Дебарско-кичевска епархија

епархија на МПЦ-ОА

Дебарско-кичевска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква која го опфаќа југозападниот дел на Македонија и е со седиште во градот Охрид. На чело на епархијата Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Тимотеј, кој ја носи титулата Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки.[1] Ги опфаќа градовите Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Брод. Дебарско-кичевската епархија вкупно зафаќа 3565,1 км2. Во нејзин состав се наоѓаат вкупно 14 општини, 5 градови, 262 села.[2]

Дебарско-кичевска епархија

Митрополитска резиденција
Основач МПЦ
Независност
Признавање православие
Поглавар Тимотеј
Седиште Охрид
Територија Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Македонски Брод
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал http://www.dke.org.mk/


Карта на епархиите во Македонија.
Митрополитот Тимотеј

Историја уреди

Охрид како македонски православен центар, е седиште на оваа епархија. Тука се наоѓало седиштето на древната Охридска Архиепископија, која неканонски била укината во 1767 година, но повторно возобновена како Македонска православна црква во 1967 година, на Црковно народниот собор во катедралната црква на охридските архиепископи „Света Софија“.

Со возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на 17 јули 1967 година, на Третиот црковно народен собор, се возобновила и древната Величка епархија со седиште во Охрид. Само после една година, на одржаниот Црковно народен собор на 17 октомври 1968 година, со одлука бр. 538, древната Величка епархија е преименувана во Дебарско-кичевска епархија, повторно со седиште во Охрид.

Митрополити уреди

Манастири уреди

Во оваа епархија се наоѓаат следниве познати цркви и манастири:

Архерејски намесништва уреди

Епархијата е поделена на четири архијерејски намесништва, и тоа: Охридско, Струшко, Кичевско, Бродско и Дебарско.

Охридско уреди

Охридското архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Прва охридска парохија
  2. Втора охридска парохија
  3. Трета охридска парохија
  4. Четврта охридска парохија
  5. Петта охридска парохија
  6. Шеста охридска парохија
  7. Седма охридска парохија
  8. Осма охридска парохија
  9. Деветта охридска парохија
  10. Белчишка парохија
  11. Велгошка парохија
  12. Велмејска парохија
  13. Коселска парохија
  14. Мешеишка парохија
  15. Пештанска парохија
  16. Слатинска парохија
  17. Требенишка парохија

Струшко уреди

Струшкото архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Прва струшка парохија
  2. Втора струшка парохија
  3. Трета струшка парохија
  4. Четврта струшка парохија (Драслајчка)
  5. Вевчанска парохија
  6. Ложанска парохија

Кичевско уреди

Кичевското архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Прва кичевска парохија
  2. Втора кичевска парохија
  3. Трета кичевска парохија
  4. Четврта кичевска парохија

Дебарско уреди

Дебарското архијерејско намесништво се состои само од Дебарско-реканската парохија

Бродско уреди

Бродското архијерејско намесништво е поделено на следниве парохии:

  1. Бродска парохија
  2. Манастиречка парохија
  3. Русјачка парохија

Наводи уреди

  1. „Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј“. Премин. Посетено на 2012-09-01.
  2. Дебарско-кичевска епархија. mpc.org.mk

Надворешни врски уреди