Гуштер (соѕвездие)

Гуштер — едно од 88-те современи соѕвездија определено од Меѓународниот астрономски сојуз. Името потекнува од латинскиот збор lacerta што во превод значи гуштер. Мало, слабосјајно соѕвездие, создадено во 1687 година од страна на астрономот Јохан Хевелиј. Најсветлите ѕвезди образуваат облик „W“ облик сличен со оној на Касиопеја, и понекогаш се нарекува и 'Мала Касиопеја'. Се наоѓа меѓу Лебед, Касиопеја и Андромеда на северната небесна сфера. Северниот дел од соѕвездието е сместен во Млечниот Пат.

Гуштер
лат. Lacerta
КратенкаLac
ГенитивноLacertae
СимболизамГуштер
Ректасцензија22,5 ч.
Деклинација+45°
КвадрантNQ4
Површина201 (°)² (68.)
Главни ѕвезди5
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
17
Ѕвезди со планети12
Ѕвезди посјајни од 3,00m0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаα Lac (3,76m)
Најблиска ѕвездаEV Гуштер
(16,47 сг, 5,05 пс)
Месјеови објекти0
Соседни
соѕвездија
Андромеда
Касиопеја
Кефеј
Лебед
Пегаз
Видливо на ширина од +90° до −40°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец октомври.

Забележителности уреди

 
Соѕвездието Гуштер набљудувано со голо око.

Соѕвездието Гуштер е типично соѕвездие од Млечниот Пат: нема сјајни галаксии, ниту пак збиени ѕвездени јата, но има расеани ѕвездени јата, на пример NGC 7243, слабосјајната планетарна маглина IC 5217 и неколку двојни ѕвезди. Исто така го содржи и прототипот за блазар BL Гуштер. Во гуштер нема Месјеови објекти.

Ѕвезди уреди

Алфа Гуштер iе бело-сина ѕвезда од главната низа со светлинска величина 3,8 и нарастојание од 102 сг. од Земјата. Со спектрална класа A1 V и претставува оптичка двојна ѕвезда. Бета Гуштер ѕвезда жолт џин е доста потемна, и со светлинска величина 4,4, на растојание од 170 сг. од Земјата.[1]

Рое 47 е многубројна ѕвезда која се состои од 5 ѕвезди со светлински величини 5,8; 9,8; 10,1; 9,4; 9,8.

ADS 16402 е двојна ѕвезда во Гуштер, околу која е пронајдена вонсончева планета која кружи околу матичната ѕвезда на некој невообичаен начин.[2] Планетата со големина на Јупитер има мошне мала густина, иста како и плута. Оваа планета е означена како HAT P-1.

EV Гуштер е брзовртечко црвено џуџе со светлинска величина 10 и многу силно магнетно поле. Станува збор за еруптивна ѕвезда која може да оддаде моќни ерупции кои можат да се забележат и со голо око, илијадници пати посилни од оние на Сонцето.

Далечни објекти уреди

NGC 7243 е расеано ѕвездено јато на растојание од 2.500 сг. од Земјата, видливо во мали аматерски телескопи. Има неколку дузина „разместени“ ѕвезди, од кои најсјаната има светлинска величина 8.[1]

BL Гуштере прототип за ѕвезди BL Гуштер, кои наликуваат на темни променливи ѕвезди но се всушност јадра од елиптични галаксии, кои се слични на квазарите.[1] Ова име го користар цела група на небесни објекти, т.е. објекти од типот BL Гуштер (поттип на блазар). Објектите имаат променлива светлинска величина која се движи меѓу 14 и 17 во период од неколку дена.

Историја уреди

 
Соѕвездието Гуштер прикажано лево во оваа ѕвездена карта од 1825 година од збирката Огледалото на Уранија

Во центарот од областа на небото во која нема особено сјајни ѕвезди, Гуштер не се сметало за соѕвездие од страна на старите западни астрономи. Јохан Хевелиј го создал соѕвездието во 1687 година и истото го нарекол „Stellio“ (стелион), водоземец со ѕвездести точки кој може да се најде по должината на средоземното крајбрежје.[3]

Други европејци го именувале ова соѕвездие меѓу кои биле и Августин Роје, кој го создал Жезол во чест на Луј XIV во 1670 година, и Јохан Елерт Боде, кој го создал Фредерикова Слава во чест на Фредерик II во 1787 година. Денес овие две соѕвездија се напуштени, опстојало само гуштер.[1]

Источна астрономија уреди

Иако не било во ниедна ѕвездена карта на старите народи во Европа и Блискиот Исток, ѕвездите од Гуштер, заедно со источниот дел на Лебед, биле искомбинирани од страна на старите кинески астрономи во нивното соѕвездие „Летечка Змија“.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ridpath & Tirion 2001, стр. 164-165.
  2. Puzzling Puffy Planet, Less Dense Than Cork, Is Discovered - New York Times
  3. Richard H. Allen (1899) Star-names and their meaning, p. 251 (http://penelope.uchicago.edu/Thayer/e/gazetteer/topics/astronomy/_texts/secondary/allsta/home.html).
  4. Allen at p. 251.

Надворешни врски уреди