Грчко-турска војна (1897)

Грчко-турската војна од 1897 година е вооружен конфликт меѓу Грција и Османлиското Царство. Повод за судирот е обидот на жителите на островот Крит да се отцепат од империјата, како и дејноста на грчката националистичка организација Етники етерија.

Грчко-турска војна (1897)
Датум 3 февруари 1897 - 4 декември 1897
Место Епир, Тесалија и Крит
Исход Отоманска победа
Цариградски договор
Завојувани страни
 Османлиско Царство Грција Кралство Грција
Команданти и водачи
Ахмет Хифзи Паша
Етем Паша
Константин I
Konstantinos Sapountzakis
Сила
121,500
1.300 коњаница
210 топови
54,000
500 коњаница
136 топови
Жртви и загуби
1,111
3.329 заробени
16 повредени
672
2.481 заробени
253 повредени

Војната завршила со воен пораз на Грција и таа била принудена да се обврзе да плати воена оштета на Османлиите и да се согласи на европска контрола над своите финансии. Крит добил автономија и бил под протекторат на големите европски сили.[1]

Големите сили го направиле последниот обид за избегнување на војната и затоа тие на 2 март 1897 година се произнеселе за полна политичка автономија на Крит, меѓутоа требало да се запази суверенитетот на турскиот султан, но војната била неизбежна. Грчката војска под команда на полковникот Васос го објавиле во името на грчкиот крал, присоединувањето на Крит кон Грција.

Повод за започнувањето на војната е навлегувањето на четите на Етники етерија на османска територија, а според бугарскиот дипломатски претставник тие навлегле во согласност и содејство на грчката влада. Овие чети во почетокот успеале да напредуваат, но при средбата со редовната турска армија биле принудени да се повлечат. Таквите судири кои започнале на 16 април постепено се претвориле во воени дејствија. Грчката армија била поделена на два дела, во Тесалија под команда на грчкиот престолонаследник Константин и Епир под команда на генералот Манос. Освен редовната армија во воените дејствија учествувале и четите на Етники етерија со јачина од околу 6.000 души, грчки доброволци од околу 9.000 души кои не успеале да стигнат на бојното поле, а имало и доброволци од странство околу 3.000 гарибалдици, Англичани и Французи. Меѓутоа, грчката армија не била подготвена за оваа војна и Грција била поразена по што бил потпишан мировен договор на 4 декември 1897 година. По неуспешната војна новиот грчки премиер Теотокис ја растурил Етники етерија.

Хронологија уреди

  • мај 1896 – Критјаните кренале востание против Османлиското Царство.
  • јули 1896 - Андартска провокација во Македонија од страна на Етники етерија.
  • февруари 1897 – Грчката армија го дебаркира островот. Големите сили налагаат морска блокада на Грција.
  • април – Грција ги нападнала османските војски во Тесалија, но армијата и е разбиена.
  • 20 мај – Завојуваните страни склучиле примирје под притисок на големите сили.
  • 4 декември – Потпишан мировен договор.

Наводи уреди

  1. Encyclopaedia Britannica Online: Greco-Turkish Wars, 18.07.2009