Дебелото црево (латински: intestinum crassum) е дел од системот за варење кој се надоврзува на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од тенкото, има поголем пречник. Се диференцира на 3 дела:

Дебело црево
Податоци
АртеријаSuperior mesenteric, Inferior mesenteric and Iliac arteries
Лимфаinferior mesenteric lymph nodes
Назнаки
Латинскиintestinum crassum
TAA05.7.01.001
FMAFMA:7201

Дебелото црево е мускулно лигавичен цевчест орган и претставува завршен дел од системот за варење. Неговата должина изнесува околу 1,5 метри. Започнувајќи од десната бедрена јама дебелото црево формира рамка околу витките од тенкото црево. На дебелото црево се разликуваат три дела: слепо црево, сито црево и право црево.

Слепото црево долго околу 8 cm. Во него завршува тенкото црево со илеоцекалниот отвор (ostium ileocecale). На отворот се наоѓа илеоцекален залосток изграден од две лигавични дипли. Залистокот го затвора отворот спречувајќи го враќањето на цревната содржина од дебелото во тенкото црево. На слепото црево е придодаден еден слеп црволик израсток (appendix vermiformis) погрешно означен како “слепо црево”. Дожината на апендиксот е променлива, но најчесто 7–8 cm.

Ситото црево според патот и местоположбата се дели на четири дела: нагорен колон (colon ascendens), напречен (colon transversum), надолен (colon descesens) и сигмоиден колон (colon sigmoideum). Меѓу нагорниот и трансферзалниот колон се наоѓа десен агол или флексура, а меѓу напречниот и надолниот колон се наоѓа лева количина флексура. Нагорниот и надолниот колон се неподвижни и сраснати за задниот стомачен ѕид, додека напречниот и сигмоидниот колон се слободни и подвижни.

Анусното црево се наоѓа во малата карлица и тоа пред крстната и тртничката коска. Неговата должина изнесува 12 до 15 cm. Крајниот дел од ректумот завршува со анус (anus). Кружниот слој од мускулатурата на ректумот над анусот гради внатрешен сфинктер инервиран од симпатички влакна. Околу него се наоѓа еден напречно пругаст мускул, тоа е надворешен сфинктер на анусот.

Во завршниот дел од ректумот се наоѓаат венски сплетови. Вените честопати се прошируваат во хемороидални јазли коишто крварат. На површината од дебелото со исклучок на ректумот се забележуваат три надолжни ленти или тении изградени од надолжниот мускулен слој. Меѓу нив се наоѓаат проширувања налик на ќесиња (haustrae coli). Лигавицата од дебелото црево формира напречни полумесечести дипли. Таа е мазна и нема цревни ресички.

Функција на дебелото црево уреди

Варење и репсорпција на храната речиси во потполност се остварува во тенките црева. Црвениот сок од дебелото црево не содржи ферменти. Главната компонента му е муцинот, а електрохемиската реакција му е алкална.

Во почетниот дел на дебелото црево делумно се одвива варење на недоварените производи под влијание на ферментите што дошле со химусот од тенкото црево. Во исто време, тука завршува и ресорпцијата на минималните количини на гликозата, аминокиселините, масните киселини и глицеролот.

Дебелото црево се одликува со богата црвена флора која во нормални случаи не му пречи на човекот. Црвените бактерии со своите ензими ги разградуваат белковините, јаглехидратите и нивните деградациони производи при што во дебелото црево се создаваат гасови: јаглерод диоксид, водород, сулфурводород, метан, азот и токсичните материи: индол, скатол, амонијак и др. Најголем дел од овие материи се елиминираат од организмот, а еден дел се ресорбираат и неутрализираат од страна на хепарот.

Цревните бактерии учествуваат во разградбата на целулозата. Некои од нив се одговорни за синтеза на витамините, како што е случај со витаминот К.

Движења на дебелото црево уреди

Со перисталтичните движења химусот преку илеоцекалната валвула се префрла во дебелото црево. Долж дебелото црево химусот се движи по пат на пендуларните и перисталтичните движења. Движењата се бавни, а со тоа се објаснува и долгото забавување на остатоците од храната во дебелото црево. Дебелото црево е инервирано од вегетативноит нервен систем (симпатикус и парасимпатикус).

Ресорпција на дебелото црево уреди

Дебелото црево од функционална гледна точка може да се подели на два дела. Во почетниот, проксимален дел од дебелото црево се одвива ресорпција на вода и електролити, дисталната половина служи за депонирање на фекалните маси пред да бидат исфрлени во надворешната средина со актот на дефекација.

Натриумовите јони се ресорбираат по пат на активен транспорт. Настанатите промени со електричниот потенцијал ги повлекуваат и хлорните јони од празнината на дебелото црево. Тоа предизвикува создавање на разлика во осмотскиот притисок меѓу цревната празнина и цревната лигавица, па затоа водата го следи патот на натриумовите и хлорните јони. На тој начин се остварува ресорпција на водата од дебелото црево. Ресорбираните материи влегуваат во портален крвоток.

Лигавицата на дебелото црево лачи бикарбонатни јони во цревната празнина. Бикарбонатите вршат неутрализација на киселите производи во химусот настанати од активноста на цревните бактерии врз хранливите производи во химусот.

Во почетниот дел на дебелото црево под влијание на цревната флора се создаваат следниве витамини: витаминот К, витаминот Б12, тиаминот и рибофлавинот.

Создавање на гасови во дебелото црево е резултат на активноста на цревните бактерии.

Дигестија во дебелото црево уреди

Дигестијата и ресорпцијата на храната завршуваат во дебелото црево. Во отсуство на ензими во цревниот сок од дебелото црево, активна е цревната микрофлора која ги разградува несварените состојки од храната. Како последица се ослободуваат гасови (јаглерод диоксид, сулфур, водород, метан, азот и токсични материи, како амонијак скатол итн.). Одделни видови на бактерии учествуваат во биосинтезата на витамините К, B12, B2 и B1). При долготрајна терапија со антибиотици, оваа флора може да се уништи, што е негативна последица.

Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните микроорганизми се формира фецесот. Во него понекогаш можат да се најдат и цревни паразити. Тој се отстранува од организмот преку контракцијата на мазните и напречно-пругавите мускули со процесот дефекација.

Апсорпција во дебелото црево уреди

Активна апсорпција на натриум, хлориди и вода уреди

Слузницата на дебелото црево може активно да апсорбира натриум. Отстранувањето на натриум од луменот на цревото создава силен електричен потенцијал на мембраната, кој предизвикува да од цревото во интерстицијската течност поминат и хлориди и други негативни јони. Заради тој механизам многу малку натриумов хлорид се губи во фецесот. Апсорпцијата на натриум и хлорид предизвикува осмотска апсопција на вода, така да, и малку вода се губи во фецесот. Општо земено, во фецесот заостануваат во најголема мера нетопив калциумов фосфат, но и тој заостанува само во умерена количина. Столицата покажува тенденција да содржи и голема концентрација на бикарбонати, бидејќи доста слабо се апсорбираат големи молекули на бикарбонатни јони низ слузницата; во тоа се разликува од хлоридот кој со леснотија се апсорбира. Неапсорбираниот бикарбонат предизвикува надворешната површина на фекалните маси да биде алкалична, додека во внатрешноста на фецесот заради бактериски активности обично развива киселост.

Бактериска активност во колонот уреди

Во деловите од колонот каде се врши апсорпција има многу бактерии, особено B. coli. Тие можат да сварат мала количина на целулоза, па на тој начин да можат да го осигураат нивниот организам со неколку калории дневно. Во човекот тоа е толку малку, па може да се занемари, но во хербиворните животинки тој извор на енергија понекогаш е многу значаен. Витаминот К, витаминот B12, тиамин, рибофлавин и различни гасови, кои го формираат, ако не цел, тогаш добар дел од флатусот (прдеж) кој се создава во колонот, а има и други супстанции кои настануваат како последица од бактериска активност. Особено е важен витаминот K, бидејќи количината на тој витамин во конзумираната храна во нормални околности е недостатна за да коагулацијата на крвта се одржува адекватно.

Состав на фецесот уреди

Фецесот нормално се состои од околу 75% вода, а преостанатите 25% е груб материјал кој се состои од 30% мртви бактерии, 10 до 20% масти, 10 до 20% аноргански состојки, 2 до 3% белковини од нив околу 30% се несварени груби остатоци на храна или сосушени состојки на сварливи сокови, како што се жолчни пигменти или клеточен дебрис (мртво ткиво). Голема количина на масти доаѓа од неапсорбираната масна киселина од храната или од мастите кои ги создаваат бактериите.

Кафената боја на фецесот е заради стеркобилинот и уробилинот кој доаѓа од билирубенот. Смрдеата ја предизвикуваат главно производите на бактериската активност; оваа се разликува од човек до човек, а тоа зависи од тоа каква е чија бактериската флора во колонот и од видот на храната која се конзумира. Одориферни производи за кои станува збор се: индол, скатол, меркаптани и сулфуроводород.

Наводи уреди

Arthur C. Guyton, M.D. - Учебник по медицинска физиологија.