Даниел Теклехајманот

еритрејски велосипедист

Даниел Теклехајманот Гирмазион (тигриња: ዳንኤል ተክለሃይማኖት ግርማጽዮን; р. 10 ноември 1988) — еритрејски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]

Даниел Теклехајманот
Теклехајманот на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеДаниел Теклехајманот Гирмазион
Роден10 ноември 1988(1988-11-10)(35 г.)
Дебарва, Еритреја Еритреја
Висина1,88 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКофидис
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2009–2011 Сентре мондијал ди сиклисм
Професионални клубови
2008

2010
2012-2013
2014-2017
2018-
Аморе & Вита-Мекдоналдс (стажант)
Сервело ТестТим (стажант)
ГринЕЏ
МТН Кубека
Кофидис
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Африканско друмско првенство (2010)
Африканско хронометарско првенство (2010–2013)
Африканско екипно хронометарско првенство (2010–2013, 2015)
Национално друмско првенство (2008, 2012, 2016)
Национално хронометарско првенство (2011–2012, 2015-2016)
Последна промена
10 февруари 2018

Кариера уреди

 
Теклехајманот на Тур де Франс 2015

Теклехајманот бил член на тренинг програмата на Светскиот велосипедистички центар на UCI пред да потпише за новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ во 2012 година.[2] Додека бил во Светскиот велосипедистички центар му била дијагностицирана тахикардија, која била отстранета со операција на почетокот во 2009 година. Се вратил со возење во мај истата година и завршил шести во генералниот пласман на Тур де л’Авенир.[3] Во 2010 година возел како стажант за Сервело ТестТим. Истата година ја освоил друмската трка, поединечниот хронометар и екипниот хронометар на африканските првенства, како на елитни, така и за возачи под 23 години. На Африканската турнеја на UCI 2010-2011 ја освоил Трката околу Руанда и Квита Изина.[4] Учествувал на Летните олимписки игри, станувајќи првиот Еритреец кој настапил во спорт различен од атлетиката; ја завршил друмската трка на 73. место. Во 2012 година станал првиот Еритреец кој возел на Вуелта а Еспања, една од трите големи трки; ја завршил трката на 146. место.

Теклехајманот се приклучил на екипата МТН Кубека за сезоната 2014 на двегодишен договор.[5] Во 2015 година, на Критериум ди Дофине ја освоил првата маичка на трка во Светската турнеја во историјата на екипата, освојувајќи го планинскиот пласман.[6] Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015[7] заедно со колегата и сонародник Мерхави Кудус,[8] станувајќи еден од двајцата црни Африканци кои возеле на Тур.[9]

Теклехајманот стана прв црн африкански возач кој ја носел точкастата маичка по освојувањето на истата на шестата етапа на Тур де Франс 2015.[10]

Достигнувања уреди

2008
1.   Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур Ивоарин де ла По
2009
2. Краен пласман Трка околу Еритреја
1. Етапа 1
1. Етапа 3
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
2010
Африкански првенства
1. Друмска трка
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1. Краен пласман Трка околу Руанда
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Куп де Насионс Вил Сагене
2011
Африкански првенства
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1.   Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Квита Изина
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Трка околу Алжир
5. Краен пласман Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 4
2012
Африкански првенства
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1.   Национално друмско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
2013
Африкански првенства
1. Поединечен хронометар
1. Екипен хронометар
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2014
4. Краен пласман Мзанси Тур
2015
Африкански првенства
1. Екипен хронометар
2. Поединечен хронометар
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Планински пласман Критериум ди Дофине
2016
1.   Планински пласман Критериум ди Дофине
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Национално друмско првенство
2017
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Трка околу Австрија

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 111
  Тур 49 85
  Вуелта 146 47

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Teklehaimanot signs late deal with Cofidis“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 февруари 2018. Посетено на 3 февруари 2018.
  2. Кери, Пјер (4 август 2011). „Теклехајманот потпиша за ГринЕџ“. cyclingnews.com. Посетено на 5 август 2011.
  3. Ли, Шон (17 август 2012). „Теклехајманот е етапен возач во прогрес“. theroar.com. Посетено на 8 јуни 2015.
  4. Аринаитве, Остине (13 јуни 2011). „Руанда: Теклехајманот победи на Квита Изина“. allafrica.com. Посетено на 5 август 2011.
  5. „Теклехајманот се сели во МТН-Кубека“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 октомври 2013. Посетено на 14 декември 2013.
  6. „МТН-Кубека ја прослави првата маичка од Светската турнеја на Критериум ди Дофине“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 јуни 2015. Посетено на 15 јуни 2015.
  7. „Почетна листа за Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  8. Камингс, Басија (10 јули 2015). „Даниел Теклехајманот: „Јас сум горд што сум Еритреец возејќи на Тур де Франс". theguardian.com. Посетено на 10 јули 2015.
  9. „Даниел Теклехајманот стана прв Африканец кој настапи на Тур де Франс“. thenational.ae. 4 јули 2015. Посетено на 5 јули 2015.
  10. „UCI World Cycling Centre: former trainee Teklehaimanot makes Tour de France history“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 10 јули 2015. Посетено на 2 август 2015.

Надворешни врски уреди