Дебора Тепер Хаимо

Дебора Тепер Хаимо (1 јули 1921-17 мај 2007) — математичарка од Украина и Палестина, која станала претседател на Математичкото Здружение на Америка (МАА).[1] Нејзиното истражување се однесувало на "класична анализа, особено, генерализации на топлинската равенка, посебни функции и хармониска анализа".[2]

Образование и кариера уреди

Хаимо е родена на 1 јули 1921 година во Одеса. По неколку години живот под британски мандат во Палестина, нејзиното семејство се преселило во САД, кога таа имала 11 години. Таа го посетувала Женското латинското училиште во Бостон,[3] и за првпат се воодушевила од математиката во нејзината втора година на студии, кога ја проучувала Евклидовата геометрија.[4] Кога влегла на Редклиф колеџот,[3] започнала да студира физика, бидејќи сметала дека со студирањето математиката можела да стигне само до училиштен наставник, а во тоа време наставниците биле отпуштани штом ќе стапат во брак. Сепак, нејзините искуства со непознатите влијанија на околината врз експериментите по физика ја вратиле назад во математиката, каде што "имаме контрола врз нашите претпоставки".[4] Како додипломец од висока класа во Редклиф, Хаимо можела да се запише на курсевите по математика на Харвард колеџот.[3] Како нејзини инструктори таму биле вклучени Хеслер Витни и Саундерс Мек Лејн, и на еден од овие часови таа се запознала со нејзиниот иден сопруг, Френклин Тепер Хаимо.[2] Дипломирала во 1943 година на Редклиф, и тоа и со диплома и со магистратура по математика.[3]

Потоа, Хаимо работела како инструкторка по математика во низа од институции: Лејк Ери колеџот, Североисточниот универзитет, Вашингтонскиот универзитетот во Сент Луис и Јужниот Илиноис универзитет. За тоа време, таа исто така, подигнала семејство од пет деца. По десетгодишна пауза во нејзиното образование, таа се вратила на дипломски студии, додека предавала на Универзитетот во Вашингтон и Јужен Илиноис универзитетот,[3] а докторатот го завршила на универзитетот Харвард во 1964 година. Нејзината дисертација, под надзор на Дејвид Вајдер, со дополнително неофицијално менторство од страна на Исидор Ајзак Хиршман Јуниор од Вашингтонскиот универзитетот, била Интегрални Равенки Поврзани со Хенкеловите конволуции.[3][5]

По завршувањето на докторатот, таа била промовирана во факултетски член со редовен ранг во Јужен Илиноис. Се преселила на универзитетот Мисури-Св. Луис во 1968 година, и наскоро станала раководител на одделот.[3] Таа била претседател на МАА во 1991-1992 година, станувајќи трета жена претседател на МАА по Дороти Луис Бернстајн и Лида Барет.[6] За време на нејзиниот мандат како претседател, таа создала награда за настава, ја реорганизирала структурата на комитетот на МАА и работела на унапредување на жените во математиката.[1][2] Се пензионирала во 1992 година и се преселила во Ла Џола, Калифорнија,[3][1] каде што била назначена за гостински научник на универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.[2] Починала на 17 мај 2007 година.[3][1]

Награди и признанија уреди

Френклин и Маршал колеџот на Хаимо и доделил почесен докторат во 1991 година. На Хаимо и била доделена Ју-Џин Ганг и Д-р Чарлс Ј. Ху наградата за еминентната работа во МАА во 1997 година.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Deborah Tepper Haimo, 1991–1992 MAA President, Mathematical Association of America, Посетено на 2017-10-28
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Lacampagne, Carole B. (February 1997), „Yueh-Gin Gung and Dr. Charles Y. Hu Award for Distinguished Service to Deborah Tepper Haimo“, The American Mathematical Monthly, 104 (2): 97–98. Reprinted by Riddle.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Riddle, Larry, „Deborah Tepper Haimo“, Biographies of Women Mathematicians, Agnes Scott College, Посетено на 2017-10-28
  4. 4,0 4,1 „Deborah Tepper Haimo, University of Missouri at St. Louis“, In Her Own Words: Six Mathematicians Comment on Their Lives and Careers, Notices of the American Mathematical Society, 38 (7): 702–706, September 1991, Архивирано од изворникот на 2016-10-14, Посетено на 2018-12-25
  5. Дебора Тепер Хаимо at the Mathematics Genealogy Project
  6. Murray, Margaret A. M. (2001), Women Becoming Mathematicians: Creating a Professional Identity in Post-World War II America, MIT Press, стр. 241, ISBN 9780262632461