Дваесет и прва македонска ударна бригада

Дваесет и првата македонска ударна бригада била формирана на 19 октoмври 1944 година во месноста Широк Дол, Беровско.[1][2]

Дваесет и прва македонска ударна бригада
Активна19 октомври 1944 – мај 1945
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Боро Поцков

Била формирана од околу 700 борци и старешини од еден баталјон на Четвртата македонска ударна бригада, дел борци од бригадата „Гоце Делчев“ и новопристигнати борци. При формирање бригадата имала три пешадиски и еден тежок баталјон составен од две митралески и една минофрлачка чета.[1][2]

Команден состав уреди

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесар бил:

Борбени дејства уреди

Формациски бригадата била во составот на Педесет и првата македонска дивизија на НОВЈ и до конечното ослободување на Македонија дејствувала во Струмичко. Водела борби кај селата Чанаклија, Гечерлија и потоа за ослободување на Струмица.[1] По неколкудневното задржување на слободна Струмица во периодот од 5 до 11 ноември 1944 година, добила наредба да го обезбедува граничниот појас кон Грција, а еден баталјон да распореди кај село Моин од 15 ноември до првите денови на декември 1944 година. На 30 ноември 1944 бригадата веќе броела 1524 борци и старешини. По декемвриската воена реорганизација, главнината на бригадата влегла во состав на реорганизираната Педесетта македонска дивизија на НОВЈ, а еден баталјон во новоформираната Осма македонска дивизија на КНОЈ.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 137-138
  2. 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 433. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Литература уреди

  • Боро Митровски - Борбените дејствија на единиците на НОВ во Струмичкиот регион во периодот септември-ноември, 1944 и германската документација во врска со нив, Струмица и Струмичко во НОВ 1943-1945, Струмица, 1983;