Давид Серхио Трезеге (роден на 15 октомври 1977 година) — поранешен француски фудбалер, напаѓач, освојувач на Светско и на Европско првенство.

Давид Трезеге
Лични податоци
Роден на 15 октомври 1977(1977-10-15)(46 г.)
Роден во Руен, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001900000001,90 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 21 јануари 2015 (37 години)
Младинска кариера
Платенсе Платенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1995 Платенсе Платенсе 5 (0)
1995-2000 Монако Монако 93 (52)
2000-2010 Јувентус Јувентус 245 (135)
2010-2011 Еркулес Еркулес 31 (12)
2011 Банијас Банијас 3 (0)
2012-2014 Ривер Плејт Ривер Плејт 35 (16)
2013-2014Њуелс Олд Бојс Њуелс Олд Бојс 24 (7)
2014 Пуне Сити Пуне Сити 9 (2)
Репрезентација
1995-1996 Франција Франција 18 12 (15)
1996-1997 Франција Франција 20 14 (12)
1997-1998 Франција Франција 21 5 (5)
1998-2008 Франција Франција 71 (34)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Неговиот прекар е Трезегол.

Кариера уреди

Клупска кариера уреди

Роден е во Франција, каде што неговиот татко Хорхе, инаку аргентински фудбалер, играл три сезони во екипата на Руан на крајот на седумдесеттите. Откако се вратил со своето семејство во Аргентина, Давид почнува да игра фудбал на возраст од 8 години по стапките на својот татко. Бил прифатен во младинскиот тим на Платенсе, а на возраст од 16 години го направил своето деби за првиот тим во аргентинското првенство.

Во 1995 година, повторно се вратил во Франција, откако бил купен од страна на Монако. Започнал да игра за вториот тим, но набргу бил забележан од страна на тренерот, поранешниот француски репрезентативец Жан Тигана, така што бил префрлен во првиот тим, за да оформи впечатливо партнерство во нападот со својот пријател и а подоцна и колега од репрезентацијата - Тјери Анри. Откако Монако ја освоил титулата во Лига 1 во сезоната 1996-97, се квалификувале за Лигата на шампионите следната сезона, а Трезеге со 4 постигнати гола му помогнал на тимот да стигне до полуфиналето каде биле елиминрани од неговиот следен клуб Јувентус со вкупен резултат 6-4. Во сезоната 1999-2000, Трезеге уште еднаш го освоил француското првенство со Монако, придонесувајќи за титулата со 22 постигнати гола; еден помалку од најдобриот стрелец за сезоната Сони Андерсон од Лион, а еден повеќе од својот партнер во нападот на Монако, Марко Симоне. По завршувањето на оваа сезона Трезеге го напуштил клубот од кнежевството по 93 првенствени настапи на кој постигнал 52 гола.

 
Трезеге во Јувентус во сезоната 2007-08.

Во 2000 година, Трезеге му се приклучил на италијанскиот Јувентус за трансфер-сума од 20 милиони £. Во неговата прва сезона во Торино под водство на Карло Анчелоти, тој бил замена за почетните напаѓачи Филипо Инѕаги и Алесандро Дел Пјеро. Сепак, Трезеге постигнал импресивни 14 гола во 25 настапи во Серија А.

Меѓутоа, веќе во својата втора сезона, по заминувањето на Инзаги во Милан, Трезеге бил вклучен во почетната постава и му помогнал на Јувентус да го освои скудетото во сезоната 2001-02, постигнувајќи 24 голови во Серија А. Тој бил воедно и најдобар стрелец за сезоната заедно со напаѓачот на Пјаченца, Дарио Хубнер кој исто така постигнал 24 гола.

Во својата трета сезона во клубот, Трезеге уште еднаш ја освоил Серија А придонесувајќи со 9 постигнати гола, но уште поголем бил неговиот придонес во Лигата на шампионите постигнувајќи 8 гола во 10 настапи, помагајќи му на Јувентус да стигне до финалето каде на пенали со резултат 2-3 загубиле од Милан. Трезеге бил еден од тројцата играчи на Јувентус кој промашиле во пенал-серијата.

Во сезоната 2004-05 бил често повреден, но неговиот придонес бил и понатаму голем: на почетокот на сезоната, постигнал четири гола во три натпревари против Бреша, Аталанта и Сампдорија пред да го повреди рамото. Тој го постигнал и одлучувачкиот гол во директниот двобој за скудетото против Милан; два тима се наоѓале на врвот од табелата, а Јуве победил на Сан Сиро со (0-1), благодарение на голот на Трезеге со глава, по нафрлената топка од неговиот партнер во нападот Дел Пјеро.

Во сезоната 2005-06, Трезеге освоил уште еден Скудето (подоцна доделено на Интер по испаѓањето на Бјанконерите). Исто така, авантурата на Јувентус во Лигата на шампионите завршила рано, по испаѓањето во четврт-финалето од Арсенал. На лично ниво, Трезеге постигнал 23 првенствени гола и 6 во Лигата на шампионите, со што ја надминал бројката од 100 гола за Јувентус, а со голот против Брухе станал најдобар странски стрелец во историјата на Јувентус, надминувајќи ги Мишел Платини и Џон Чарлс.

Следната сезоната за Јувентус била многу тешка затоа што клубот бил исфрлен во Серија Б, по донесената пресуда за скандалот со наместени натпревари. Поголемиот дел на играчи го напуштиле Јувентус, но не и Трезеге. Заедно со капитенот Дел Пјеро, Џанлујџи Буфон, Павел Недвед и Мауро Каморанези останал да ги носи боите на клубот и во втората италијанска лига. Постигнувајќи 15 гола, помогнал за промоција и експресно враќање на Јувентус во Серија А. На 25 јуни 2007 го продолжил договорот со Јувентус до 30 јуни 2011, за плата од 4,5 милиони евра годишно.[1] Првите зборови по потпишувањето му бил: "Јас направив одлучувачки избор за мојата кариера, за мојот живот".[2]

Трезеге одиграл уште три сезони во Серија А со Јувентус, но без ниту еден освоен трофеј. Во летото 2010 го напуштил Јувентус, но се вратил на почетокот на 2014 година за да ги поздрави навивачите на клубот, на Стадион Јувентус. Вкупно за Јувентус одиграл 320 натпревари и постигнал 171 гол.

 
Трезеге во август 2010 на претставувањето во Еркулес.

На 28 август 2010, му се приклучил на новиот шпански прволигаш, Еркулес. Во својата прва и единствена сезона во Шпанија (2010-11), постигнал 12 гола во 31 настап соработувајќи успешно во нападот со парагваецот Нелсон Хаедо Валдез.

На 30 август 2011, потпишал едно-годишен договор со Банијас, екипа од Обиденетите Арапски Емирати. По само три лигашки настапи, неговиот договор бил раскинат по заемна согласност на 21 ноември поради повреда која го оддалечила од теренот во поголемиот дел од сезоната.

 
Трезеге во Ривер Плејт.

Набргу потоа, во декември 2011 година, Трезеге потпишал три-годишен договор со аргентинскиот Ривер Плејт, враќајќи се во земјата на потекло по 16 години. Тој постигнал 13 голови во 19 настапи, помагајќи му на клубот да избори промоција назад во Првата аргентинска лига. Тој, исто така учествувал во Копа Аргентина, каде што Ривер биле елиминирани во полуфиналната фаза. Меѓутоа поради караница со тренерот наскоро бил приморан да го напушти клубот.

На 22 јули 2013 година бил позајмен на Њуел Олд Бојс на една година. На 1 ноември, со два гола против Колон, го достигнува и го надминува прагот од 300 гола во кариерата. На 27 јуни 2014 ги објавил својте планови да се врати во Ривер Плејт за да ја заврши својата играчка кариера, но од клубот најавиле дека играчот не е во нивните планови за новата сезона.

На 30 јули 2014 му се приклучил на индискиот клуб Пуне Сити. На 21 јануари 2015, објавил крај на својата играчка кариера.[3]

Репрезентативна кариера уреди

Трезеге постигнал 34 гола во 71 настап за француската репрезентација во периодот помеѓу 1998 и 2008 година. Трезеге ја претставувал Франција на Светското првенство 1998, Европското 2000, Светското 2002, Европското 2004 и Светското 2006.

И покрај освојувањето на Светското првенство со Франција во 1998, Трезеге можеби најмногу ќе остане запаметен по постигнувањето на златниот гол во финалето на Европското првенство 2000 против Италија кој на Франција и го донесе Европскиот наслов по победата со 2-1 во продолженијата.

Хронологија на репрезентативни настапи и голови уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
28-1-1998 Сен Дени Франција   1 – 0   Шпанија Пријателска -
25-2-1998 Марсеј Франција   3 – 3   Норвешка Пријателска -
22-4-1998 Солна Шведска   0 – 0   Франција Пријателска -
29-5-1998 Казабланка Мароко   2 – 2   Франција Пријателска -
5-6-1998 Хелсинки Финска   0 – 1   Франција Пријателска 1
12-6-1998 Марсеј Франција   3 – 0   Јужна Африка СП 1998 - Прва фаза -
18-6-1998 Сен Дени Франција   4 – 0   Саудиска Арабија СП 1998 - Прва фаза 1
24-6-1998 Лион Франција   2 – 1   Данска СП 1998 - Прва фаза -
28-6-1998 Ленс Франција   1 – 0   Парагвај СП 1998 - Осминафинале -
3-7-1998 Сен Дени Италија   0 – 0 прод.
(3-4 пен.)
  Франција СП 1998 - Четвртфинале -
8-7-1998 Сен Дени Франција   2 – 1   Хрватска СП 1998 - Полуфинале -
14-10-1998 Сен Дени Франција   2 – 0   Андора Квал. за Евро 2000 -
31-3-1999 Сен Дени Франција   2 – 0   Ерменија Квал. за Евро 2000 -
9-10-1999 Сен Дени Франција   3 – 2   Исланд Квал. за Евро 2000 1
23-2-2000 Сен Дени Франција   1 – 0   Полска Пријателска -
26-4-2000 Сен Дени Франција   3 – 2   Словенија Пријателска 2
28-5-2000 Загреб Хрватска   0 – 2   Франција Пријателска -
4-6-2000 Казабаланка Јапонија   2 – 2   Франција Пријателска -
21-6-2000 Амстердам Франција   2 – 3   Холандија Евро 2000 - Прва фаза 1
28-6-2000 Брисел Франција   2 – 1 зг   Португалија Евро 2000 - Полуфинале -
2-7-2000 Ротердам Франција   2 – 1 зг   Италија Евро 2000 - Финале 1 Европски шампион
16-8-2000 Марсеј Франција   5 – 1   World Stars Пријателска 3
2-9-2000 Сен Дени Франција   1 – 1   Англија Пријателска -
4-10-2000 Сен Дени Франција   1 – 1   Камбоџа Пријателска -
7-10-2000 Јоханесбург Јужна Африка   0 – 0   Франција Пријателска -
15-11-2000 Истанбул Турција   0 – 4   Франција Пријателска 2
24-3-2001 Сен Дени Франција   5 – 0   Јапонија Пријателска 2
28-3-2001 Валенсија Шпанија   2 – 1   Франција Пријателска 1
25-4-2001 Сен Дени Франција   4 – 0   Португалија Пријателска -
15-8-2001 Нант Франција   1 – 0   Данска Пријателска -
1-9-2001 Сантјаго Чиле   2 – 1   Франција Пријателска 1
6-10-2001 Сен Дени Франција   4 – 1   Алжир Пријателска -
11-11-2001 Мелбурн Австралија   1 – 1   Франција Пријателска 1
13-2-2002 Сен Дени Франција   2 – 1   Романија Пријателска -
27-3-2002 Сен Дени Франција   5 – 0   Шкотска Пријателска 2
18-5-2002 Сен Дени Франција   1 – 2   Белгија Пријателска -
27-3-2002 Сувон Јужна Африка   2 – 3   Франција Пријателска 1
31-5-2002 Сеул Франција   0 – 1   Сенегал СП 2002 - Прва фаза -
6-6-2002 Бусан Франција   0 – 0   Уругвај СП 2002 - Прва фаза -
11-6-2002 Инчеон Франција   0 – 2   Данска СП 2002 - Прва фаза -
14-2-2003 Сен Дени Франција   0 – 2   Чешка Пријателска -
29-3-2003 Ленс Франција   6 – 0   Малта Квал. за Евро 2004 1
2-4-2003 Палермо Израел   1 – 2   Франција Квал. за Евро 2004 1
20-8-2003 Женева Швајцарија   0 – 2   Франција Пријателска -
6-9-2003 Пескара Франција   5 – 0   Кипар Квал. за Евро 2004 2
10-6-2003 Љубљана Словенија   0 – 2   Франција Квал. за Евро 2004 1
11-10-2003 Сен Дени Франција   3 – 0   Словенија Квал. за Евро 2004 1
15-11-2003 Гелзенкирхен Германија   0 – 3   Франција Пријателска 2
31-3-2004 Ротердам Холандија   0 – 0   Франција Пријателска -
20-5-2004 Сен Дени Франција   0 – 0   Бразил Пријателска -
28-5-2004 Монпелје Франција   4 – 0   Андора Пријателска -
13-6-2004 Лисабон Франција   2 – 1   Англија Евро 2004 - Прва фаза -
17-6-2004 Леирија Хрватска   2 – 2   Франција Евро 2004 - Прва фаза 1
21-6-2004 Коимбра Швајцарија   1 – 3   Франција Евро 2004 - Прва фаза -
25-6-2004 Лисабон Франција   0 – 1   Грција Евро 2004 - Четвртфинале -
9-2-2005 Сен Дени Франција   1 – 1   Шведска Пријателска 1
26-3-2005 Сен Дени Франција   0 – 0   Швајцарија Квал. за СП 2006 -
30-3-2005 Тел Авив Израел   1 – 1   Франција Квал. за СП 2006 1
17-8-2005 Монпелје Франција   3 – 0   Брег на Слоновата Коска Пријателска -
12-11-2005 Сен Дени Франција   0 – 0   Германија Пријателска -
1-3-2006 Сен Дени Франција   1 – 2   Словачка Пријателска -
27-5-2006 Сен Дени Франција   1 – 0   Мексико Пријателска -
7-6-2006 Сен Дени Франција   3 – 1   Кина Пријателска 1
18-6-2006 Лајпциг Франција   1 – 1   Јужна Кореја СП 2006 - Прва фаза -
23-6-2006 Келн Франција   2 – 0   Того СП 2006 - Прва фаза -
9-7-2006 Берлин Италија   1 – 1 прод.
(5-3 пен.)
  Франција СП 2006 - Финале - 2. место
7-10-2006 Глазгов Шкотска   1 – 0   Франција Квал. за Евро 2008 -
11-10-2006 Сошо Франција   5 – 0   Фарски Острови Квал. за Евро 2008 2
7-2-2007 Сен Дени Франција   0 – 1   Аргентина Пријателска -
12-9-2007 Париз Франција   0 – 1   Шкотска Квал. за Евро 2008 -
26-3-2008 Сен Дени Франција   1 – 0   Англија Пријателска -
Вкупно Настапи (18. место) 71 Голови (3. место) 34

Спортска улога уреди

Откако ја завршил својата играчка кариера се вратил во Јувентус, на функцијата претседател на новиот клупски проект наречен "Легендите на Јувентус".[4]

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 9 декември 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1993-1994   Платенсе ПД 3 0 - - - - - - - - - 3 0
1994-1995 ПД 2 0 - - - - - - - - - 2 0
Вкупно Платенсе 5 0 - - - - - - 5 0
1995-1996   Monaco 2 АШФ 18 10 - - - - - - - - - 18 10
1996-1997 АШФ 14 12 - - - - - - - - - 14 12
Вкупно Монако 2 32 22 - - - - - - 32 22
1995-1996   Монако Л1 4 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - - - 5 0
1996-1997 Л1 5 0 КФ+ЛКФ 0 0 - - - - - - 5 0
1997-1998 Л1 27 18 КФ+ЛКФ 3+1 1+0 ЛШ 9 4 СФ 1 1 41 24
1998-1999 Л1 27 12 КФ+ЛКФ 1+2 0 КУ 5 2 - - - 35 14
1999-2000 Л1 30 22 КФ+ЛКФ 1+1 0 КУ 7 2 - - - 39 24
Вкупно Монако 93 52 10 1 21 8 1 1 125 62
2000-2001   Јувентус A 25 14 КИ 2 0 ЛШ 5 1 - - - 32 15
2001-2002 А 34 24 КИ 2 0 ЛШ 10 8 - - - 46 32
2002-2003 А 17 9 КИ 1 0 ЛШ 10 4 СИ 0 0 28 13
2003-2004 А 25 16 КИ 3 1 ЛШ 5 4 СИ 1 1 34 22
2004-2005 А 18 9 КИ 1 1 ЛШ 5 4 - - - 24 14
2005-2006 А 32 23 КИ 0 0 ЛШ 9 6 СИ 1 0 42 29
2006-2007 Б 31 15 КИ 1 0 - - - - - - 32 15
2007-2008 А 36 20 КИ 3 0 - - - - - - 39 20
2008-2009 А 8 1 КИ 3 0 ЛШ 4[5] 0 - - - 15 1
2009-2010 А 19 7 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 4+4 1+2 - - - 27 10
авг. 2010 А 0 0 КИ 0 0 ЛЕ 1[6] 0 - - - 1 0
Вкупно Јувентус 245 138 16 2 57 30 2 1 320 171
авг. 2010-2011   Еркулес ПД 31 12 КдР 0 0 - - - - - - 31 12
авг.-дек. 2011   Банијас ПЛ 3 0 КО 0 0 - - - ЕЕК 1 0 4 0
јан.-јун. 2012   Ривер Плејт БН 19 13 КА 2 1 - - - - - - 21 14
2012-2013 ПД 16 3 КА 0 0 - - - - - - 16 3
Вкупно Ривер Плејт 35 16 2 1 - - - - 37 17
2013-2014   ФК Њуел Олд Бојс ПД 24 7 КА 0 0 КЛ 6 2 - - - 30 9
2014   Пуне Сити ИСЛ 9 2 - - - - - - - - - 9 2
Вкупно во кариерата 477 249 28 3 84 40 4 2 593 294

Најмногу голови на еден натпревар уреди

Во својата кариера Трезеге постигнал најмногу три гола на еден натпревар, односно т.н. хет-трик. Вкупно има осум такви натпревари на кој постигнал хет-трик, од кој два во Лига 1 како играч на Монако и шест во Серија А како играч на Јувентус.

Натпревари во кој постигнал хет-трик уреди








Титули уреди

Клупски уреди

  Монако уреди

  Јувентус уреди

  Ривер Плејт уреди

Ререзентативни уреди

Наводи уреди

  1. Франческо Летиција (25 јуни 2007). tuttomercatoweb.com (уред.). „UFFICIALE: Trezeguet rinnova con la Juventus“. Посетено на 25 јули 2008.
  2. ANSA (25 јуни 2007). it.eurosport.yahoo.com (уред.). „Trezeguet, scelta decisiva per vita“. Посетено на 25 јули 2008.
  3. Бен Грин (20 јануари 2015). 101greatgoals (уред.). „French legend David Trezeguet retires from professional football“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 25 март 2015.
  4. juvebalkan.com, уред. (8 април 2015). „Trezeguet se vratio u klub!“ (хрватски). Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-09.
  5. Еден настап во третото квалификациско коло
  6. Преелиминарно коло.

Надворешни врски уреди