Давид Хофштајн (јидиш: דוד האָפשטיין, руски: Давид Гофштейн; ( 1889 - 12 август 1952) е еврејски поет[1].

Роден е во Украина и се здобива со карактеристично еврејско образование; неговата апликација до Универзитетот во Киев е одбиена. На почетокот, Хофштајн пишува на еврејски, хебрејски, руски и украински јазик.

По Руската револуција од 1917, која восхитено ја поздравува, Ховштајн пишува само на еврејски. Соуредник е московскиот месечник Shtrom, последниот орган на слободната еврејска мисла печатен во Советскиот Сојуз. Песните во кои тој го велича комунизмот ќе го направат дел од Киевскиот триумвират на еврејски поети, покрај Лајб Квитко и Перец Маркиш.

Хофштајновите елегии посветени на еврејските заедници уништени од погромите на Белата гардасе појавуваат во 1922 година со илустрации на Марк Шагал. Хофштајн го крева својот глас против прогонот на хебрејските поети и на тој начин ја разгневува власта. Затоа емигрира прво во Германија, а потоа и во Палестина во 1923 година. Во Палестина ја издава драмската поема Sha'ul–Der Letster Meylekh fun Yisroel (Савле–Последниот крал на Израел, 1924) како и експресионистичката драма Meshiekhs Tsaytn (Време на Месијата, 1925). Се враќа во Киев во 1926 година и пишува низа песни во кои ја велича Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Хофштајн восхитен го поздравува формирањето на Израел во 1948 година; сепак, истата година, кога Јосиф Сталин ја повлекува поддршката за Израел, Хофштајн е уапсен и заедно со Квитко, Маркиш и други членови на Еврејскиот Антифашистички Комитет е транспортиран најпрво во Москва, а потоа и во Сибир. Погубен е на Ноќта на убиените поети (12 спрема 13 август 1952), заедно со уште дванаесет други еврејски писатели и уметници. По смртта на Сталин, сите се посмртно рехабилитирани, а собраните дела на Хофштајн се појавуваат преведени на руски во 1958 година[2].

Наводи уреди