Григориј Перелман

Григориј Јаковлевич Перелман (руски: Григо́рий Я́ковлевич Перельма́н, 13 јуни 1966) — руски математичар. Перелман имал значителни придонеси во римановата геометрија и геометриската топологија.

Григориј Перелман
Григориј Перелман во 1993
Роден(а)13 јуни 1966(1966-06-13)(57 г.)
Ленинград, РСФСР, Советски Сојуз
ЖивеалиштеСанкт Петербург, Русија
ДржавјанствоРуско
ПолињаМатематика
ОбразованиеЛенинградски државен универзитет
ТезаСедлови површини во евклидовите простори“ (1990)
Докторски ментор
Познат по
Поважни награди
  • Награда од Математичко друштво во Санкт Петербург (1991)
  • Награда од Европско математичко друштво (1996), одбиена
  • Филдсов медал (2006), одбиена
  • Милениумска награда (2010), одбиена

Во 1994 година, Перелман ја докажал теоремата „Душа“ во областа на диференцијалната геометрија. Во 2003 ја докажал (потврдена во 2006) хипотезата на Турстон. Со ова, следствено, била решена и пункаровата хипотеза.

Во август 2006, на Перелман му бил доделен филдсовиот медал[1] за „неговите придонеси во геометријата и неговиот револуционерен увид во аналитичката и геометриската структура на протокот на Ричи, но тој ја одбил наградата изјавувајќи „Јас не сум заинтересиран за пари и слава и не сакам да бидам ставен на излог како животно во зоолошка градина.[2] На 22 декември 2006 година, научното списание „Наука“, го означило доказот за пункаровата хипотеза на Перелман како научно „достигнување на годината“, прво такво признание во областа на математиката.[3]

На 18 март 2010 година, било најавено дека Перелман го постигнал критериумот за добивање на првата награда за милениумски проблем на математичкиот институт Клеј[4] поради решението на пункаровата хипотеза. На 1 јули 2010 година, тој ја одбил наградата во вредност од 1 милион долари, велејќи дека одлуката на одборот на математичкиот институт Клеј не била фер и дека неговото решение на пункаровата хипотеза не било поголемо од она на Ричард Хамилтон, математичарот кој бил пионер на протокот на Ричи со цел решавање на пункаровата хипотеза.[5][5][5][6][6] Перелман исто така ја одбил престижната награда на европското математичко друштво.[7]

Наводи уреди

  1. „Fields Medals 2006“. International Mathematical Union (IMU) - Prizes. Архивирано од изворникот на October 9, 2006. Посетено на April 30, 2006.
  2. „Russian maths genius Perelman urged to take $1m prize“. BBC News. March 24, 2010.
  3. Dana Mackenzie (2006). „Breakthrough of the year. The Poincaré Conjecture—Proved“. Science. 314 (5807): 1848–1849. doi:10.1126/science.314.5807.1848. PMID 17185565.
  4. „The Poincaré Conjecture“. Архивирано од изворникот на July 5, 2014. Посетено на May 1, 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Последнее "нет" доктора Перельмана“. Interfax. July 1, 2010. Архивирано од изворникот на July 2, 2010. Посетено на July 1, 2010.
  6. 6,0 6,1 Malcolm Ritter (July 1, 2010). „Russian mathematician rejects $1 million prize“. AP on PhysOrg. Архивирано од изворникот на January 17, 2012. Посетено на May 15, 2011.
  7. „Maths genius declines top prize“. BBC News. 22 August 2006. Архивирано од изворникот 15 August 2010.