Гримсветн (исландски изговор: [ˈkrimsvœʰtn̥];[2] vötn = "вода", еднина: vatn) — вулкан во Југоисточен Исланд. Тој се наоѓа во висорамнините на Исланд на северозападната страна на ледникот Ватнајекидл. Калдерата е на 64°25′СПШ 17°20′ЗГД, на надморска височина од 1.725 метри. Под калдерата се наоѓа магматската комора на вулканот Гримсветн.

Гримсветн
Гримсветн и ледникот Ватнајекул, Исланд, јули 1972
Највисока точка
Надм. вис.1725 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Исланд
Координати64°25′12″N 17°19′48″W / 64.42000° СГШ; 17.33000° ЗГД / 64.42000; -17.33000
Географија
{{{name}}} на карта

Карта

Геологија
ВидВулканска калдера
Последен избувмај 2011

Гримсветн е базалтен вулкан со највисока еруптивна честотата од сите вулкани во Исланд со кратерски систем во насока југозапад-североисток. Масовното климатско влијание на епупцијата на кратерот на Лаки во 1783 -1784 бил дел од истиот тој кратерски систем. Гримсветн избувнал заедно со Лаки во 1783, но продолжил да еруптира до 1785. Бидејќи поголемиот дел од вулканот се наоѓа под Ватнајекидл, поголемиот дел од ерупциите биле подледнички а допирот на магмата со стопениот мраз предизвикал фитомагнетна експлозивна активност.[се бара извор]

Ерупција започнала на 21 мај 2011 во 19:25 УТЦ, со 12 километри висок еруптивен столб придружен со повеќе земјотреси,[3][4][5] што резултирало со откажување на 900 летови[6] во Исланд,[7] и во Обединетото Кралство, Гренланд, Германија, Ирска и Норвешка, на 22 до 25 мај. До 25 мај на ерупцијата била поголема од онаа во 2010 на Ејафјатлајектл. Ерупцијата запрела во 02:40 УТЦ на 25 мај 2011, иако имало некаква експлозивна активност од тефра отворите само во областа околу кратерот.[8][9][10]

Јекулхлауп уреди

Денес постојат повеќе езера формирани како резултат на глацијацијата од сите други езера заедно. Нивното формирање е различно. Терминот “ледничко езеро” го користат многу автори (пр, Хачинсон 1957) за секое езеро чие потекло се должи на некакво минато или сегашно дејство на ледникот.[11] Ерупциите во калдерата редовно предизвикуваат такви леднички езера познати како јекулхлауп.[12] Ерупцијата топи доволно мраз за да се пополни калдерата на Гримсветн со вода и притисокот може да биде доволен за наеднаш да ги подигне ледените капи, овозможувајќи брзо излевање на големи количини вода. Затоа калдерата на Гримсветн се следи многу внимателно. Кога големата ерупција се случила во 1996 година, на геолозите однапред им било јасно дека ќе дојде до пукање на ледникот. Тоа се случило дури неколку недели по завршувањето на ерупцијата, но мониторингот[13] обезбедил затворање на Исландската обиколница (Хрингвегур)[14]. Делот од патот низ Скејдарау сандур се поплавил, но немало повредени и вулканската ерупција не го пробила мразот[15].

Ерупциите во 1998 и 2004 година  уреди

 
Сателитски слики од ерупцијата на Гримсветн во ноември 2004 година

Еднонеделната ерупција се случи во Гримсветн почнувајќи од 28 декември 1998 година, но немало леднички пукнатини. Во ноември 2004 година, се случила ерупција која траела една седмица. Вулканскиот пепел од ерупција паднал далеку во континентална Европа и предизвикал кратки прекини на авиосообраќајот во Исланд, но повторно немало леднички пукнатини по ерупцијата.

Ерупција во 2011  уреди

Хармонични потреси биле забележани двапати околу Гримсветн на 2 и 3 октомври 2010[16], кои можеби укажувале на претстојната ерупција.[17] Во исто време, ненадејна инфлацијата била измерена со ГПС во вулканот, укажувајќи на магматски движења под планината. На 1 ноември 2010 година стопената вода од ледникот Ватнајекидл се влеала во езерото, што укажувало на ерупција на вулканот.

 
Сателитска слика од 22 мај 2011 на вулкански еруптивен столб над Исланд
 
Приказ на исландски пејзаж под облакот од пепел во текот на ерупцијата во 2011 
 
Гримсветн во август 2011 година. Пепел покривање на околните снег и мраз

На 21 мај 2011 во 19:25 УТЦ започнала ерупција, со 12 километри висок еруптивен столб придружен со повеќе земјотреси. Облакот од пепел од ерупција нараснал до 20 километри и бил 10 пати поголем од ерупцијата во 2004, и најсилен во Гримсветн во последните 100 години.[18]

 
Сателитска слика од 23 мај 2011 на облакот од пепел на јужниот дел на Исланд

Нарушувањето на воздушниот сообраќај во Исланд[19] започнало на 22 мај, а потоа и во Гренланд, Шкотска[20], Норвешка, Шпицбершки острови[21] и следните денови, мал дел од Данска. На 24 мај нарушен бил сообраќајот и во Северна Ирска и на аеродромите во северниот дел на Англија. Откажувањето на 900 од 90,000 европски летови во периодот од 23 до 25 мај било многу помалку раширено отколку нарушувањата во 2010 по ерупцијата на Ејафјатлајектл.

Бактериите во подледничките езера уреди

Во 2004 година, бактерии биле откриени во водата на езерото Гримсветн под ледникот, и тоа било првпат да се најдат бактерии во подледничко езеро. Езерата никогаш не замрзнуваат поради вулканската топлина. Бактериите исто така, можат да преживеат на ниски концентрации на кислород. Местото веројатно е аналогно за животот на планетата Марс, бидејќи и на Марс постојат траги од вулкани и исчезнати ледници па оттука овие наоди би можеле да помогнат во барањето живот на Марс.[22][23]

Идни трендови уреди

Студиите укажуваат на тоа дека вулканската активност на Исланд расте и опаѓа, и дека честотата и големината на ерупциите во и околу ледената капа на Ватнајекидл варира со тек на времето. Се верува дека четирите ерупции, кои се имаат случено во последните петнаесет години, се почеток на активниот период, за текот на кој ерупција во Гримсветн во Ватнајекул може да се очекува секои 2 до 7 години. Паралелна вулканска активност во близина на Бардарбунга познато е дека е поврзана со зголемена активност во Гримсветн. Сеизмичката активност била зголемена во областа последните години, укажувајќи навлегување на магма.[24]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Grímsvötn“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 15 August 2006. (англиски)
  2. „How to pronounce /grímsvötn/“. youtube.com. Посетено на 23 May 2011.
  3. Njörður Helgason (14 April 2011). „Vegurinn um Skeiðarársand lokaður“. mbl.is. Посетено на 2 декември 2017.
  4. „Iceland's most active volcano erupts – Europe“. Al Jazeera English. 21 мај 2011.
  5. „Iceland volcanic eruption 'not linked to the end of the world' | IceNews – Daily News“. Icenews.is. Архивирано од изворникот на 2018-12-29.
  6. David Learmount (26 May 2011). „European proceedures (sic) cope with new ash cloud“. Flightglobal. Архивирано од изворникот на July 3, 2015. Посетено на 2 декември 2017.
  7. „Iceland geology | Volcano and earthquake activity in Iceland“. www.jonfr.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2017-12-03.
  8. „Volcanic Ash Advisory at 1241 on 25 May 2011“. Met Office UK. Посетено на 2 декември 2017.
  9. „Iceland volcano ash: German air traffic resuming“. BBC News. 25 May 2011. Посетено на 2 декември 2017.
  10. „Update on volcanic activity in Grímsvötn“. Iceland Met Office. Посетено на 2 декември 2017.
  11. Ashley, Gail M.; Shaw, John H; Smith, Norman D. (1985). Glacial sedimentary environments. Tulsa, Oklahoma: SEPM (Society for Sedimentary Geology). ISBN 9781565762459. OCLC 989866472.
  12. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-09. Посетено на 2011-05-24. Jökulhlaup figure 8.1
  13. Russell, Andrew J.; Gregory, Andrew R.; Large, Andrew R. G.; Fleisher, P. Jay; Harris, Timothy D. (2007). „Tunnel channel formation during the November 1996 jökulhlaup, Skeiðarárjökull, Iceland“. Annals of Glaciology. 45 (1): 95–103. Bibcode:2007AnGla..45...95R. doi:10.3189/172756407782282552.
  14. Јовановска, Марија (2012-01-11). „Ватнајокул - најголемиот ледник во Европа (Исланд) | Divian Arts“. Divian Arts (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-12-11. Посетено на 2017-12-03.
  15. „ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд“. Фактор Портал. Посетено на 2017-12-03.
  16. „OhridNews.com :: Можна е нова ерупција на вулканот во Исланд“. www.ohridnews.com. Посетено на 2017-12-03.
  17. „Possible Harmonic tremor pulse at Grímsfjall volcano | Iceland Volcano and Earthquake blog“. Jonfr.com. 2010-10-02. Архивирано од изворникот на 2010-10-10. Посетено на 22 May 2011.
  18. „Largest Volcanic Eruption in Grímsvötn in 100 Years“. Daily News. Iceland Review Online. 22 May 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. „Eurocontrol | - Driving excellence in ATM performance“. www.eurocontrol.int (англиски). Посетено на 2017-12-03.
  20. „Ash cloud grounds Scots flights“. BBC News (англиски). 2011-05-23. Посетено на 2017-12-03.
  21. Sandelson, Michael (2017-10-24). „Iceland eruption hits Norwegian flights“. theforeigner.no (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-04. Посетено на 2017-12-03.
  22. Gaidos, E; Lanoil, B; Thorsteinsson, T; Graham, A; Skidmore, M; Han, SK; Rust, T; Popp, B (2004). „A viable microbial community in a subglacial volcanic crater lake, Iceland“. Astrobiology. 4 (3): 327–44. doi:10.1089/1531107041939529. PMID 15383238.
  23. Peplow, Mark (2004). „Glacial lake hides bacteria“. Nature (journal). doi:10.1038/news040712-6.
  24. „Icelandic Met Office on 1 September 2011“. Icelandic Met Office. Посетено на 2 September 2011.

Надворешни врски уреди