Густав Нахтигал (германски: Gustav Nachtigal; 23 февруари 1934 Ајхштет(германски: Eichstedt) - 20 април 1885 Атлантски Океан), бил германски истражувач на средна Африка а посебно на Сахара. Најзаслужен е за тоа што Того и Камерун станале германски колонии.

Густав Нахтигал
Роден 23 февруари 1934
Ајхштет, Кралство Прусија
Починал 20 април 1885
’Рт Палмас, Западна Африка
Националност Германец
Познат поГермански конзул и истражувач во Африка

Животопис уреди

Син е на лутерански свештеник.[1] Роден е во Ајхштет во Бранденбург. После студиите на медицина во Хале, Вирцбург и Грајфсвалд неколку години стажира како воен хирург. Се разболува од туберкулоза и поради неповолната клима во Германија заминува во Алжир и Тунис.[1] Докторите му предвидувале неколку години живот ако остане во Германија. Како хирург учествувал во неколку експедиции во внатрешноста на Сахара. Кралот на Прусија му дал задача да однесе подароци на султанот на Борну во знак на благодарност за љубезноста што султанот ја искажувал кон германските истражувачи.[1] За да ја исполни оваа кралска мисија патувал две години. Од Триполи тргнал во 1869 година, посетувајќи ги Тибести и Борку, области во Сахара до тогаш непознати за Европејците. Од Борну се движел кон Багирми, па продолжил до Вадај и Кордофан за конечно да пристигне во Картум зимата 1874 година. Патувањето го опишал во книгата Сахара и Судан (3 тома 1879 - 1889).

Кога Франција воспоставува протекторат над Тунис, Нахтигал е поставен за германски конзул каде што останува до 1884 година. После тоа Бизмарк го праќа во западна Африка како специјален комесар. Наводно е испратен за да ги испита условите за трговија, но Германија имала намера да анектира некои територии пред Велика Британија. Како резултат на неговата мисија Того и Камерун постануваат германски колонии. При враќањето се удавил кај ’ртот Палмас на 20 април 1885.

Значење уреди

Густав Нахтигал е еден од најголемите германски истражувачи. Единствено Хајнрих Барт има повеќе заслуги од него. Најмногу го интересирала етнографијата и тропската медицина. Неговите забелешки за Африка се доста значајни бидејќи се детални и затоа што непристрасно ги опишувал Африканците. За разлика од поголемиот број тогашни истражувачи тој не верувал во наводната инфериорност на Африканците. Бил сведок на лов на робови и многубројни ѕверства на африканските владетели. Во колонијална служба влегол затоа што верувал дека европската доминација над Африка може да го запре ловот на робови и ропството.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Sahara and Sudan: The Results of Six Years Travel in Africa“. World Digital Library. 1879–1889. Посетено на 3 октомври 2013.CS1-одржување: датумски формат (link)