Гренландско Море

море

Збиено меѓу Арктичкиот Басен на север и Атлантскиот Океан на југ, Гренландското Море е важно место за размена на вода од различни краишта во рамките на глобалниот систем на кружење на океанската слатка вода. Постојана струја на топла и солена атлантска вода тече кон север низ источниот дел на морето во Арктичкиот Басен. Истовремено огормни количества плитка слатка вода и лед се движат јужно кон протокот Фрам меѓу Гренланд и Свалбард и низ западниот дел на морето носени со Источногренландската струја. Температурата на таа вода се менува под влијание на студените атлантски води и топењето на арктичките лед. Во двата случаи, водата тоне на морското дно кога ќе се најде помалку густи водни маси. Ледот, што од ноември до јули покрива најголем дел од морето се состои од маса на натрупан арктички лед што се создава таму и од ледените брегови. Површинските температури се движат од -1 степен под нулата, на север во февруари до плус шест степени, на југ во август. Умерено густиот разновиден планктон се развива во Гренландското Море за време на пролетта и летото.

Гренландско Море
Сливни земјиГренланд, Исланд, Норвешка
Површина&100000000012050000000001.205.000 км2
Прос. длабочина1444 м
Најг. длабочина4846 м
Зафатнина1747250 км3
Наводи[1][2]

Наводи уреди

  1. „Гренландско Море“. Голема советска енциклопедија. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2012-09-16. (руски)
  2. „Гренландско Море“. Енциклопедија „Британика“. (англиски)