот на државата (претседател на република или монарх), уредено според определена постапка (обично пропишана во устав). Има сила на закон. За овој концепт на одлучување, различни земји користат различни термини.

Декрет во смисла на органите на државната и локалната управа од понизок ранг се јавува во форма на уредба.

Најголем број држави избегнуваат да одлучуваат со укази без парламентарна постапка или без консултации со извршната и судската власт зашто ваквото пропишување на правила се смета за недемократско законско решение. Обично декретите се носат при вонредни состојби од типот на воена или кризна состојба, епидемии, пандемии или временски катастрофи и непогоди. Во Македонија овој институт само неколкупати е употребен спротивно на желбата на мнозинстово пратеници на Македонското Собранието. Во еден случај Претседателот Иванов потпиша Указ (Одлука) за помилување на затвореници при што се оценуваше уставноста на неговота одлука[2]. Тој пред истекот на својот мандат и откога партијата чиј кандидат беше самиот тој, ги загуби изборите, одбиваше да ги потпише указите за прогласување на 21 закон.[3] Претседателот Црвенковски, исто така аболицираше со указ осомничени за сторени дела, но овој негов потег не заврши со официјална постапка од страна на власта и мнозинството пратеници. Прв што потпиша контроверзен указ (Одлука), повторно за аболиција на еден бивш министер за внатрешни работи, беше претстедателот Трајковски [4] . Претседателот Пендаровски ги потпиша сите укази што Претседателот Иванов одбиваше да ги потпише и одреден број други укази, меѓу кои е и Указот за Северноатланскиот договор, со кој Македонија станува членка на НАТО. Во македонската држава главно укази се потпишуваат од страна на Претседателот на Републиката при прогласување на законите изгалсани во Собранието[5] и назначување на амбасадори по предлог на владата[6].

Ова изгледа само како церемонијална улога на Претседателот кој според Член 75 и 84 треба да ја гарантира законитоста во овие две постапки, но наспроти тоа постојат уште неколку случаи кога одредени претседатели не ги потпишуваа указите за назначување амабасадори на Македонија во други земји[7], или не потпишуваа укази за прогласување на закони[8]. Во сите случаи претседателите наоѓаа изговор за непотпишување на указите зошто наводно со тоа ги штитат интересите на државата, но се чини дека главна причина за нивното непотпишување е политичкото мислење на партиите што ги предлагаа за кандидати за претседател. Во историјата на независна Македонија сѐ уште немало ситуација на прогласување воена состојба на целата територија, така што не постои пракса на сите нивоа на државната управа, за тоа сѐ што може да биде предмет на одлука донесена со указ. По прогласувањето на пандемија со новиот корона вирус COVID-19, која што сè уште е во тек, и прогалсување вонредна состојба во Македонија на 18 март 2020 г.[9], останува нејасно прашањето кој вид уредби или итни закони од типот на укази или декрети ќе можат да се донесуваат, во време кога Собранието е распуштено и постои само техничка влада, која што треба да ги организира следните вонредни парламентарни избори. Претседателот Пендаровски сè уште нема потпишано указ што се однесува на вонредната состојба прогалсена по повод пандемијата на COVID-19. Вакавата вонредна состојба ја поттикна јавноста да бара од власта да донесе закон што ќе ги регулира итните или вонредните состојби и јасно да ги одреди улогите на сите нивоа на власта.

Во македонската држава органите на државната и локалната управа, од типот на ресорните министерства и општините, донесуваат еден вид декрети наречени Уредби, подзаконски акти со што подетално се регулираат постапките што веќе се уредени со некој закон. Основниот закон обично одредува дека ресорниот орган мора да донесе уредба за поблиско дефинирање на одредена материја, што законот ја пропишува. Уредбите (заедно со Одлуките и Правилниците на државната и локалната управа) можат да се обжалуваат пред Уставниот Суд. Уставниот суд решава околу законитоста на овие подзаконски акти и има изградена судска пракса[10] што редовно ја објавува на своето мрежно место. Уредбите, одлуките и правилниците на ресорните министерства и општините честопати се предмет на претставки упатени од страна на граѓаните пред Уставниот суд бидејќи овие акти некогаш се користат за изнаоѓање дупки во основните закони за остварување на нечии интереси. Овој вид укази наречени Уредби најмногу наликуваат на француските ordonnance и на Ordinance од англосаксонското право.

Во други земји како што се САД, Претседателот редовно донесува еден вид декрети во форма на Извршните наредби , (иако декретите не се вистински наредби). Во англискиот јазик, „одлуки донесени со декрет“ се однесуваат на сите авторитарни одлуки.   Документите или архивите во форма на кралските декрети се донесуваат од кралските владетелите.  

Декрети во други јурисдикции уреди

Белгија уреди

Во Белгија, указ е закон на заедницата или регионалниот парламент, на пр. Фламанскиот парламент.

Франција уреди

Зборот décret, буквално „декрет“, е стара правна норма во Франција и упатува на извршни наредби што ги носи францускиот претседател или премиерот . Секоја таква наредба не смее да го крши францускиот Устав или законот за граѓанска постапка, а странката има право да побара наредбата да биде поништена преку Францускиот државен совет . Наредбите ги ратификува францускиот Параламент пред истите да бидат изменети со законски акти. Специјалните наредби познати како décret-loi, буквално „декрет-акт“ или „закон за декрет“,[11][12] обично се сметаа како недозволена пракса во периодот на Третата и Четвртата Република, а со Уставот од 1958 г. тие конечно беа укинати и заменети со Декрети (на француски: ordonnance).

Освен овластувањата на Претседателот да решава со декрет (како што е наведено во член 16 од Уставот 1958 година, на оваа одредба Претседателот на Франција досега само еднаш се повикал,) исто така и извршната власт може да решава со декрет во областите што за коишто Уставот одредува дека се овластување на Парламентот, само ако тоа е уредено со закон . Во други случаи пак, наредбите се бесправни и, доколку некој ја тужи државата за поништување на Наредбата, таа може да ја поништи Државниот Совет. Постои постапка кога Премиерот може да издава Наредби, но оваа постапка бара изречна согласност од Парламентот (види член 38 од Уставот на Франција од 1958 година).

Наредбите што ги изрекува Премиерот имаат две форми:

  • Наредби,
  • Наредби на советот на државата ( décrets en Conseil d'État ), кога со закон се гарантира советодавната консултација со Советот на државата.

Понекогаш, décrets en Conseil d'État се толкува неправилно како décrets du Conseil d'État. Ова значи дека Советот на државата го носи декретот, додека моќта на декретот му се дава на претседателот или премиерот; а улогата пак на управата т.е. на Советот, е чисто советодавна.

Италија уреди

Според клаузулата 77 од италијанскиот Устав, „Владата не може, без акт на двата дома на парламентот, да издава уредби со сила на обичен закон. Во вонредни и итни состојби Владата може да донесе привремени мерки кои имаат сила на закон, а таа пак истиот ден може да почне да ги применува наведените мерки само со одлука на обата дома на Парламентот, а ако двата дома се распуштени истите ќе се состанат за оваа причина најдоцна во рок од 5 дена. Указите престануваат да важат ако не се потврдат продолжат во рок од шеесет дена од нивното донесување. Двата дома на парламентот сепак можат со закон да регулираат правни односи кои произлегуваат од недонесени Укази“.

Португалија уреди

Во Португалија има повеќе видови декрети (португалски: decretos, еднина португалски: decreto) што ги донесуваат различни органи или тела на локалната самоуправа на автономните региони.

Во моментов, постојат следниве видови декрети:

  1. Декрет ( португалски: decreto-lei ): е законски акт донесен од Владата на Португалија според одредбите на член 198 од Уставот на Португалија;
  2. Регионален законодавен декрет ( португалски: decreto legislativo regional): е регионален закон, издаден од законодавното собрание на еден од автономните региони, во рамките на неговите надлежности дефинирани во членовите 227 и 233 од Уставот;
  3. Декрет на Претседателот на Републиката ( португалски: decreto do Presidente da República): е указ пто го носи Претседателот на Португалија, за ратификација на меѓународните договори, назначување или разрешување членови на Владата или за остварување на други претседателски овластувања утврдени со Уставот;
  4. Уредба (португалски: decreto): е акт што го носи Владата на Португалија за ратификација на меѓународни договори, чие одобрување не е во надлежност на Собранието на Републиката или не е поднесено до него или е во надлежност на Владината администрација, утврден во член 199 од Уставот, а е во врска со закон што бара донесување Указ;
  5. Регулаторен указ (португалски: decreto regulamentar ): е акт издаден од Владата на Португалија, под административна надлежност утврден во член 199 од Уставот, за да се направат потребните регулативи за правилно извршување на законите и да се преземат сите дејствија и решенија потребни за промовирање на економски и социјални развој и задоволување на потребите на заедницата;
  6. Регионална регулаторна уредба ( португалски: decreto regulamentar regional ): е акт издаден од законодавниот дом или владата на автономен регион, со кој се уредува правилното спроведување на регионалните законодавни одредби;
  7. Уредба од претставникот на Републиката ( португалски: decreto do representante da República ): е уредба за назначување или отстранување на членови на владата на автономен регион, издадена од претставникот на Републиката за тој регион.

Иран уреди

 
9 октомври 1981 година, Jamaran, Техеран ; Рухолах Хомеини како врховен водач на Иран го пее претседателскиот Указ на Али Камнеи.

Според членот 110 од Уставот на Иран, врховниот водач ги разгледува општите политики на Исламската Република.

Русија уреди

По Руската револуција, генералните законодавни акти на Владата се нарекуваа „декрети,“ а поконкретните акти се нарекуваа „укази“. И двата поима обично се преведуваат како „декрет“.

Според Уставот на Руската Федерација од 1993 година, „указ“е претседателски декрет. Указите се на исто рамниште со законите, но со нив не може да се менува рускиот устав или одредбите на постојните закони, а указите може да се укинат со законите донесени од Федералното собрание.

Владата на Русија, исто така, може да донесе декрети, формално наречени Одлуки (Постановления) или Наредби (Распоряжения) и истите не може да се косат со уставот / законите или претседателските уредби на Руската Федерација.

Саудиска Арабија уреди

Кралските декрети се основа за донесување закони во Саудиска Арабија.

Шпанија уреди

Во Шпанија, декретите се јавуваат во голем број форми:

  • Кралски указ
  • Кралски указ за донесување закон
  • Кралската законодавна уредба

Турција уреди

Во согласност со член 107 од Уставот од 1982 година. Една од важните измени направени во овој Устав е актот бр. 6771 што е поврзан со Уредбите на претседателството.

Велика Британија уреди

Во Обединетото Кралство, Наредбите на Советот или се од типот на декрети во врска со основни закони што црпат овластувања преку Кралскиот Прерогатив, донесено од Советот на старешините (Privy Council) во име на Монархот; или пак се во форма на подзаконски акти, што се носат од страна на министрите користејќи преку одредба содржана во закон донесен од Парламентот или други основни закони. И двата вида декрети подлежат на оценување на нивната законитост, а постојат исклучоци само кај судската оценката на декретите поврзани со основните закони.

Соединети Американски Држави уреди

Во правниот систем на САД, во текот на XIX и почетокот на XX век, декрет значело наредба на феудалниот тип на Суд на равда за утврдување на правата на странките во тужбата, според правичноста и добрата совест. Во 1938 г. откога процедуралното право е споено со правичноста во сојузните судови, според Федералните правила за граѓанска постапка, терминот пресуда (паралелен термин во општото право) генерално го замени декретот . Ова сега важи во повеќето државни судови.[13] Терминот декрет сега има слична употреба во правото на адмиралството, пробационото право и разводните постапки.[14]

Декретот често е во форма на конечна пресуда, но може да има и преоден карактер. Конечен декрет целосно и конечно го прекинува парничењето, утврдувајќи ги сите прашања поставени во случајот и не остава ништо што бара натамошни судски дејствија; а истото може и да се обжали. Преоден декрет е времена или прелиминарна наредба која што не е конечна и не ја утврдува целосно тужбата, така што се потребни одредени дополнителни постапки пред влегување во сила на Конечниот декрет.[15] Обично не може да се обжалува, иако времените наредби изречени од федералните судови можат да се обжалуваат покрај тоа што имаат преоден карактер.[16]

Извршните наредби се упатства што Претседателот ѝ ги изрекува на извршната власт, се Укази во општа смисла на зборот, затоа што имаат сила на закон, иако не можат да бидат против статутарното право и Уставот и истите можат да станат предмет на судска оценка.

Други намени на терминот уреди

Во некои јурисдикции, одредени типови судски наредби изречени од судиите се нарекуваат Укази, на пр. Указ за развод .

Наводи уреди

  1. Указ. Дигитален речник на македонски јазик
  2. ИВАНОВ НЕМАЛ ПРАВНА МОЖНОСТ ДА ПОМИЛУВА – ВЛАДАТА УСВОИ МИСЛЕЊЕ ЗА АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 11 ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ, 3 декември 2019 г.
  3. https://kanal5.com.mk/pretsedatelot-pendarovski-potpisha-ukazi-za-proglasuvanje-na-21-zakon/a376731
  4. Указ. Дигитален речник н https://meta.mk/site-abolitsii-vo-nezavisna-makedonija-ivanov-gi-nadmina-trajkovski-i-tsrvenkovski/[мртва врска] а македонски јазик
  5. https://www.wipo.int/edocs/lexdocs/laws/mk/mk/mk014mk.pdf
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-03-20. Посетено на 2020-03-20.
  7. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-03-20. Посетено на 2020-03-20.
  8. https://akademik.mk/pretsedatelot-ivanov-ne-go-potpisha-zakonot-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/
  9. https://akademik.mk/pretsedatelot-pendarovski-proglasi-vonredna-sostojba/
  10. http://ustavensud.mk/?page_id=4641
  11. "decree-law" in the Random House Dictionary.
  12. "decree-law" in the Merriam-Webster Dictionary.
  13. West's Encyclopedia of American Law (2d ed. 2008).
  14. Law.com.
  15. Black's Law Dictionary Free Online Legal Dictionary 2d ed.
  16. Cornell Law School, Legal Information Institute.

Библиографија уреди

  • Орган на извршната уредба, M.он М. Кери и Метју Соберг Шугарт, Едс., Универзитетскиот центар за Кембриџ, 1998,  

Надворешни врски уреди

Сите надворешни страници на француски, освен ако не е поинаку наведено.