Грисел или Гриџали (грчки: Αγκαθιά, Анкатија, до 1926 година: Γκριτζάλη, Гриџали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Грисел
Αγκαθιά
Грисел is located in Грција
Грисел
Грисел
Местоположба во областа
Грисел во рамките на Гида (општина)
Грисел
Местоположба на Грисел во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°28′E / 40.550° СГШ; 22.467° ИГД / 40.550; 22.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелик
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,270
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на десетина километри јужно од градот Гида, крај самиот главен пат што води од Гида за Катерина, на надморска височина од 20 метри.[3]

Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на реката Бистрица.

Историја уреди

Уште од постаро време, селото било населено со македонско, но погрчено население.[3]

Во 1926 година името на селото било променето во Анкатија (Αγκαθιά).

Стопанство уреди

Околу селото се наоѓаат плодни обработливи површини кои делумно се наводнуваат, поради што носат големи приноси. Поради ова, голем дел од населението се занимава со земјоделство.[3]

Население уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Грисел живееле 150 Македонци христијани.[3][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грисел (Grissel) живееле 150 Македонци.[5]

Иако и К’нчов и Бранков го споменуваат селото со 150 жители, веројатно било многу поголемо, бидејќи за време на пописот во 1913 година било забележано со 571 жител. Во 1920 година во Грисел биле регистрирани 565 жители, во 1928 година 677, од кои само 12 бегалци, во 1940 година 858, во 1951 година 1.105, во 1961 година 1.303, во 1971 година 1.221, во 1981 година 1.447, а во 1991 година 1.459 жители. Како што може да се забележи и од статистиката, селото е во постојан раст на населението, поради добрите услови за развој на земјоделството.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.350 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.270 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 858 1.105 1.303 1.221 1.447 1.459 1.350 1.270
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Грисел, во кој покрај Грисел влегува и селото Трихлево.

Поврзано уреди

  • Грисел — истоимено село во Арагон, Шпанија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκριτζάλη -- Αγκαθιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 9.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. София, 1900, стр. 143.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.

Белешки уреди