Гугутка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Columbiformes
Семејство: Columbidae
Род: Streptopelia
Вид: S. decaocto
Научен назив
Streptopelia decaocto
(Frivaldszky, 1838)
Streptopelia decaocto

Гугутка (науч. Streptopelia decaocto) е птица од фамилијата на гулаби (Columbiformes). Во многу јазици има народно име „турски гулаб“, бидејќи на почетокот на XX век од Турција почнала да се населува во Европа.

Изглед уреди

Гугутката е слична на дивата гугутка. Горните пердуви од крилата на гугутките се со светлосива до кафена боја. Долга е од 31 до 33 cm, што значи дека е голема колку и градскиот гулаб, но е полесна и изгледа многу понежно. Распонот на крилјата достигнува од 47 до 55 cm, а тешка е од 150 до 200 грама. Двата пола изгледаат исто. Црвените очи им имаат мал бел рамка. Впечатлива одлика им е црниот прстен во близина на почетокот на вратот. Се одгласува со трослоговни гугукања, со нагласок на вториот слог, како и голем број други птици од оваа фамилија.

Исхрана уреди

Гугутките живеат во паркови и дворови, секогаш во близина на човечките населби. Не се многу плашливи. Се хранат со семки, житарки и овошје. Во зима понекогаш се собираат во јата и заедно бараат храна во парковите и селските имоти.

Размножување уреди

Како и голем дел од голубарките, така и гугутките имаат скромно и слабо изградено гнездо. Во гнездата најчесто има едно до две јајца на кои лежи мајката, а младите излегуваат после 13 или 14 дена. Гугутките лежат повеќепати по ред затоа што имаат големи губитоци на јајцата и младенчињата.

Распространетост уреди

Гугутката е распространета во Централна и Јужна Европа, а зимува во Северна Африка.

Гугутката како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Гугуче гука по двори“ — македонска народна песна.[1]
  • „Гугучки“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[2]
  • „Не гука гугутката“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[3]
  • „Гугутки“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[4]

Наводи уреди

  1. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
  2. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 40.
  3. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 11.
  4. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 21-23.