Дворци Августусбург и Фалкенлуст

Дворците Аугустусбург и Фалкенлуст е историски комплекс во Брил, Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој е запишан како светско културно наследство на УНЕСКО од 1984. Тие се поврзани со пространи градини и шуми од Schlosspark. Дворецот Аугустусбург и неговите паркови исто така служат како место за концерти во Брил. Музејот за Макс Ернст се наоѓа во близина.

Замоци Аугустусбург и Фалкенлуст кај Брил
светско наследство на УНЕСКО

Дворец Аугустусбург
Критериумкултурно: ii, iv
Навод288
Запис1984 (8-мо заседание)

Дворците биле изградени на почетокот на 18-от век од архиепископот-изборник на Келн, Клеменс Август БаварСки од семеството Вителсбах. Архитекти биле Јохан Конрад Шлаун и Франсоа де Кивилие. Главниот дел на дворецот Аугустусбург е во облик на латиничната буква „U“ со три ката и две нивоа за тавански простор. Прекрасните скалила биле дизајнирани од Јохан Балтазар Нојман.

Дворецот Фалкенлуст.

Градините биле дизајнирани од Доминик Жирар. Исто така била планирана цветна градина во областа јужно од дворците, но планот бил изменет од Петер Јозеф Лене во 19-от век и тој простор станал пејзажна градина. Обидите за обнова на таа област се покажале неуспешно, поради недостапноста на погоден материјал.

Фалкенлуст бил изграден од 1729 и 1740, во стил на ловечкиот дворец Амалинбург во паркот на дворецот Нимфенбург од Франсоа де Кивилие.

Аугустусбург во периодот по завршувањето на Втората светска војна до 1994 бил користен како сала за пречек на гости на државата од страна на германскиот претседател, бидејќи дворецот не се наоѓа далеку од Бон, кој бил главен град на Германија во тоа време.

Надворешни врски уреди

50°49′39″N 6°54′29″E / 50.82750° СГШ; 6.90806° ИГД / 50.82750; 6.90806