Густав Влахов (18 септември 1912 во Истанбул, Турција16 јануари 1991 во Белград, Југославија) — македонски комунист, револуционер, политички работник, дипломат[1] и носител на „Партизанска споменица 1941“.

Густав Влахов
Роден 18 септември 1912
Истанбул, Турција
Починал 16 јануари 1991
Белград, Југославија

Животопис уреди

Густав Влахов е син на македонскиот револуционер Димитар Влахов, кој имаше големо влијание Густав рано да се вклучи во револуционерното движење. Тој на рани години престојува во различни градови и држави (Варна, Софија, Приштина, Одеса, Киев, Женева и Софија). Основното училиште го завршува во Варна (1919–1923), средното во Виена (1932), а потоа живее во Париз и станува член на КПФ (1933–1934). Преку Лондон и Ленинград, стигнува во Москва (1935), каде што се запишува на Военохемиската академија. По едномесечниот притвор на татко му (1938), тој е исклучен од Воената академија и се запишува и по две години го завршува Хемиско-технолошкиот факултет и се вработува како инженер-технолог во московска фабрика. Член е на КПЈ од 1933 година.[2]

Втора светска војна уреди

Во текот на Втората светска војна Густав Влахов се пријавува за доброволец и учествува во редовите на Црвената армија при одбраната на Москва, вршејќи разни одговорни воени должности.[2]

На 5 октомври 1944 г. тргнува со татко му од Москва во Крајова, каде што преговараат Тито и Трпешев и речиси два месеца се наоѓа во Титовата близина. По краткиот престој во Белград, на 17 ноември тргнува за Скопје. Во Македонија осум месеци врши одговорни функции: директор на првата Партиска школа на КПМ во Скопје, член на Агитпроп и инструктор на ЦК на КПМ за скопската партиска организација и директор на Централата за распределба на земјоделски производи.[2]

Активности после Втората светска војна уреди

По ослободувањето врши одговорни должности во Македонија и во федералните органи на СФРЈ. Југословенски амбасадор е во Пакистан од 1957 до 1961 година, во Костарика од 1959 до 1964 година, во Мексико од 1961 до 1966 година, кога бил акредитиран и во Хондурас 1962-1965 година и во Панама 1963-1969 година, како и во Австрија 1973-1977 година.[2]

Во 1945 година, веднаш позавршувањето на Втората светска војна, оформен е првиот фудбалски оддел во скопското спортско здружение, под претседателство на Густав Влахов. Фудбалската секција е одвоена на 16 август 1948 година и формиран е Фудбалскиот сојуз на Македонија, на 14 август 1949 година, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија.[3]

Автор е на неколку дела кои даваат осврт на периодот пред, за и по Втората светска војна, меѓу кои „Спомени на татко ми“[4] и „На пресвртница: како ја видов и доживеав 1948“.[5]

Наводи уреди

  1. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 60. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „ВЛАХОВ, Густав Димитров“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
  3. ФФМ (09 мај 2014). „Времеплов“. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Vlahov, Gustav (1968). Spomeni na tatko mi.
  5. Влахов, Густав Д. (1990). На пресвртница: како ја видов и доживеав 1948. Студентски збор.

Надворешни врски уреди