Далибор Брозовиќ (Сараево, 28 август 1927 - Загреб, 19 јуни 2009 ) – хрватски лингвист, славист, кроатист, член на ХАЗУ, а од 1986 член и на МАНУ надвор од работниот состав.[1]

Далибор Брозовиќ
Dalibor Brozović
Роден 28 август 1927
Сараево
Починал 19 јуни 2009
Загреб
Националност Хрват
Занимање универзитетски професор, академик

Животопис уреди

Неговата библиографија брои над илјада позиции, меѓу кои и книги. Во центарот на неговиот интерес е фонолошката проблематика на словенските јазици на стандардно и на дијалектно ниво и социолингвистичката одлика и статусот на словенските стандардни јазици. Во неговите трудови видно место зазема македонската проблематика. Во статијата Das Grundgesetz der makedonischen Prosodie („Wiener slavistisches Jahrbuch“, 21, 1975) прв пат ја формулира денеска општоприфатената теза дека во македонската прозодија треба да се бројат мори, а не само слогови. Автор е и на статијата „Македонски језик“ во Хрватската енциклопедија.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 212. ISBN 978-608-203-023-4.