Дарко Соколов

македонски кошаркар

Дарко Соколов (роден на 8 мај 1986 во Кочани) — македонски кошаркарски репрезентативец, кој настапува за Еуро Никел 2005 во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Дарко Соколов
ПозицијаБек
Висина1,89 м
Тежина88 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубЕуроникел 2005
Број6
Роден8 мај 1986(1986-05-08)(37 г.)
Кочани, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2001–
Клубови
2001–2003Балкан Стил
2003Центар
2004Поло Трејд
2004–2006Вардар
2006Босна
2006АМАК СП
2007Химик Јужни
2007–2008Струмица 2005
2008-2009Фени Индустри
2009МЗТ Аеродром
2009Работнички
2010-2013Фени Индустри
2013-2015Работнички
2015-2017Карпош Соколи
2017-2019МЗТ Аеродром
2019-Еуро Никел 2005
Репрезентација
Инфо од: 29.09.2019.

Клупска кариера уреди

Младинска кариера уреди

Младинската кариера ја започнал во младинската школа на Кочани Деликатес, каде играл од 1995 до 1999 година. Во 1999 година, бил избран за кадет на годината. Потоа се префрлил во школата на Балкан Стил.

Професионална кариера уреди

Својата професионална кариера ја започнал во 2001 година во Балкан Стил каде играл две сезони. Во првата половина од сезоната 2003/2004 играл во КК Центар од Скопје,[1] додека во втората половина настапувал во Поло Трејд од Струмица. За сезоната 2004/05, потпишал за Вардар 2000. Во август 2005 година, Соколов бил на проба во Ефес Пилсен од Истанбул, но се вратил во Македонија и ја одиграл целата сезона во Вардар. Во сезоната 2006/07, Дарко Соколов ја започнал својата меѓународна кариера, потпишувајќи за КК Босна од Сараево. Како играч на Босна одиграл 4 АБА натпревари и настапувал во нивниот дрес до октомври.[2] Следен клуб му бил АМАК СП во Првата македонска лига 2006/07. Со АМАП СП, во натпревар со три продолженија против Вардар Осигурување, Соколов постигнал 45 бода. Негов рекорд на еден натпревар.[3] Во охридскиот клуб не останал долго бидејќи во почетокот на јануари 2007 година, Дарко се преселил во украински Химик Јужни,[4] каде стигнале до полуфиналето на тамошното првенство. За сезоната 2007/08, се вратил во Струмица 2005 и играл една сезона односно сè до распадот на клубот.[5] Во 2008 година, потпишал за Фени Индустри каде играл сè до почетокот на Суперлигата,[6] за потоа префрлајќи се во МЗТ Аеродром.[7] Во 2009 година, потпишал за Работнички, но поради финансиската криза што го тресела клубот,[8] во втората полусезона го засилил Фени Индустри,[9] притоа освојувајќи го Првенството и Купот таа сезона. Исто така, со Фени го освоил Првенството и Балканската лига во 2011 година.[10] Во Фени играл сè до сезоната 2012/13 и повторно заиграл за Работнички од сезоната 2013/2014 кога истата сезона со клубот станал вицепрвак во Лигата.[11] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[12][13] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[14][15] Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.[16][17] [18] Во јуни 2016 година, Соколов потпишал нов договор со Карпош Соколи.[19] Со Карпош Соколи, Соколов го освоил Купот на Македонија 2017. Поради финансиската криза во Карпош Соколи, Соколов во ноември го напуштил клубот и се преселил во МЗТ Аеродром.[20][21] За сезоната 2018/19, Соколов ја продолжил соработката со МЗТ.[22][23] Таа сезона, Соколов го освоил македонското првенство. Во септември 2019, во пресрет на сезоната 2019/20, Соколов по третпат потпишал за Еуро Никел 2005 (бивш Фени Индустри).[24] За сезоната 2020/21, во средината на јули 2020 година, тој потпишал едносезонски договор со кој ја продолжил соработката со Еуро Никел 2005.[25][26]

Репрезентативна кариера уреди

 
Соколов во репрезентивниот дрес

Соколов има учествувано на Европското Првенство под 20 години - Б Дивизија 2006 во Лисабон каде со репрезентацијата го освоил среброто. Учествувал на Евробаскетот 2009 во Полска, освојувајќи го деветтото место со репрезентацијата. Во Литванија за време на Евробаскетот 2011, со репрезентацијата биле сензација на турнирот кога со освоиле четвртото место. На Евробаскетот 2013 го освоиле 21. место. Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Соколов,[27] воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.[28][29] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Соколов одиграл три напревари и постигнал два бода (0,7 по натпревар).[30] Соколов не бил повикан за подготвителните и квалификациските натпревари за Евробаскетот 2017.[31] Соколов бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[32]

Успеси уреди

Титули уреди

  Струмица 2005 уреди

  Еуроникел 2005 уреди

  Работнички уреди

  Карпош Соколи уреди

  МЗТ Аеродром уреди

Признанија уреди

  • Најдобар млад кошаркар за 2005 година[33][34][35]
  • Најдобар млад кошаркар за 2006 година[36][37]
  • Особен придонес во сезоната 2010/11[38]
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Бек на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Европски играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Втора најдобра петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2014/15
  • Особен придонес во сезоната 2017/18[39]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Сензационална победа на Центар над "шпедитерите". vest.com.mk. 10 ноември 2003. Посетено на 25 јануари 2017.[мртва врска]
  2. „Darko Sokolov“. proballers.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 29 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Соколов лет на "штрковите". ohridnews.com преку web.archive.org. 2 мај 2009. Посетено на 29 септември 2019.
  4. "Химик" подписал Дарко Соколова“. basket.com.ua преку web.archive.org. 5 јануари 2007. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 29 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. Соколов се пресели во Струмица Архивирано на 5 март 2016 г. vecer.mk 14 јуни 2007
  6. ФЕНИ ИНДУСТРИ ГИ СТОПИ „МЕТАЛЦИТЕ“ Архивирано на 4 март 2016 г. utrinski.mk 23 октомври 2008
  7. МЗТ СЕ НАДМИНА ВО ТРИЛЕР-МАЈСТОРКАТА ПРОТИВ АМАК СП[мртва врска] utrinski.mk 1 мај 2009
  8. Мираковски и Чековски во Левски, Соколов во Рилски С.? Архивирано на 4 март 2016 г. novamakedonija.com.mk 13 октомври 2009
  9. Соколов се врати во Фени Индустри[мртва врска] novamakedonija.com.mk 26 декември 2009
  10. Фени Индустри победник на Балканската кошаркарска лига[мртва врска] sitel.com.mk 17 април 2011
  11. Соколов ново имe во Работнички[мртва врска] derbi.mk 20 август 2013
  12. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат Архивирано на 6 мај 2015 г. ekipa.mk 22 февруари 2015
  13. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  14. Работнички на колена, Куманово е во финалето! Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
  15. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  16. Репрезентативно засилување: Дарко Соколов една сезона во јатото на „соколите"! sportmedia.mk 1 август 2015
  17. Соколов е нов играч на Карпош Соколи Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 1 август 2015
  18. Дарко Соколов потпиша за Карпош соколи Архивирано на 3 август 2015 г. ekipa.mk 1 август 2015
  19. Карпош Соколи започна да се екипира: Нови договори за Соколов и тренерот Матиќ Архивирано на 21 јуни 2016 г. ekipa.mk 20 јуни 2016
  20. „Соколов ги напушти „соколите", се сели во МЗТ“. sportmedia.mk. 20 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
  21. „Соколов го избра МЗТ“. ekipa.mk. 20 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
  22. „МЗТ ги осигура Соколов и Маслинко, чека на Дамјан и Симоновски“. sportmedia.mk. 26 јуни 2018. Посетено на 4 јули 2018.
  23. „Маслинко и Соколов и во следната сезона во МЗТ“. gol.mk. 26 јуни 2018. Посетено на 4 јули 2018.
  24. „Соколов се враќа во Кавадарци“. basketball.mk преку web.archive.org. 29 септември 2019. Посетено на 29 септември 2019.
  25. „Дарко Соколов потпиша нов договор со Еуро Никел“. ekipa.mk преку web.archive.org. 12 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-12. Посетено на 12 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. „Соколов во Еуроникел уште една сезона“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 12 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-12. Посетено на 12 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  27. Македонија вечерва против Белгија на стартот од квалификациите за ЕП[мртва врска] vistina.mk 10 август 2014
  28. Џикиќ: Момците можат повеќе, а не го знаат тоа Архивирано на 30 март 2015 г. derbi.mk 27 август 2014
  29. Македонска кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на Евробаскет 2015! Архивирано на 1 април 2015 г. supersport.com.mk 27 август 2014
  30. Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
  31. Раца го „скокна“ Соколов, но и Американците sportmedia.mk 18 јули 2016
  32. „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
  33. „Тасовски кошаркар на годината“. time.mk. 29 декември 2005. Посетено на 26 февруари 2018.
  34. „Диме Тасовски и Тодор Гечевски - кошаркари во годината“. star.dnevnik.com.mk. 31 декември 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-08.
  35. „Тасовски - играч на годината“. vesnik.com. 29 декември 2005. Посетено на 24 декември 2018.[мртва врска]
  36. „„Новинарите" подобри од репрезентацијата“. sportskoradio903.com.mk. 25 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 26 февруари 2018.
  37. „Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“. vecer.mk. 25 декември 2006. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  38. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  39. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.