Далекуисточен федерален округ

Далекуисточниот федерален округ (руски: Дальневосточный федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Населението брои 6.692.865 жители според пописот од 2002, а површината изнесува 6.215.900 км2. Ова е најголемиот федерален округ во Русија. Моменталниот полномошен претставник на претседателот е Виктор Ишаев.

Бикински национален парк
Местоположбата на Далекуисточниот федерален округ во рамките на Русија

Далекуисточниот федерален округ ја покрива територијата на Рускиот Далечен Исток (рускиот дел на Далечниот Исток).

Делови од Федералниот округ, со републики (што уживаат голема автономија) се обележани со ѕвездичка:

1. Амурска област
2. Еврејска автономна област
3. Камчатска област
3a. Корјачки автономен округ
4. Хабаровски крај
5. Магданска област
5a. Чукотски автономен округ
6. Јакутија*
7. Сахалинска област
8. Приморски крај

Поделба на Далекуисточниот федерален округ
Поделба на Далекуисточниот федерален округ

Најголеми градови во округот се Владивосток, Хабаровск, Николаевск на Амур, Јужно-Сахалинск, Комсомолск на Амур и Петропавловск Камчатски.

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди