Дебрца

историско-географска област во Македонија
(Пренасочено од Дебарца)
За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница

Дебрца или Дебарца — етногеографска и историска област во Западна Македонија, северно од Охрид и југозападно од Кичево. Областа Дебрца го опфаќа најголемиот дел од територијата на Општина Дебрца.[1]

Дебрца на картата на Македонија (во црвено)

Етимологија на името уреди

Досега во науката не постојат точни податоци за потеклото на името Дебрца. Повеќе стари дебрчани искажувале различни преданија за потеклото на името. Најверојатно најблиску до вистината е кажувањето на Јонче Попоски од Велмеј, според кој името на областа дошло од некогашниот град Дебрец кој постоел во средна Дебрца. Различни автори оваа област ја именувале со следните имиња: Ј. Г. Хан оваа област ја завел како Дебертза, Спиридон Гопчевиќ името на областа го завел како Дебрза, Кузман Шапкарев името на областа го завел според денешното име Дебрца.[2]

Географски одлики и поделба на Дебрца уреди

Дебрца е котлински предел кој на запад е ограден со падините на планините Стогово и Караорман кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со падините на планините Славеј Планина, Илинска Планина и Плаќенска Планина кои ја одделуваат од областа Железник (Демир Хисар), додека пак на север е отворена кон Кичевската котлина и областа Копачка, а на југ е отворена кон Охридско-Струшката котлина. Областа Дебрца се дели на три под-области Горна Дебрца со главно место Сливово, Средна Дебрца со главно место Издеглавје и Долна Дебрца со главно место Белчишта.[3] Главна водена артерија низ областа која протекува низ средишниот и јужниот дел на областа е реката Сатеска, која е притока на Црн Дрим и е дел од јадранскиот слив.

Население и села во Дебрца уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19008.510—    
19059.502+11.7%
19179.824+3.4%
192110.652+8.4%
194812.264+15.1%
195312.896+5.2%
ГодинаНас.±%
196111.342−12.1%
19718.570−24.4%
19816.098−28.8%
19914.098−32.8%
19943.354−18.2%
20022.940−12.3%
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[4]

Во областа Дебрца живеат 2.940 жители од кои повеќето се Македонци. Како и многуте македонски региони, така и Дебрца во втората половина на XX век беше зафатена од големите миграциони процеси па до денес има константно намалување на своето население. Населението на Дебрца скоро отсекогаш било македонско и христијанско, само во селото Песочани еден период живеело муслиманско население кое потекнувало од Албанци и исламизирани Македонци.[5][6]

Во составот на областа Дебрца влегуваат селата од северниот и средишниот дел на Општина Дебрца - Долна Дебрца (т.е. поранешната Општина Белчишта). Во областа Белчишта влегуваат следниве села: Арбиново, Лактиње, Годивје, Врбјани, Сливово, Турје, Мраморец (во Горна Дебрца), Сошани, Оздолени, Слатински Чифлик, Слатино, Издеглавје (во Средна Дебрца), Ботун, Црвена Вода, Песочани, Ново Село, Белчишта, Злести, Лешани, Брежани, Велмеј, Грко Поле, Горно Средоречие и Долно Средоречие (во Долна Дебрца).[7]

Населени Места 1900 1905 1917 1921 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Арбиново 280 320 303 395 410 411 311 195 137 43 32 26 12
Белчишта 650 752 770 850 989 1.122 1.203 788 615 620 489 437 297
Ботун 370 400 398 415 523 569 526 453 303 305 212 227 163
Брежани 560 640 876 698 742 742 547 425 198 54 56 31 15
Велмеј 700 784 698 949 1.186 1.257 1.217 1.091 912 639 582 511 260
Врбјани 480 640 705 712 803 879 649 371 229 129 106 58 32
Годивје 500 576 690 658 745 736 637 480 267 151 104 92 27
Горно Средоречие 100 56 15 53 175 297 161 140 80 59 38 14 7
Грко Поле 20 48 58 39 60 59 52 63 55 37 27 30 14
Долно Средоречие 72 32 38 65 111 ... ... 70 71 66 55 57 43
Злести 530 520 534 720 701 721 680 552 504 369 333 294 168
Издеглавје 200 224 275 241 471 529 566 445 339 176 150 136 44
Лактиње 480 560 540 615 574 641 537 365 203 123 93 82 54
Лешани 450 480 488 496 709 752 769 703 706 588 472 484 310
Мраморец 500 536 548 749 657 609 346 132 60 19 15 8 4
Ново Село 18 68 40 45 201 210 241 176 184 142 92 68 39
Оздолени 200 216 285 257 417 462 409 325 185 95 79 47 14
Песочани 360 / 437 552 294 358 355 268 159 126 106 95 74
Слатино 960 1.040 860 778 957 1.016 948 800 547 218 204 161 65
Слатински Чифлик 40 40 60 55 132 140 124 92 48 17 14 11 2
Сливово 400 480 420 476 489 463 332 194 70 35 24 16 5
Сошани 30 24 52 57 108 99 112 111 80 24 18 15 2
Турје 320 456 419 417 492 493 338 205 87 38 36 17 4
Црвена Вода 290 320 315 360 318 331 282 127 57 25 17 23 10

Највисоката бројка на население областа Дебрца ја имала во 1953 година, кога броела 12.896 жители. Од таа година, до последниот попис во Македонија во 2002 година, населението на Дебрца е намалено за 77,2 %, или за 9.956 жители.

 
Карта на општина Дебрца со селските атари.

Раселени села во Дебрца уреди

Денес во Дебрца има 24 села, од кои некои пред целосно изумирање (Мраморец, Сливово, Турје, и др.). Но во минатото во Дебрца постоеле многу повеќе села, од кои некои биле многу значајни, од кои секако може да се издвојат Радомирово и Зглавица, овие две села имале преку 100 домаќинства. Денес не постојат следните села:

  • Сатеска: ова село се спомнува во пописниот дефтер од 1582, припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, имало вкупно 25 жители и било едно од помалите села во дебрчката нахија, селото се наоѓало во атарот на селото Ботун, кога и како исчезнало ова село не постојат точни податоци.
  • Леска: Ова село постоело некаде кај Лешани и Злести. Селото не се спомнува во пописниот дефтер од Охридскиот Санџак во 1582, но за селото имаат предание жителите на селата Лешани и Злести, села каде што живеат потомците на иселените жители на селото Леска, а според преданието селото исчезнало некаде во 18 век.
  • Раштани: ова село постоело на границата помеѓу селата Ботун и Злести. Жителите на селото Злести во местото каде што постоело селото Раштани, пронашле камена плоча на која била заведена годината 1450, плочата подоцна била пренесена во охридскиот музеј,[5] ова исчезнато село се спомнува и во 1582 во пописот во охридскиот санџак, припаѓало во нахијата Дебрца, имало вкупно 88 жители, кога исчезнало селото еден дел од населението на селото се иселило во кичевското село Раштани, точно кога се случило тоа не се знае.[5]
  • Мацково: ова било мало село, постоело северозападно од селото Песочани, не се спомнува во пописот од охридскиот санџак во 1582 година, па веројатно е настано подоцна. По населувањето на албанците во селото Песочани, крајот на 18ти, почетокот на 19 век, населението постепено почнало да се иселува од ова село, денес е познат само родот Мацковци (од кој потекнува познатиот писател Ванчо Николески), тие од селото Мацково се иселиле околу 1860 година.[5]
  • Радомирово: било едно од најголемите села во Дебрца, постоело северозападно од селата Црвена Вода и Песочани, на самата граница со областа Малесија, се наведува дека имало околу 500 домаќинства. Селото според преданието го добило името по Гаврил Радомир, селото пропаднало во првата половина на 19 век, кога од селото се иселиле последните жители. Денес е познат родот Грбаковци, кој се иселил во селото Лешани околу 1840 година.[5]
  • Јаорец: селото било на границата помеѓу селата Велмеј и Брежани. Во 1582 година било заведено како Јаворче, со 18 христијански домаќинства, преку селото Јаорец водел патот во правец, Дебар-Долна Дебрца-Демир Хисар-Битола. На крајот од 18 век поради некоја причина Турците го запалиле селото, па така едни избегале во кичевското село Јаворец (Милошевци, Трајановци и Илијовци), втори во Велмеј (Иљовци и Андревци), а трети во селото Брежани (Десановци и Цветковци).[5][6]
  • Зглавица: северозападна од селото Издеглавје, постоело селото Зглавица, според народната традиција селото имало околу 500 домаќинства, што го правело најголемо село во Дебрца. Ова село било средишно место во областа Дебрца, исто така се наведува и дека било главно место во климентовата Кутмичевица. Кога точно пропаднало селото Зглавица не се знае, но се знае дека од Зглавица има иселеници во селото Издеглавје (Тувчевци, Трповци, Куловци, Милевци, Гавриловци, Игларовци, Стојановци, Паунковци, Николовци и Србиновци). Иселеници има и на други места.[5]
  • Манастирец, Жежница и Петрчани: ова биле мали села кои постоеле во атарот на селото Врбјани, Манастирец пропаднал уште во 18 век, за Жежница кога пропаднало нема точни информации, додека највеќе се сочувани информации за селото Петрчани. Петрчани било 3км североисточно од селото Врбјани, прв помен за селото е во 1582 година, припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, и имало 79 жители. Селото сè до 1863 било македонско кога во селото се населиле Черкези, тие биле многу лоши, вршеле големи зулуми, убиле некоја девојка што одела на патот Кичево-Охрид, потоа земале некоја девојка од селото Гари, и ја исламизирале. Поради сет терор кој го вршеле, Македонците од селата Врбјани, Годивје и Сливово се здружиле и го уништиле селото, при што убиле многу Черкези по што земјата од селото ја поделиле помеѓу себе. Некои Черкези што се спасиле пребегнале во дебарско, при што и денес постојат муслимани со презимето Черкези во околината на дебар. Некои од денешните родови во селото Врбјани (Патниковци, Анѓелевци, Ќемаловци, Радевци, Поповци, Вретовци, Савевци, Муратовци, Мушевци, Шамалевци и Пејовци) живееле во наведените три раселени села.[5]
  • Војово: се наоѓало во атарот на селото Годивје, на падините на планината Караорман. Селото изчезнало кон средината на 18 век, кога после пустошењето на Годивје, кога пропаднало старото Годивје еден дел од населението се иселило во прилепско, по што денешното Годивле го обновиле доселеници од раселеното село Војово, така во Годивје постојат следните родови доселени од Војово: Чараповци, Секуловци, Попаѓовци, Јаковчевци, Шутаровци, Деспотовци, Бачовци, Станковци, Дојчиновци, Шипинковци и Коруновци.[5]
  • Белче: селото се наоѓало на патот Сливово-Мраморец, но во атарот на селото Мраморец, селото пропаднало пред повеќе од 300 години, при што населението избегало на разни страни, некои се скриле во Мраморец, други отишле во Туин, па се вратиле назад, а трети отишле во селото Белче, демирхисарско, четврти во Сливово (Белчевци).[5][6]
  • Брест: селото се наоѓало источно од селото Оздолени, крај патот Издеглавје-Слатино. Тоа село поради некоја причина пропаднало, па еден дел од жителите пребегнале во селото Оздолени (Шишковци, Богдановци, Трпчевци и Смилевци).[5]


Историја уреди

 
Поглед кон село Брежани

Областа Дебрца е позната и под името Славна Дебрца поради своето славно минато исполнето со хероизам и борба за слобода на Македонија. Уште во периодот на турското ропство во Дебрца крстосувале многу ајдутски и комитски чети. Во времето на ајдутството, пред организираниот вооружен и револуционерен отпор на македонскиот народ, во почетокот и средината на XIX век во оваа област живеел и дејствувал Кузман Капидан, македонски народен јунак и војвода, опеан во народните песни, но и песните на Григор Прличев. Во времето на организираниот револуционерен отпор кон крајот на XIX и почетокот на XX век, во Дебрца многу често престојувал и охридскиот војвода Христо Узунов. Токму Дебрца, била најсилното жариште во Охридско, во времето на Илинденското востание во 1903 година. Многупати селата во Дебрца биле недостапни за турските арачлии поради што многу од селата повеќепати претрпувале палења и горења до темел (пр. Сливово и Мраморец).

Арбиновска битка уреди

На само неколку месеци пред Илинденското востание, односно на 28 март 1903 се одвила Битката кај Арбиново. Иистиот ден Дејан Војвода бил во своето родно село Лактиње, потоа со четата заминал во село Врбјани, каде што издал наредба да се избрка од селото полјакот Турчин, а потоа ги учел врбјанци да ракуваат со оружје. Истото тоа го направил и во селото Годивје. Од Годивје тргнал за Арбиново, потоа кога влегол со четата во Арбиново полјакот Турчин ги забележал, селаните и тука му наредиле на Турчинот да си отиде. Тој заминал тогаш за Издеглавје, каде што имало 8 души аскер, и 20 души заптии. Тогаш мудуринот соопштил во блиското муслиманско село Песочани, и со ред по чифлиците каде имало Турци (Слатински Чифлик, Сошани, Оздолени), и се собрале до 100 души башибузук, и илјада души аскер и заптии и ноќта го опколиле селото Арбиново. Во селото Арбиново со Дејан Војвода во тој момент биле: Ташко Арсов, Ламбе Дојчинов, Сандре Џико сите од Охрид, Стојан Караџа од Годивје, Иван Савевски, Дабе Христов и Ѓурчин сите од Слатино, Кочо Иванов од Арбиново, Крсте Димуш од Сливово, Наум Илиев од Издеглавје, и Бимбил и уште двајца браќа од Лактиње. Тие биле отседнати во три-четири куќи кај поистакнати рбинци (арбинци). Опсадата ја откриле во полноќните часови, и се разделиле во групи и се обиделе да се пробијат низ обрачот на аскерот, користејќи ја темнината, тогаш Дејан Војвода отворил оган на аскерот при што паднале неколку Турци, а во тоа време на помош на неговата чета почнале да доаѓаат селани од околните села, од Лактиње 20 души, од Годивје 16, од Врбјани 23, од Сливово 15, од Мраморец 30, од Турје 10. Од кај месноста Солишта собраните сили го нападнале аскерот од западната и северната страна. Од кај источната страна нападнале слатинци. Во меѓувреме и на опколените Турци им дошла помош од околу 200 души башибузук од кај селото Велмеј, борбата станувала неизвесна. И тогаш на македонските чети им пристигнал на помош кичевскиот војвода Арсо Мицков со 80 души од околните кичевски села (од Копачка), Турците биле тогаш разбиени и морале да се повлечат, по што победиле четите на ВМОРО. Но неколку дена по оваа битка Турците повторно се вратиле назад и ги запалиле сите села во Дебрца, и забрале 218 селани за Дијарбекир. По овој настан е сниман и филмот Најдолгиот Пат, како и настаната песната „Гори Балкан“.[8]

Последици од Илинденското Востание во Дебрца уреди

Населението во Дебрца за време на Илинденското Востание, масовно земало учество, па така поради силната активност многу села настрадале,биле запалени до темел, а било убиено и доста невино население. Запалени биле следните села:

  • Белчишта запалени биле 112 куќи, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.
  • Брежани запалени биле 98 куќи, 6 воденици, 1 црква и 1 училиште.
  • Велмеј запалени биле 104 куќи, 27 кошари и плевни, 3 воденици, 2 црквци и 1 училиште.
  • Врбјани запалени биле 89 куќи, 215 кошари и плевни, 5 воденици, 1 црква и 1 училиште.
  • Годивје запалени биле 98 куќи, 160 кошари и плевни, 6 воденици, 2 цркви и 1 училиште.
  • Долно Средоречие запалени биле 6 куќи.
  • Злести запалени биле 77 куќи, 93 кошари и плевни, 1 воденица и 1 црква.
  • Лактиње запалени биле 95 куќи, 120 кошари и плевни, 6 воденици, 2 цркви и 1 училиште.
  • Лешани запалени биле 77 куќи, 3 воденици, 1 црква и 1 училиште.
  • Мраморец запалени биле 84 куќи, 228 кошари и плевни, 9 воденици, 1 црква и 1 училиште.
  • Оздолени запалени биле 25 куќи, 2 цркви и 1 училиште.
  • Слатино запалени биле 140 куќи, 13 воденици, 2 цркви и 1 училиште.
  • Сливово запалени биле 70 куќи, 93 кошари и плевни, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.
  • Турје запалени биле 64 куќи, 57 кошари и плевни, 1 воденица, 1 црква и 1 училиште.
  • Црвена Вода запалени биле 52 куќи, 38 кошари и плевни, 3 воденици, 1 црква и 1 училиште.

Запалени биле и селата Сошани,Ботун и Арбиново, но не е познато што се е запалено, и колку куќи.[9]

За време на востанието од Дебрца е убиено и многу невино население, убиени се следните жители од различни села во Дебрца

  • Од Белчишта се убиени следните жители: Јаќим Христов, Хр. Митрев, Стојан Павлев, Нејко Наумов, Вељан Сиљанов, Карафил Костев, Целе Шакирев, Миле Петрев, Тане Митрев, Триф. Танев и Андон Ѓеоргиев.
  • Од Ботун се убиени следните жители: Сп. Волканов, Стојан Богданов, Хр. Петрев, Христана Петрева, Косте Апостолов, Цв. Јончев, Наум Нацев, Пет. Митрев, Ленка Костова, Ст. Костов, Спаса Паункова и Андон Стефанов.
  • Од Издеглавје се убиени следните жители: Миле Смилев, Спиро Блажев, Лазар Сотиров и Крсте Шулев.
  • Од Мраморец се убиени следните жители: Спасе Василев, Хр. Матев, Трајче Димитров, Голаб Максимов, Ст. Тасев, Гркинка Сотирова, Крстаница Стојчева, Кофил Павлев, Јанаќија Николова, Стојан Иванов, Здраве Христов, Настов, Стојан Матев и Серафим Крстев.
  • Од Турје се убиени следните жители: Јанко Ѓорев, Крстина Милошова и Алеко Петрев.
  • Од Годивје се убиени следните жители: Димо Аврамов-Попаѓоски, Угрин Филипов, Саве Шоков, Угриница Филипова, Јонче Андрев, Сим. Петров, Ѓурчин Кузманов, Стана Стојкова и Наум Савев.
  • Од Лактиње се убиени следните жители: Вељан Камберов, Андре Митрев и Стојан Тодоров.
  • Од Велмеј се убиени следните жители: Ст. Корунов, Ст. Ѓоргиев, Сиљан Котев, Мито Иловски, Петре Илевски, Чаче Трајчев, Саве Србинов, Митре Андрев, Насто Глигоров, Иван Славковски, Срб. Ангелев, Хр. Крстанов, Јон Церанин, Јон Караблажев и Пера Илова.
  • Од Лешани се убиени следните жители: Цв. Џепинков, В. Ангелица, Наум Шокаров, Кр. Стефанов, Хр. Трајков, Свештеник Васил. п .Ангелов, Коте Мучов и Милуш Николов.
  • Од Злести се убиени следните жители: Сиљана Андрева, Косте Цоков, Јончо Јосифов, Јордан Тасев, Јосиф Јончев, Ил. Марков, Насте Рамаевски, Кузман Локовски, Томе Кузманов и Трена Јонова.
  • Од Брежани се убиени следните жители: Илија Миленков, Војдан Крстанов, Стојан Крстев и Наум Радев.
  • Од Грко Поле е убиен: Јончо Лукачовски.
  • Од Сливово е убиен: Андре Стефанов.
  • Од Оздолени е убиена: Трифуница Миовска
  • Од Сошани е убиен: Димо Влавчев
  • Од Арбиново се убиени следните жители: Анѓелица, Јанкула Стамболџијата, Неде, Ристе Андрев Тошески и Стојна Тошеска.
  • Од Врбјани се убиени следните жители: Наум Сиљанов, Митре Марков, Кр. Смилев, Најденица и Илинка Стефова
  • Од Црвена Вода се убиени следните жители: Хр. Трајчев, Китанов, Беле Цветков, Арсе Божинов и Јане Марков.
  • Од Слатино се убиени следните жители: Неде Христов, Јон Петрев, Огнен Мојсов, Ѓурѓа Секулова, Дамјан Стојков Кита Димитрова, Вељан Котев, Стојан Томев, Темелко Јанкулов, Димо Угринов, Јон Томев, Дабе Христов, Ѓорги Трпчев, Крстан Божинов и Спаса Илиова.[10]

Дебрчани во македоно-одринското ополчение уреди

Дебрчани учествувале во Балканските војни, и биле дел од македоно-одринското ополчение, и тоа, од:

  • Арбиново: Никола Ѓоргиев, Крсте Димов, Милан Димов, Коста Иванов, Темелко Наумов, Гене Петков, Бимбил Сиљанов, Стефан Христов и Стојко Цветанов.
  • Белчишта: Стојан Блажев, Христо Блажев, Никола Дојчинов, Христо Дулов, Фанко Јорданов, Коста Калушев, Секула Николов, Матеј Серафимов, Стефан Сиљанов и Јордан Трпчев.
  • Ботун: Стојан Ѓоргиев, Ѓорги Димов, Ѓорги Карафилов и Ванчо Наумов.
  • Брежани: Димитар Јонов, Андон Китанов, Танаско Костов, Наум Кочоров, Христо Наумов, Саве Поп-Наумов, Стојан Танасков, Наум Цветков и Никола Јанев.
  • Велмеј: Христо Билбилов, Стојан Војдинов и Русе Тодоров.
  • Врбјани: Јонче Алексов, Христо Анастасов, Стојан Вељанов, Стојан Ѓурчинов, Стојан Димитров, Блаже Иванов, Димо Иванов, Крсте Иванов, Павле Иванов, Петар Иванов, Темелко Иванов, Иван Илиев, Стојан Исијанов, Дејан Јончев, Здраве Јончев, Миладин Матев, Аврам Матов, Тане Најдев, Серафим Наумов, Костадин Петров, Трендафил Петров, Арсо Симеонов, Трајан Симеонов, Здраве Ставрев, Стефан Стефанов, Димо Трајков, Лазар Трајчев, Спасе Трајанов, Стаме Тренев, Павле Христов, Петар Христов, Рафаил Христов и Стојан Шијаков.
  • Годивје: Стојан Ѓоргиев, Јанаќи Ѓоргиев, Паунко Корунов, Илија Наумов, Паунко Новев, Вељан Стојанов, Никола Трпчев и Ѓорги Цветанов.
  • Злести: Ламбе, Најден Несторов, Ѓорги Новев, Ламбе Новев, Стојан Новев и Христо.
  • Издеглавје: Атанас Влчев, Иван Илиев, Наум Илиев, Христо Јончев, Бимбил Лулев, Александар Мојсов, Мицко Николов, Русе Николов, Санде Сиљанов и Христо Јаќимов.
  • Лактиње: Петар Вељанов, Рафаил Вељанов, Сандо Вељанов, Серафим Вељанов, Фанче Вељанов, Смиле Војданов, Стефан Донев, Анастас Костов, Иван Костов, Илија Костов, Стојан Миладинов, Иван Николов, Коста Сарафов, Костадин Тодоров и Наум Христов.
  • Лешани: Иван Јосифов, Гине Милотинов, Петар Николов, Стефан Петров, Ангел Поп-Василев, Никодим Сиљанов, Ламбе Симеонов и Целе.
  • Мраморец: Ѓенко Андонов, Стојан Андреев, Спасе Божинов, Марко Велев, Мицко Велев, Костадин Гаврилов, Сиљан Ѓоргиев, Михаил Грозданов, Никола Дамјанов, Иван Дериволов, Стефан Димитров, Матеј, Миле Настев, Стојан Настов, Ѓорги Недев, Никодим, Григор Николов, Димитар Сиљанов, Божин Спасов, Крсте Стојанов, Цветко Стојанов и Трајко Јаков.
  • Оздолени: Темелко Блажев, Петар Милев, Робе Митрев, Атанас Најденов, Бимбил Наумов и Сиљан Пупанов.
  • Слатино: Никола Аврамов, Стефан Ангелов, Видан, Стојан Голчев, Никола Иванов, Темелко Ламбев, Цветко Неделков, Спасе Николов, Христо Николов, Ѓорги Поп-Ангелов, Нане Сучков и Велко Христов.
  • Сливово: Златан Борисов, Ѓорги Ванков, Климе Ванков, Стојан Гаврилов, Христо Дејанов, Мино Димитров, Недан Димитров, Недо Димитров, Ташко Димитров, Климе Иванов, Коста Иванов, Милуш Иванов, Михаил Иванов, Сиљан Иванов, Бимбил Крстев, Каранфил Крстев, Димко Милошев, Ѓорги Најденов, Исијан Настев, Ѓорги Наумов, Мицко Наумов, Ставре Софков, Трајче Софков, Трајко Стефанов, Цветко Стефанов, Трифон Стојанов, Алексо Трајков, Каранфил Трајков, Андреј Трпчев, Вељан Трпчев, Трајко Фанков, Антон Христов, Мице Христов, Паунко Христов, Решко Христов, Трајко Христов и Србин Јанков.
  • Турје: Димитар Богданов, Јаќим Богданов, Иван Божинов, Томо Василев, Паун Вељанов, Петар Јолев, Блаже Мојсов, Веле Најденов, Коста Најдов, Дичо Најдов, Илчо Најдов, Климе Размов, Серафим Христов и Тодор Христов.[11]

Петар Чаулев во Дебрца и српска окупација уреди

Уште од турско време Дебрца дејствуваше цело време под раководство на Христо Узунов. По него дошол и Петар Чаулев и останал да војува во Дебрца. Кога дојдоа Србите во 1912 година првото идење го затекнаа Петар Чаулев во Дебрца. Србите брзо го намирисаа како противник зошто не им се бендисаше неговата идеја, тогаш удрија потера по него, но не можеа да го фатат, па почнале да поткупуваат шпиони, ама Чаулев бел поитар од нив. И подебелиот крај го извлекле селаните. Едно време Чаулев се криел во Издеглавје, неговиот побратим Темелко Ѓорески од Арбиново, кој бил и кмет на селото ги испратил Анастос Анѓелески, Никодим Караустоски и Русе Китаноски да му однесат писмо. Во писмото Темелко му имал напишано да се засолни на друго место бидејќи Издеглавје ќе биде сардисано. Тогаш Чаулев избегал но, при бегањето писмото му паднало при што Србите го пронашле писмото и следеле тешки измачувања за многу селани во Дебрца. Попот Горгија од Слатино бил фатен и обесен на јасика до селото. Мицко од Издеглавје бил фатен и отепан крај Оздолени. Анастос, Никодим и Русе од Арбиново се врзани и однесени во Лешани, носеле и други соработници на ВМРО од селата Велмеј и Брежани. Темелко Ѓорески го фатиле по 7 дена, тогаш дошол српскиот шпион Мицко Прензо или Мицко Наумоски (иначе бивш член на МРО, и доброволец во бугарската армија) од Сливово и го збрал сосе коњ, го однел и него во Лешани, и таму му откопал гроб во шумата. Пред да го кутнат се фатил за еден кол па одвај го совладале, таму го заклале.[8][12]


Дебрца за време на Втората светска војна уреди

Дебрца особено е прославена од периодот на Втората светска војна по неколку настани. На Славеј Планина на 18 август 1943 е формиран првиот македонски партизански баталјон „Мирче Ацев“, а истата година неколку недели Дебрца ќе биде првата и единствена слободна територија во Македонија за време на НОБ. Првата македонско-косовска народноослободителна бригада е формирана во селото Сливово на 11 ноември 1943 година. Во с. Издеглавје бил одржан Првиот свештенички собир, на кој било иницирано формирањето на МПЦ. Во близина на селата Сошани и Велмеј работела и партизанската болница за време на Втората светска војна.

За време на НОБ,во секое село постоел НОО(Народно ослободителен одбор) селски и општински во кое дејствувало месното население.Во Општината Сливово,во која се наоѓале селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Мраморец, Турје, Арбиново и главното село во Општината Сливово одборот го сочинувале: Трајан Мицкоски - претседател, Ѓеорги Станкоски - просвета, Круме Јовчески - секретар, Венчо Маркоски- стопанство, Љубе Костески - здравство и социјално, Дончо Мицкоски- судски и Трајан Дукоски - технички.

  • Селскиот НОО во Сливово го сочинувале: Наум Новески - претседател, Антоние Вељаноски - потпретседател, Јордан Ристески - секретар и членови биле: Цветан Јованоски, Мишко Костески и Митра Трајческа.
  • Селскиот НОО во Годивје го сочинувале: Анѓеле Стојаноски - претседател, Трајан Ристески, Сандре Ристески, Иванчо Јаковчески - секретар, Страил Колоски, Димо Андреески и Гуга Блажеска.
  • Селскиот НОО во Турје го сочинувале: Сајко Трпески - претседател, Бимбил Војнески, Цоле Мицески - секретар, Петре Мојсоски, Александар Новески, Јован Јаковчески и Богдана Богданоска.
  • Селскиот НОО во Врбјани го сочинувале: Трпе Анѓелоски - претседател, Иван Смилески - заменик претседател, Нове Калајџиески - секретар, Лазар Миладиноски, Постол Николоски, Славко Мушески и Јордан Исијаноски.
  • Селскиот НОО во Мраморец го сочинувале: Никола Фанчески - претседател, Јордана Милеска зам.претседател, Сиљан Сандански - секретар, Темелко Магденоски, Александар Николоски, Божин Недески и Никола Рускин.
  • Селскиот НОО во Лактиње го сочинувале: Славко Алексоски - претседател, Сиљан Степаноски, Драгољуб Ристески - секретар, Здраве Максимоски и Бимбил Трајчески.
  • Селскиот НОО во Арбиново го сочинувале: Леон Трпески - претседател, Стојан Миладиноски - потпредседател, Сиљан Димоски - секретар, Нада Ѓерасимова, Златко Кршовски и Љубе Костески.

Во Општината Слатино НОО го сочинувале селата: Слатино, Сошани, Оздолени, Слатински Чифлик и Издеглавје. Меѓутоа списоците со составот не е сочуван.

Во Општината Белчишта НОО го сочинувале селата: Белчишта, Црвена Вода, Ботун, Горно и Долно Средоречие, Песочани, Грко Поле, Злести, Лешани, Брежани, Ново Село и Велмеј. Во главниот соста на општината влегле: Ванчо Ристески - претседател, Тане Шаќироски - потпретседател , Мартин Дојчиноски - секретар, Вељан Гуцески, Злате Попоски, Јордан Темјаноски, Костадин Симјаноски, Вангел Јовески. А селскиот НОО го сочинувале:

  • Селскиот НОО во Велмеј го сочинувале: Климе Вељаноски, Јордан Јонески, Арсе Јолески, Аргир Кузески и Јордан Кузески.
  • Селскиот НОО во Белчишта го сочинувале: Тане Шаќироски, Вељан Гуцески, Јовче Цулоски, Стојан Каљуноски и Злате Јовески.
  • Селскиот НОО во Брежани го сочинувале: Видан Трпески, Коле Станкоски, Танаско Томески, Ристо Маркоски и Ристо Милески.
  • Селскиот НОО во Лешани го сочинувале: Никола Делишкоски, Ѓеоргија Милошески, Ристо Качакоски и Војне Настоски.
  • Селскиот НОО во Злести го сочинувале: Темелко Грујоски, Наум Танески, Левко Илоски, Сиљан Николоски и Благоја Јаковчески.
  • Селскиот НОО во Горно Средоречие го сочинувале: Мартин Дојчиноски, Димко Маркоски и Јонче Дојчиноски.
  • Селскиот НОО во Долно Средоречие го сочинувале: Миладин Мицески, Јонче Мицески и Голуб Чакулески.
  • Селскиот НОО во Ботун го сочинувале: Јонче Митрески, Климе Маркоски и Илија Циноски.
  • Селскиот НОО во Црвена Вода го сочинувале: Злате Стојаноски, Карафил Андоноски, Герасим Ристески, Сиљан Ристески и Анѓеле Иваноски.
  • Селскиот НОО во Песочани го сочинувале: Косто Петрески, Блаже Никодиноски и Јонче Костадиноски.
  • Селскиот НОО во Ново Село го сочинувале: Спасе Камбероски, Соколе Стојаноски и Томе Игнески.[13]

На 5 декември 1943 балистите ја нападнаа Горна Дебрца, при што ги запалија селата Мраморец, Сливово и Турје. Селата ги опустошија и ги стрелаа следните жители: Цветан Спасески, Ѓоргија Сиљаноски, Илија Наумоски, Темелко Стефаноски, Сидор Петрески и Трајче Костадиноски сите од Мраморец, потоа Петре и Лазор Стојаноски( татко и син), Петре Здравески и Димко Матески сите од Турје. Карафил Крстески прославен илинденец кој со својата илинденска пушка го бранеше родното село Сливово.[14]

Покрај сите непријателски напади, за злото да биде поголемо во Дебрца од крајот на Декември 1943 ќе навлезе една контрачетничка банда на чело со Димо Соколески од село Белица, кој долги години живеел во Бугарија. Таа контрачета најпрво дејствувала во реонот на Беличка Река, по селата Козица, Кладник, Белица но од крајот на 1943 се префрилила и во Дебрца. Во неговата чета отпрва ќе стапат Кирко Попоски од Лешани, Климе Китески од Слатински Чифлик и Костадин Костадиноски од Турје, во четата подоцна ќе влезат и Арсе Андоноски, Милан Пејоски, Ванчо Недески и Стојко Митрески од селото Мраморец, како и Владо Крлоски од село Арбиново. А некои ќе бидат стрелани во 1945 од страна на партизаните како соработници со окупаторот.[15][16]

Жртви од Дебрца во НОБ уреди

  1. Алексо Стојанов Сиљаноски. Роден во 1919 година во с. Лешани. Бил борец во состав на Шестата македонска бригада. Умира во Скопје во болница како последица од Тифус во мај 1945 година.
  2. Андон Стојанов Сиљаноски. Роден на 8 август 1922 година во с. Злести. Се бори во редовите на Шестата македонска бригада, при што загинува во борбите кај Сува Гора со балистичките банди на 24 август 1944 година.
  3. Андре Настев Јованоски. Роден на 6 март 1920 година во с. Турје. Како борец на Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“ загинува во борбата кај с. Белчишта на 7 септември 1943 година.
  4. Арсе Недев Савески. Роден во 1924 година во с. Слатино. Стапува во редовите на Првата македонска бригада, и учествува во повеќе акции на бригадата, при што се разболува и е ослободен. Умира на 3 јуни 1945 година.
  5. Арсе Трифунов Лулески. Роден во 1913 година во с. Издеглавје. Загинува како борец на Шестата македонска бригада во борбите кај с. Зајас со балистите на 21 октомври 199 година.
  6. Арсо Кочов Гиноски. Роден во 1920 година во с. Издеглавје. Загинува како борец во Првата македонско-косовска бригада при Богомилискиот поход во февруари 1944 година.
  7. Аспарух Георгиев Гаврилоски. Роден на 2 јануари 1923 година во с. Врбјани. Како борец во Шестата македонска бригада загинува во борбите со балистичките банди кај с. Србица на 22 септември 1944 година.
  8. Блаже Недев Спасески. Роден во 1914 година во с. Црвена Вода. Учествува во борбените дејствија што ги води партизанскиот одред „Славеј“ при што се разболува, и како последица на болеста умира на 20 ноември 1943 година.
  9. Богоја Ламбев Милески. Роден во 1926 година во с. Велмеј. Како борец на Првата македонска ударна бригада загинува во борбите со балистичките банди за ослободување на Кичево во октомври 1944 година.
  10. Богоја Цветков Ставрески. Роден во 1923 година во с. Велмеј. Како борец во Шестата македонска бригада загинува кај с. Белица во септември 1944 година.
  11. Борис Дичов Богданоски. Роден на 15 февруари 1915 година во с. Арбиново. Бил еден од најистакнатите активисти од Дебрца, учествувал во низа демострации и штрајкови во Белград, против политиките на Стара Југославија. Со основањето на партизанскиот одред „Славеј“ е назначен за прв политички комесар. Загинува при заседа поставена од балистите кај с. Зајас на пат за Буковиќ на 4 октомври 1943 година.
  12. Борис Митрев Пачески. Роден во 1922 година во с. Велмеј. Како борец на Првата македонско-косовска ударна бридага загинува при враќање од Богомилскиот поход кај с. Староец во февруари 1944 година.
  13. Ванко Кочов Шулески. Роден во 1917 година во с. Оздолени. Загинува во борите со балистичките банди кај с. Кленоец на 5 октомври 1943 година.
  14. Ванчо Бимбилов Митрески. Роден на 4 март 1928 година во с. Врбјани. Како борец на Шестата македонска бригада загинува во борбите со балистите кај с. Гарани на 15 август 1944 година.
  15. Васил Матев Попоски. Роден во 1920 година во с. Злести. Загинува на Сремскиот фронт кај Винковци на 13 април 1945 година.
  16. Веле Димов Новески. Роден во 1914 година во с. Ботун. Загинува како борец на баталјонот „Мирче Ацев“ во с. Белчишта со Италијанците на 7 септември 1943 година.
  17. Вељан Темелков Филчески. Роден во 1916 година во с. Црвена Вода. Загинува во борбите со балистите кај с. Кленоец на 1 октомври 1943 година.
  18. Дејан Василев Вељаноски. Роден во 1915 година во с. Злести. Како борец на Шестата македонска бригада се разболува, поради што е ослободен во јануари 1945 година. Се лекува во болница во Охрид и на 5 мај 1945 година умира.
  19. Доне Лалев Колоски. Роден во 1922 година во с. Слатино. Како борец на Шестата македонска бригада загинува во борбите со балистите кај Сува Гора на 25 октомври 1944 година.
  20. Драган Ѓуров Матески. Роден на 4 јануари 1915 година во с. Врбјани. Загинува во борбите со балистичките банди кај с. Србица на 22 септември 1944 година.
  21. Ѓоргија Јончев Митрески. Роден во 1921 година во с. Ботун. Загинува во борбите со балистичките банди кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  22. Ѓоргија Методиев Блажески. Роден на 14 октомври 1923 година во с. Слатино. Како борец на Првата македонска бригада загинува во борбите со германските окупатори кај Дебар на 2 август 1944 година.
  23. Ѓоргија Робев Тодороски. Роден во 1918 година во с. Оздолени. Како борец на Осумнаесеттата македонска бригада учествува во повеќе борбени акции. Се разболува и умира во воената болница во Нови Сад во 1946 година.
  24. Змејко Методиев Змејкоски. Роден на 8 јуни 1927 година во с. Врбјани. Како борец на Првата македонска бригада загинува во борбите кај Кичево на 10 август 1944 година.
  25. Иван Божинов Божиноски. Роден на 8 ноември 1914 година во с. Врбјани. Организирано и активно работи за движењето од 1942 година. Умира од како се разболува на 28 јули 1946 година.
  26. Иван Кипров Пашоски. Роден во 1924 година во с. Велмеј. Загинува како борец на Шестата македонска бригада кај с. Србица на 22 септември 1944 година, во борбите против балистите.
  27. Иванчо Јаќимов Кузманоски. Роден на 5 јули 1918 година во с. Турје. Загинува во борбите против балистите кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  28. Илија Крстанов Дојчиноски. Роден во 1909 година во с. Горно Средоречие. Загинува во борбите со балистичките банди кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  29. Јоне Смилев Дескоски. Роден во 1923 година во с. Злести. Загинува во борбите за ослободување на Охрид на 7 ноември 1944 година.
  30. Јонче Димков Стојаноски. Роден во 1921 година во с. Оздолени. Загинува во борбите со балистичките банди кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  31. Јонче Дингов Серафимоски. Роден на 28 мај 1924 година во с. Врбјани. Загинува во борбите со балистичките банди кај с. Србица на 22 септември 1944 година.
  32. Јонче Темков Нестороски. Роден во 1926 година во с. Злести. Загинува на Сремскиот фронт кај Славонска Пожега на 27 април 1945 година.
  33. Каранфил Крстев Дамјаноски. Роден во 1871 година. Учествувал во Илинденското Востание. А потоа земал и активно учество во НОБ. Загинува во борбите со балистичките банди во родното село Сливово на 5 декември 1943 година.
  34. Кире Тодоров Митрески. Роден во 1921 година во с. Белчишта. Учествувал во Сремскиот фронт, каде се разболел и умрел во 1946 година во Битола.
  35. Кирјан Славков Јанески. Роден во 1918 година во с. Лешани. Учествувал во неколку борби како борец на Шестата македонска бригада, се разболува и е ослободен од НОБ. Умира во ноември 1945 година.
  36. Киро Ѓоргиев Алексоски. Роден на 26 јануари 1924 година во с. Врбјани. Како борец на Шестата македонска бригада загинува во борбите со балистичките банди кај с. Шутово на 15 ноември 1944 година.
  37. Климе Наумов Сиљаноски. Роден во 1921 година во с. Долно Средоречие. Како борец на Шестата артилериска бригада се разболува и умира во воената болница во Љубљана на 21 јуни 1945 година.
  38. Косте Наумчев Анѓелески. Роден на 20 февруари 1921 година во с. Арбиново. Како борец на Првата македонска ударна бригада загинува во борбите со балистите кај Кичево на 1 октомври 1944 година.
  39. Лазар Блажев Секулоски. Роден во 1922 година во с. Ботун. Како борец на партизанскиот одред „Славеј“ загинува во борбите кај с. Кленоец на 6 септември 1943 година.
  40. Ламбе Петрев Новески. Роден во 1922 година во с. Велмеј. Загинува на Сремскиот фронт во нападот кај Товарник на 12 април 1945 година.
  41. Љубе Јорданов Крстески. Роден во 1925 година во с. Годивје. Како борец на Шестата македонска бригада загинува на Сува Гора во борбите со балистите на 24 октомври 1944 година.
  42. Методија Стојанов Димитриески. Роден на 5 април 1922 година во с. Турје. Загинува во борбите за Струга на 16 октомври 1944 година.
  43. Милан Костадинов Ристески. Роден на 7 декември 1925 година во с. Мраморец. Загинува во борбите за ослободување на Струга на 28 октомври 1944 година.
  44. Мирче Јовев Калајџиески. Роден во 1920 година во с. Врбјани. Загинува во борбите со балистите кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  45. Митушко Алеков Савески. Роден во с. Годивје. Стапува во состав на Шестата македонска бригада и учествува во повеќе битни, од здобиените рани во борбите умира во Воената болница во Скопје во 1945 година.
  46. Момчило Петков Јорданоски. Роден во 1911 година во с. Црвена Вода. Загинува во битките за ослободување на Охрид на 7 ноември 1944 година.
  47. Најде Трајчев Кочоски. Роден во 1911 година во с. Велмеј. Загинува во борбите со балистите кај с. Зајас на 16 ноември 1944 година.
  48. Наум Јончев Иљоски. Роден во 1925 година во с. Велмеј. Учествува во повеќе битки како борец на Шестата македонска бригада, при што се разболува и умира во болница во Гостивар на 25 септември 1945 година.
  49. Наум Сандрев Сиљаноски. Роден во 1896 година во с. Издеглавје. Фатен е од страна на контрачетниците на Димо Соколески-Брадата кај с. Сливово, и одвлечкан на Беличка Планина каде што е стрелан во октомври 1943 година.
  50. Нестор Костов Јаковчески. Роден на 20 мај 1906 година во с. Годивје. Загинува како борец на Шестата македонска бригада во борбите со балистите на Сува Гора на 24 октомври 1944 година.
  51. Никола Илиев Дескоски. Роден во 1926 година во с. Злести. Загинува во борба против германските окупатори кај с. Радолишта на 10 октомври 1944 година.
  52. Никола Кипров Јосифоски. Роден во 1911 година во с. Црвена Вода. Активно учествува во НОБ. Умира 1943 година.
  53. Никола Паунов Божиноски. Роден во 1918 година во с. Ново Село. Загинува во борбите со италијанските окупатори во борбите кај с. Карбуница на 31 јуни 1943 година.
  54. Паско Климев Павлески. Роден во 1924 година во с. Ботун. Како борец во баталјонот „Мирче Ацев“ загинува во борбите со италијанските сили кај Белчишта на 7 септември 1943 година.
  55. Петре Димков Секулоски. Роден на 6 декември 1921 година во с. Годивје. Како борец на Шестата македонска бригада загинува на Сува Гора во борбите со балистите на 24 октомври 1944 година.
  56. Петре Паунов Иљоски. Роден во 1920 година во с. Горно Средоречие. Загинува како борец на Шестата македонска бригада во борбите кај с. Србица во септември 1944 година.
  57. Ристе Јончев Вељаноски. Роден во 1922 година во с. Слатино. Загинува како борец на Првата македонска ударна бригада во борбите за Кичево во септември 1944 година.
  58. Ристо Јончев Шулески. Роден во 1916 година во с. Оздолени. Загинува во борбите со балистите кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  59. Ристо Николов Стефаноски. Роден во 1910 година во с. Ботун. Загинува во борбите кај с. Кленоец против балистите на 6 октомври 1943 година.
  60. Ристо Софков Стојкоски. Роден во 1926 година во с. Слатино. Загинува во борбите со балистите кај с. Зајас во октомври 1944 година.
  61. Ристо Темелков Донески. Роден во 1922 година во с. Оздолени. Загинува во борбите со балистите кај с. Зајас во ноември 1944 година.
  62. Ристо Цветанов Божиноски. Роден во 1918 година во с. Велмеј. Загинува во борбите со балистите кај с. Зајас во октомври 1944 година.
  63. Руменче Серафимов Наумоски. Роден на 15 декември 1919 година во с. Сливово. Загинува во борбите со балистите кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  64. Русе Петков Нестороски. Роден во 1926 година во с. Црвена Вода. Во составот на Првата македонско-косовска ударна бригада учествува во повеќе акции што ги води бригадата во Западна Македонија и Грција, и се разболува. Умира во болница во Охрид во август 1945 година.
  65. Секуле Постолов Димоски. Роден во 1901 година во с. Ново Село. Во февруарскиот поход заминува за кумановско, во борбите што ги води Третата македонска ударна бригада пролетта 1943 година загинува кај Сурдулица.
  66. Серафим Блажев Китаноски. Роден во 1916 година во с. Издеглавје. Во мај 1943 година стапува во Кичевско-мариовскиот партизански одред, заробен е при Богомилскиот поход и стрелан кај Барбарос во февруари 1944 година.
  67. Сиљан Кирков Серафилоски. Роден во 1892 година во с. Врбјани. Загинува во борбите со балистите кај Кичево на 10 август 1944 година.
  68. Славе Митрев Николески. Роден во 1924 година во с. Велмеј. Загинува при расчистување на земјата од балистичките банди на 2 декември 1945 година кај с. Лојане.
  69. Смиле Настев Јованоски. Роден на 1 октомври 1923 година во с. Турје. Учествува на Сремскиот фронт, каде исчезнува кај Пакрац во април 1945 година.
  70. Србин Миланов Стојаноски. Роден на 5 март 1921 година во с. Мраморец. Загинува во борбите за Струга на 18 октомври 1944 година.
  71. Стојан Јаковчев Стамески. Роден на 19 мај 1919 година во с. Врбјани. Загинува во борбите со балистите кај с. Србица на 22 септември 1944 година.
  72. Стојан Недев Најдески. Роден во 1919 година во с. Белчишта. Загинува во борбите со балистите кај с. Кленоец на 6 октомври 1943 година.
  73. Стојан Ристов Суклоски. Роден во 1920 година во с. Белчишта. Во ненадејниот напад на италијанските зголемени сили од Струшкиот гарнизон, за да го обезбеди повлекувањето на Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“ загинува на 7 септември 1943 година.
  74. Стојко Спасев Костоски. Роден на 3 октомври 1926 година во с. Турје. Загинува во борбите со балистичките банди на Сува Гора на 24 октомври 1944 година.
  75. Стојко Тодосиев Темелкоски. Роден во 1921 година во с. Врбјани. Учествува во борбите што ги води Шестата македонска бригада, при што се разболува и умира во декември 1944 година.
  76. Темелко Михајлов Танаскоски. Роден во 1920 година во с. Врбјани. Учестува во борбите со балистите на Сува Гора, при што е тешко ранет и подлегнува на раните во август 1945 година.
  77. Тодор Спасев Митрески. Роден во 1924 година во с. Лешани. Учествува во борбите што ги води Шестата македонска бригада, при што се разболува и умира во воената болница во Скопје, во февруари 1945 година.
  78. Трајан Јончев Митрески. Роден во 1923 во с. Ботун. Учествува во борбите што ги води Шестата македонска бригада. Есента се разболува од проширената епидемија на стомачен вирус во кичевско и умира на 15 декември 1944 година.
  79. Трајче Софрониев Дојчиноски. Роден во 1920 година во с. Белчишта. Загинува како член на Кичевско-мавровскиот партизански одред кај с. Карбуница на 31 јули 1943 година.
  80. Трајче Темелков Сколоски. Роден во 1910 година во с. Годивје. Загинува во борбите со балистите на Сува Гора на 24 октомври 1944 година.
  81. Тренко Најдев Смилески. Роден во 1901 година во с. Мраморец. Загинува во борбите со балистите кај с. Србица есента 1944 година.
  82. Филип Сидоров Ристески. Роден во 1918 година во с. Лешани. Загинува во борбите кај Кленоец со германско-балистичките сили на 6 октомври 1943 година.
  83. Цветко Томев Стојаноски. Роден во 1920 година во с. Црвена Вода. Загинува во борбите со италијанските војски на 7 септември 1943 година.
  84. Анѓеле Мојсов Мојсоски. Роден во 1908 година во с. Врбјани. Убиен е од страна на балистите во родното село на 25 септември 1943 година.
  85. Богдан Иљов Стојкоски. Роден во 1914 година во с. Белчишта. Убиен е од страна на италијанските окупатори во родното село во септември 1943 година.
  86. Богоја Стојанов Кочоски. Роден во 1918 година во с. Белчишта. Убиен е од страна на италијанските окупатори во родното село во септември 1943 година
  87. Димко Иванов Вељаноски. Роден во 1888 година во с. Турје. Убиен е од страна на балистите во родното село на 5 декември 1943 година.
  88. Ѓоргија Сиљанов Маркоски. Роден во 1861 година во с. Мраморец. Убиен е од страна на балистите во родното село на 5 декември 1943 година.
  89. Ѓоргија Русев Крстаноски. Роден во 1864 година во с. Врбјани. Убиен е од страна на балистите во родното село на 22 септември 1944 година.
  90. Здраве Јовчев Јовчески. Роде во 1882 година во с. Врбјани. Убиен е од страна на балистите во родното село во 1944 година.
  91. Зорка Ѓоргиева Ристеска. Родена во 1925 година во с. Црвена Вода. Умира дома како последица на претепување кое го извршиле балистите во 1944 година.
  92. Илија Ѓерасимов Угриноски. Роден во 1895 година во с. Слатино. Убиен од балистичките банди над с. Гопеш на 7 ноември 1945 година.
  93. Илија Трајчев Божиноски. Роден во 1888 година во с. Мраморец. Убиен е од страна на балистите во родното село на 5 декември 1943 година.
  94. Илко Лазаров Наумоски. Роден во 1912 година во с. Црвена Вода. Умира дома од здобиена болест во затворот кон средината на 1944 година.
  95. Јован Ставрев Целески. Роден во 1891 година во с. Ботун. Убиен е во родното село од страна на германските окупаторски војски на 23 август 1944 година.
  96. Јонче Димко Сиљаноски. Роден во 1922 година во с. Врбјани. Убиен од унгарските војски во Нови Сад на 10 април 1941 година.
  97. Јордан Анчев Анѓелески. Роден во 1889 година во с. Ботун. Убиен е од страна на германските окупатори во родното село на 20 мај 1944 година.
  98. Јордан Петрев Петрески. Роден во 1893 година во с. Арбиново. Убиен е на нива во родното село од страна на балистичките банди во мај 1944 година.
  99. Кадринка Славева Ѓоршеска. Родена во 1923 година во с. Слатино. Убиена од страна на бугарите в планина над селото во мај 1944 година.
  100. Кале Трајков Карафилоски. Роден во 1918 година во с. Мраморец. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  101. Каменка Петрева Наумоска. Родена во 1921 година во с. Турје. Умира како последица на насилство извршено од страна на балистите во декември 1943 година.
  102. Книгена Стојанова Илиеска. Родена во 1907 година во с. Црвена Вода. Умира од последица на претепување извршено од страна на германците дома во септември 1944 година.
  103. Коле Цветанов Николески. Роден во 1914 година во с. Велмеј. Убиен од страна на Бугарите во мај 1944 година.
  104. Крста Танаскова Србиноска. Родена во 1904 година во с. Црвена Вода. Умира како последица од претепување кое го извршиле германските окупатори во 1944 година.
  105. Конка Богоева Митреска. Родена во 1912 година во с. Црвена Вода. Умира како последица од претепување кое го извршиле германските окупатори во 1944 година.
  106. Лазар Петрев Стојаноски. Роден во 1902 година во с. Турје. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  107. Ламбе Богатинов Вељаноски. Роден во 1914 година во с. Црвена Вода. Заробен е од страна на германските окупатори и одведен во логор во Земун каде што умира во декември 1944 година.
  108. Македонка Анѓелева Филипоска. Родена во 1921 година во с. Слатино. Убиена од страна на Бугарите во родното село во мај 1944 година.
  109. Миленко Јолев Томески. Роден во 1890 година во с. Слатино. Убиен од страна на балистичките банди кај с. Златари на 4 ноември 1945 година.
  110. Миленко Крстанов Николоски. Роден во 1884 година во с. Врбјани. Убиен од балистите кај с. Србица на пат за Кичево на 22 септември 1944 година.
  111. Негрија Јанаќиев Најдески. Роден во 1911 година во с. Лактиње. Убиен од балистичките банди во родното село пролетта 1944 година.
  112. Николе Стојанов Тодороски. Роден во 1883 година во с. Лактиње. Умира како последица на претепување кое го извршиле балистичките банди во летото 1944 година.
  113. Петре Алексов Здравески. Роден во 1905 година во с. Турје. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  114. Петре Јолев Стојаноски. Роден во 1873 година во с. Турје. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  115. Петруш Димков Блажески. Роден во 1921 година во с. Лактиње. Убиен од страна на балистичките банди кај с. Тресонче есента 1943 година.
  116. Ристо Крстев Спасески. Роден во 1920 година во с. Лактиње. Умира од последици на претепување кое го извршиле балистите на пат за Кичево, летото 1944 година.
  117. Сарафил Ристов Јанкулоски. Роден во 1886 во с. Турје. Умира како последица на претепување кое го извршиле балистите во декември 1943 година.
  118. Сидор Тимјанов Николоски. Роден во 1923 година во с. Мраморец. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  119. Славе Голабов Ѓоршески. Роден во 1917 година во с. Слатино. Убиен в планина од страна на Бугарите во мај 1944 година.
  120. Спасе Војнев Спасески. Роден во 1865 година во с. Врбјани. Умира како последица на претепување кое го извршиле балистите на 14 август 1944 година.
  121. Стефанка Кипрова Петреска. Родена 1909 година во с. Црвена Вода. Умира како последица од претепување кое го извршиле германските окупатори во 1944 година.
  122. Стојан Анѓелев Савески. Роден во 1886 година во с. Издеглавје. Убиен од балистите во својот дом на 28 септември 1944 година.
  123. Стојан Савев Савески. Роден во 1890 година во с. Арбиново. Убиен во својата воденица од одметнички банди во септември 1944 година.
  124. Стојан Спасев Ѓорески. Роден во 1905 година во с. Врбјани. Убиен од балистичките банди во родното село на 29 август 1944 година.
  125. Тодор Ристев Трајчески. Роден во 1893 година во с. Турје. Умира како последица на претепување кое го извршиле балистите во декември 1943 година.
  126. Тодора Цветкова Трајческа. Родена во 1888 година во с. Турје. Умира како последица на претепување кое го извршиле балистите на 5 декември 1943 година.
  127. Темелко Стефанов Стојкоски. Роден во 1898 година во с. Мраморец. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  128. Тимјан Петрев Николоски. Роден во 1888 година во с. Мраморец. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  129. Трајан Стеванов Танески. Роден во 1923 година во с. Ботун. Убиен во селото од балистите на 15 април 1944 година.
  130. Трајче Јаковчев Костадиноски. Роден во 1864 година во с. Мраморец. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.
  131. Форинка Климова Петреска. Родена во 1925 година во с. Црвена Вода. Умира како последица од претепување кое го извршиле германските окупатори во 1944 година.
  132. Цветан Тренев Божиноски. Роден во 1884 година во с. Мраморец. Убиен од страна на балистите во селото на 5 декември 1943 година.[17]

Карактеристични имиња на дебрчани уреди

  • Машки: Војне, Трене, Вељан, Сиљан, Мицко, Темелко, Мојсо, Радован, Видан, Величе, Миливој, Никола, Божин, Стојко, Митре, Трпе, Петре, Сандре, Стеван, Степан, Русе, Карафил, Анѓеле, Мате, Најде, Трајче, Трајан, Ѓоре, Спасе, Дафинче, Ѓоршо, Наум, Китан, Смиле, Јордан, Андон, Апостол, Дејан, Јаковче, Јонче, Симјан, Спиро, Ставре, Филип, Љубе, Здраве, Злате, Климе, Мито, Робе, Неде, Србин, Јаќим, Ванчо, Блаже, Ристо/Ристе, Ламбе, Раде, Ѓурчин, Деспот, Цветан, Цветко, Крсте, Андре, Ѓоргија, Круме, Косте, Славко, Момчула, Максим, Дуко, Стојан, Славе, Стојмир, Милан, Алексо, Нове, Крстан, Јован, Оноврија, Димко, Сидор, Марко, Сарафил, Димо, Митушко, Јанкула, Угрин, Антониј, Панделе, Илија, Секула, Поте, Костадин, Арсе, Милош, Иван, Софко, Аце, Дичо, Доне, Билбил/Бимбил, Совран, Војдан, Миладин, Мирче, Симон, Голаб, Насте, Димитар.[2][12][18][19][20][21][22][23]
  • Женски: Гркинка, Воцка, Пара, Каља, Живка, Сиљанка, Јорданка, Вељанка, Македонка, Даљанка, Софка, Менка, Божана, Форинка, Крстана, Книгена, Петра, Ристана, Момана, Стеванка, Митра, Славка, Велика, Фанија, Деспина, Бимбила, Парошка, Трена, Петкана, Јолка, Сребренка, Сава, Руска, Милица, Цара, Цветанка, Ѓурѓа, Устијанка, Дуфка, Солунка, Вардаринка, Миладинка, Елена, Севда, Аспасика, Мира, Илинка, Трајанка.

Стопанство уреди

Поради специфичноста на теренот и богатите тревни пасишта главна стопанска гранка со векови е сточарството. Покрај одгледувањето на овци и крави (во пониските делови) последниве години во подем е одгледувањето на кози. Дебрца покрај своето сирење е многу позната и по својот мед, а во голем подем е и пчеларството. Во близина на селото Песочани постои мала хидроцентрала, а работат и повеќе шумски стопанства, а во развој е и селскиот туризам со оглед дека Дебрца се наоѓа на патот кон Охрид.

Иселеништво уреди

Иселеништвото од Дебрца отсекогаш било застапено. Во своите истражувања за потеклото на населението повеќе истражувачи од своите соговорници добивале информации дека се доселени од регионот Дебрца. Така пр.Јован Трифуноски и Тома Смилјаниќ во нивните истражувања за Кичевската котлина.[24][25] добиваат информации за родови преселени од различни села во Дебрца, па така во селото Тајмиште се родовите Тасевци (2 к.) и Маљуковци (1 к.) кои се доселени од Сливово. Во селото Поповјани е родот Огњановци (2 к.) кои своето потекло го знаат од Издеглавје. Во селото Патец е родот Николовци (2 к.) кои таму се доселени од Црвена Вода. Во минатото во атарот на селото Велмеј постоело селото Јаорец, но некаде кон крајот на XVIIIти век се случила расправија по која селото било раселено, еден дел побегнале во кичевско каде го основале селото Јаорец па така основачите на родовите Милошевци (10 к.) ,Трајановци (7 к.) и Илиовци (6 к.) се доселени од сега раселеното село Јаорец во Дебрца. Во Осој е родот Ширговци (9 к.) кој е доселен од селото Оздолени. Родот Топлевци (3 к.) во селото Лазаровци е доселен од селото Турје. Во селото Свињиште е родот Караџовци (10 к.) доселен од Врбјани. Во Козица е родот Цветановци (6 к.) доселен од селото Слатино. Во Миокази е родот Ќосевци (4 к.) доселен од Сливово. Во селото Лавчани е родот Ѓоргевци (11 к.) доселени од селото Турје. Во Манастирско Доленци е родот Сиљановци (4 к.) доселен од селото Оздолени. Во Србјани е родот Мијаиловци (3 к.) доселен од селото Годивје. Во Карбуница е родот Жакеровци (2 к.) доселен од селото Слатино. Истиот автор (Јован Трифуноски) доста иселеници од Дебрца забележал и во Битолско-Прилепската Котлина.[26], таму иселици има во следните села. Во селото Врбјани се родовите Јадровци (5 к.) и Дамевци (3 к.) доселени од село Врбјани, Дебрца. Во селото Бело Поле се родовите Трајковци (2 к.) и Мартиновци (2 к.) доселени исто така од Врбјани, во истото село е и родот Стојановци (1 к.) доселен од Лактиње, во селото Славеј се 20 фамилии доселени од селото Турје, во селото Трновци се околу 40 фамилии доселени од селото Брежани, во Логоварди се родовите Апостоловци (1 к.) и Анакијевци (1 к.) доселени од селото Мраморец. Во селото Лера е родот Вељановци (1 к.) доселен од селото Турје. Во селото Црнобуки е родот Брсјаковци (3 к.) доселен од Велмеј. Во селото Канатларци се повеќе родови доселени од селата Белчишта, Црвена Вода, Годивје, Лактиње, Песочани. Во селото Мусинци се неколку родови доселени од селата Црвена Вода и Ботун . Во селото Десово се родовите Петковци (2 к.) и Мицковци (1 к.) доселени од селото Сливово, потоа родот Балаловци (3 к.) доселен од Лактиње, и родот Андреевци (1 к.) доселен од Годивје. Во Дупјачани се родовите, Сливовци (2 к.) доселени од Сливово, Копиљаковци (3 к.) и Крстановци (2 к.) доселени од Лактиње. Во селото Горно Село ,е родот Охриѓани (3 к.) доселен од село Годивје. Во селото Беровци е родот Гулабовци (1 к.) доселен од селото Сливово. По селата во Охридско-струшката котлина[5][27][28] иселеници од Дебрца има во следните села. Во Долно Лакочереј се родовите Илијовци (13 к.) доселени од Лактиње, Матевци (10 к.) доселени од селото Сошани, Трајковци (2 к.) доселени од селото Оздолени, Пашичовци (1 к.) доселени од селото Лешани, и Јовевци (2 к.) доселени од селото Велмеј. Во селото Горно Лакочереј се родовите Шетковци (3 к.) доселени од некое село во Дебрца, како и родот Апостоловци (1 к.) доселени од селото Лешани. Во селото Ливоишта е родот Суљовци или Сиљановци (1 к.) доселени од селото Лешани. Во селото Косел е родот Воденичаровци или Трајковци (6 к.) кои се од селото Брежани. Во селото Лескоец се 8 фамилии доселени од Песочани како и родовите Чифлигаровци (4 к.) и Џамбазовци (1 к.) доселени од Лешани. Во Велгошти се околу 30 фамилии доселени од разни села во Дебрца, како и родовите Шибаковци (5 к.), Шиковци (5 к.) и Шукаровци (5 к.) доселени од селото Велмеј, во Пештани се родовите Башовци (20 к.) и Толевци (15 к.) доселени од селото Црвена Вода. Во селото Љубаништа се родовите Булевци (6 к.) доселен од Лактиње, како и родот Пулчевци (7 к.) доселени од некое село во Дебрца. Во Враништа се родовите Милевци (11 к.) и Танасковци (2 к.) доселени од Црвена Вода. Во селото Горенци се родовите Николовци (3 к.) и Андреевци (2 к.) доселени од Велмеј. Во Мислешево се родовите Бочевци (10 к.) доселен од некое село во Дебрца, како и родот Черенковци (1 к.) доселени од Сливово. Во Оровник се родовите Далчевци (3 к.) доселени од Злести, Митревци (1 к.) доселени од Слатино и Цветковци (16 к.) доселени од селото Сошани. Во селото Подмоље се околу 10 фамилии доселени од разни во Дебрца. Во Волино се родовите Јанкуловци (5 к.) доселен од Лешани, како и Неловци (1 к.) доселени од некое село во Дебрца. Во Горенци е родот Брмбовци или Наумовци (3 к.) доселени од некое село во Дебрца (Велмеј или Белчишта). во селото Требеништа се родовите Јоновци (2 к.) и Миревци (2 к.) доселени од некое село во Дебрца, потоа родовите Цибуковци или Пискуловци (3 к.) и Алексовци (3 к.) доселени од селото Белчишта, како и родот Мувчевци (7 к.) доселени од селото Брежани. во Биџево се родовите Рачиовци (2 к.) доселени од селото Брежани, како и Шкуртевци (2 к.) доселени од Белчишта или Слатино. во Драслајца е родот Јолдевци (1 к.) доселен од Велмеј. во Мороишта е родот Маџаровци (2 к.) доселен од селото Црвена Вода. во Куратица се родовите Андревци (4 к.) и Јанкуловци (1 к.) доселени од селото Слатино. Во селото Сирула е родот Бочкаровци (5 к.) доселен таму од селото Велмеј. Од останатите места иселеници има во Туденце, таму е родот Вражевци (29 к.) доселен од Врбјани.[29] Во селото Дренок е родот Стојковци (1 к.) кои имаат потекло од некое село во Дебрца (Миленко Филиповиќ-Голо Брдо). во селото Рудник е иселен родот Далчевци (1 к.), биле од селото Злести. Во Демирхисарскиот регион се отселени. Во селото Велмевци повеќето родови водат потекло од селото Велмеј[5](Тома Смиљаниќ – Кичевија), родот Мирчевци (26 к.) е доселен од Слатино.[6] Според истиот автор и целокупното население на Прострање потекнува од некое село кое исто така се викало Прострање и кое се наѓало во Дебрца (Тома Смиљаниќ – Кичевија), а пак родот Митковци (9 к.) е доселен од селото Слатино.[6] Во минатото во атарот на Мраморец постоело село Белче, но поради притисок од муслиманите тоа село пропаднало, и еден дел од населението пребегнало во Демирхисарско каде основале село со истото име Белче.[5] Во селото Арилево се наоѓа родот Мутавџиовци (14 к.) таму доселени од Арбиново. Во селото Граиште е родот Распашновци (2 к.) доселен од Сливово. Во селото Пуста Река се наоѓа родот Чкаловци (2 к.), таму доселен од селото Врбјани. Во селото Бабино се наоѓаат родовите Поповци (7 к.) и Кочовци, таму доселени од селото Лешани. Во селото Железнец се родовите Неделковци (4 к.) таму доселени од селото Оздолени, како и родот Ламбровци (4 к.) доселен од селото Брежани. Во селото Сопотница е родот Ориѓани (6 к.) таму доселен од селото Оздолени, како и родот Наумовци (2 к.) доселен од селото Велмеј. Во селото Острилци се наоѓа родот Петревци (6 к.) доселени од селото Сошани.[6] Во селото Љубојно е родот Јовановци доселени од селото Сливово.[30] Во селото Избишта е родот Петковци доселен од селото Брежани.[30] Во Македонски Брод е родот Димовци (2 к.) таму доселен од селото Црвена Вода. Иселениците до овде изнесени се од различен период,почнувајќи од XVIIIти век па сè до 50-тите од минатиот век. Веќе од крајот на 50-тите години од минатиот век населението на Дебрца почнува масовно да се иселува по Градовите, највеќе иселеници се во Охрид, каде сочинуваат околу 70% од населението на Градот, но доста иселеници има и на многу други места. Во Скопје Дебрчани има највеќе во Општина Ѓорче Петров (населбата Даме Груев,старо име Ге-ге) потоа Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Бутел и др. Иселеници има во поголема мера и во Битола, Кичево, Струга. А во помала мера и во градовите Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци, Неготино, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Демир Хисар, Радовиш, Кочани. Надвор од Македонија дебрчани има највеќе иселено во Австралија, иселеници има и во Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Литванија, Норвешка, Шведска, Финска, САД, Канада, Аргентина и др.

Родови уреди

Според истражувањата кои ги вршел Пр.Јован Трифуноски во регионот Дебрца,поголемиот дел од населението на регионот е староседелско,околу 70%.Но исто така постојат и доселеници Во староседелци се вбројуваат оние родови кои во Дебрца живеат отсекогаш Во повеќето села главнината ја сочинуваат староседелците

Доселениците во Дебрца воглавно доаѓале од Закамен(или Струшка Малесија) и Железник

Од Закамен (или Струшка Малесија) се следните родови: Матевци, Пејовци и Србиновци во Мраморец од Закамен. Црвенковци (од овој род потекнува Бранко Црвенковски) во Слатино од Закамен. Ботунци или Мацевци во Долно Средоречие од Закамен. Ничевци, Јордановци, Гроздановци, Мацевци во Ботун од Закамен. Локовци во Злести се доселени од селото Локов. Малесорци во селото Грко Поле се доселени од селото Присовјани. Локовци во селото Врбјани се доселени од селото Локов.

Од Железник се следните родови: Црниновци во Велмеј се доселени од Цер. Николовци или Голабовци во истото село од Бараково и потенуваат од предок кој бил Влав. Китевци во Слатински Чифлик од Брезово. Ѓоршовци во Слатино од Цер. Тутунари во Мраморец се доселени од некое село во Железник. Бучковци во Црвена Вода од Големо Илино. Дамчевци (Јолевци, Јосифовци и Сиљановци) во Злести доселени се од селото Велмевци.[21]Брдовци во селото Лешани доселени се од селото Слоештица.[12]

Од Кичевско се следните родови: Милошевци, Пејчиновци и Мијаилевци во Мраморец се доселени од селото Туин. Неделковци во селото Велмеј се доселени од Прострање. Богдановци и Треневци во селото Лактиње дошле од селото Брждани.

Од Полог се следните родови: Дуртановци во Сливово се доселени од Гостиварско. Николовци во Лактиње се доселени од Горно Палчиште, тетовско.[2]

Од територии надвор од Македонија се следните родови: Поповци во Велмеј се доселени од околината на Елбасан. Гавриловци и Марковци во Оздолени се доселени од околината на Пешкопеја. Савевци во Слатино доселени од селото Лин. Китановци во Издеглавје се доселени од некаде во Албанија. Шокановци во Арбиново се доселени од некаде во Албанија. Србаковци во Лактиње се доселени од Гнилане,[2] и потекнуваат од некој Ром. Ѓаковци во Годивје своето потекло го знаат од околината на Ѓаковица. Корџановци во Турје потекнуваат од некое село во околината на Корча. Младеновци во Мраморец се доселени од околината на Парачин.[7]

Познати личности уреди

Бранко Црвенковски (Роден во Сараево на 12 октомври 1962) - македонски политичар и поранешен претседател и премиер на Република Македонија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по потекло од Слатино

Трајко Вељаноски (Роден во Сливово на 2 ноември 1962) - македонски политичар и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија од ВМРО

Илија Димовски (Роден во Велес на 10 октомври 1980) - македонски политичар и Член на ВМРО, и дел од Собранието како пратеник од редовите на ВМРО, по потекло од Врбјани

Гордана Јанкулоска (Родена во Охрид на 12 октомври 1975) - македонска политичарка и поранешна министерка за внатрешни работи, политичарка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, по потекло од Турје.

Зоран Ставрески (Роден во Охрид на 29 октомври 1964) - македонски политичар и поранешен министер за финансии во периодот 2009-2016, член на ВМРО-ДПМНЕ, по потекло од Велмеј

Ристе Ристески (Роден во Охрид на 23 мај) - македонски пејач, кој се прослави со своето учество во Ѕвездите на Гранд, на кое го освои првото место, по потекло од Лактиње

Вера Љубојно (Родена во Скопје) - македонска пејачка од групата Љубојна, изведува етно музика, по потекло од Сливово

Александар Костоски (Роден во Скопје на 5 март 1988) - македонски кошаркар и член на Македонската кошаркарска репрезентација, има настапувано за Работнички, МЗТ, Куманово, а моментално игра во Романија, по потекло од Сливово

Драган Павловиќ Латас (Роден во Скопје на 25 февруари 1960) - македонски новинар и поранешен главен уредник на весникот Вечер, тој работи и како главен уредник на телевизијата Сител, по потекло од Мраморец

Митко Апостоловски (Роден во Битола на 7 март 1955 - починат во Битола на 5 август 2022) - македонски глумец, работел во Народниот театар во Битола, познат по многу улоги во многу македонски филмови, по потекло од Мраморец

Спасен Силјаноски (Роден во Кичево) - македонски пејач на народна музика, кој е многу познат и баран низ Западниот дел од Македонија и пошироко, по потекло од Турје

Елена Ристеска (Родена во Скопје на 27 април 1986) - македонска позната пејачка која ја претставувала Македонија на Евровизија во 2006 год. По потекло од Арбиново.

Владо Дојчиноски (Роден во Охрид на 27 февруари 1986) - македонски глумец кој е најдобро познат по своите улоги во Македонските народни приказни, по потекло од Годивје

Ѓоко Танески (роден во Охрид на 2 март 1977) - македонски пејач и претставник на Македонија на Евровизија 2010 со песната „Јас ја имам силата“ по потекло од Белчишта

Трајан Петровски (роден во Арбиново 1939 година) прв амбасадор на Република Македонија писател и поет.

Наводи уреди

  1. Македонски фолклор (29-31. изд.). Скопје: Институт за фолклор. 1982.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Милошески, Танче (2008). Лактиње- Корени и потомци, времиња и судбини. Струга: Ирис-Р.
  3. Трифуноски, Ф. Јован. „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, 1980. стр.287
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Русиќ, Бранислав. Дебарца. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Ф. Јован. „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, 1980. стр.256
  8. 8,0 8,1 Петровски, Трајан (1989). Житија Караормански. Скопје: Култура.
  9. Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание. Издателство на Отечествения фронт. 1984. стр. 121–122.
  10. Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание. София: София. 1984. стр. 132, 133, 134, 135, 136 и 140.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006.
  12. 12,0 12,1 12,2 Ристески, Стојан (2000). Лешани. Струга: Ирис.
  13. Митрески, Павле (1990). Охридско-Струшко во НОБ 1941-1945. Струга. стр. 15–16.
  14. Ристески Стојмир, Петровски Трајан (1972). Огненото лице на Дебарца караорманска. Скопје: Мисла. стр. 89.
  15. Размоски, Стојмир (1990). Охридско-Струшко во НОБ. Струга. стр. 152.
  16. Ристески Стојмир, Петровски Трајан (1972). Огненото лице на Дебарца караорманска. Скопје: Мисла. стр. 82.
  17. Охрид и охридско во борбата против фашизмот, ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976.
  18. Смилески, Димитар (2008). Оздолени, Слатински Чифлик и Сошани. Охрид.
  19. Степаноски, Наум (1988). Брежани. Охрид.
  20. Костески, Миливој (1998). Слатино, Дебрца-охридско. Скопје.
  21. 21,0 21,1 Грозданоски, Анѓеле (1994). Злести. Охрид.
  22. Костадиновски, Бранко. Врбјани. Скопје.
  23. Смилески, Димитар (1984). Велмеј. Охрид.
  24. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423.
  25. Смилјаниќ, Тома. Кичевија.
  26. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  27. Русиќ, Бранислав. Струшко Поле. Архивски фонд на МАНУ 88/1.
  28. Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
  29. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
  30. 30,0 30,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.

Надворешни врски уреди