Гросглокнер

највисока планина во Австрија

Гросглокнер (германски: Großglockner) или Велики Клек (словенечки: Veliki Klek) — највисока планина во Австрија, со висина од 3.798 м. Овој врв е, по Монблан, втор по височина во Алпите, мерејќи според релативната висина.

Грослокнер од југозапад

Гросглокнер лежи на границата меѓу Корушка и Источен Тирол и е највисок врв во Глокнер групата. Самиот врв лежи на браздата Глокнер, а Пастерце, наголемиот ледник во Австрија, лежи во подножјето на Гросглокнер.

Карактеристичниот пирамидален облик на врвот всушност се состои од два врва, Гросглокнер (Großglockner) и Клајнглокнер (Kleinglockner) (3700 метри), кои се раздвоени со формација налик седло која е позната како „Гросглокнеров тесен превој“ (Glocknerscharte).

Првото искачување на Гросглокнер во 1779 година било неуспешно. Летото 1800, била организирана втора експедиција: учествувале 62 луѓе, од кои 47 биле водичи. На 28 јули 1800 година, браќата Мартин и Сеп Клоц, заедно со двајца други столари и свештеникот Хорашо од Делзах, тргнале во поход да стигнат до врвот.

Потекло на поимот уреди

Името Глокнерер првпат е документирано на карта од 1561 година која ја изработил виенскиот картограф Волфганг Лазиус. Името Глогер е споменато во 1583 година при опис на тиролскиот Калс. Во 1760 година, Тиролски атлас го навел Глокнер Берг, а претставката Грос се спомнува со првата експедиција во 1799 година.

Според австрискиот научник Аке Балтазар можно е името да доаѓа од германскиот збор Glocke (ѕвоно) што се однесува на карактеристичниот облик на планината. Може да е и германизирана верзија на словенскиот збор Клек (планина) кој е задржан во словенечкото име Велики Клек.

Надворешни врски уреди