Грдото Пајче (теленовела)

Грдото Пајче (шпански јазик: Patito Feo) е аргентинска телекомедија. Серијата во Аргентина започна со прикажување на 10 април 2007, но поради големиот успех следната година на 23 април 2008 започна со прикажување и втората сезона. Специјално гостување во серијата имаше и популарната глумица Наталија Ореиро.

Грдото Пајче
Податотека:Patitofeo.jpg
Главни ликови
Жанркомедија
теленовела
Создадена одМарсело Тинели
Алехандро Стосил
УлогиЛаура Наталија Ескивел
Гастон Софрити
Хуан Дартес
Бренда Асницар
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди316, 135 (прва сезона), 140 (втора сезона)
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 13
Првично прикажувањеПрва сезона: 10 април 200714 декември 2007
Втора сезона: 23 април 20083 ноември 2008
Хронологија
СледбеникАтракција 4
Надворешни врски
Мрежна страницаpatitofeo.tv/v2/

Синопсис уреди

Патито живее со Кармен, нејзината мајка, во Сан Мартин де лос Андес. Нејзиниот живот е спокоен и среќен. Двете се сами на тој свет, бидејќи Патито не го запознала нејзиниот татко, а и мајка и Кармен ја чува тајната од секој. Тоа прави Патито да страда, но таа сака да ја дознае вистината за својот татко. Кога започнува приказната Патито се вљубува на прв поглед во симпатичното момче Матијас, момчето е на одмор во Сан Мантин де лос Андес, каде живее Патито. Матијас живее во главниот град, Буенос Аирес, и Патито не мисли дека никогаш повеќе нема да го види, но судбината решава поинаку. Патито и Кармен одат во престолнината по желба на Патито. И судбината докажува, дека љубовта за мајката и ќерката не е невозможна. Кармен го среќава Леандро, љубовта не нејзиниот живот, таткото на Патито, човекот, кој никогаш не успеала да го заборави. Тој имено е доктор, кој работи во болница во Буенос Аирес. А, Патито го среќава повторно Матијас, нејзината прва љубов, кој исто така не можела да го заборави. Но, се не може да е така розово... За несреќа Леандро живее со Бланка, една манипулативна и злобна жена, чиј живот се соочува со една голема лага. Бланка е во партнерство со Поло и Дорина, чија цел е да стигнат до парите на Леандро и да се збогатат на негов грб. Целта на Бланка е да се омажи за Леандро и да стане богата. Од друга страна, љубовта на Патито за Матијас е спречена од Антонела, која е ќерка на Бланка. Таа е убава, каприциозна и љубоморна девојка, која го сака Матијас, истиот во кој е вљубена и грдата Патито. Кога Патито дознава, дека и Антонела го сака Матијас не сака и не смета дека може да се натпреварува со такво убаво девојче. Средбата на Кармен и Леандро е помалку изненадувачка после толку години. Леандро чувствува нешто чудно кон Патито... некако ја чувствува блиска. Разбирајќи дека таа пораснала без татко си дава многу прашања на кои Кармен нема лесно да одговори. Патито започнува да оди на училиште, каде мајката на Леандро е директор. Во училиптето започнува со работа Чичо, кој се јавува како професор по музика, но тој реално направил документи и влегол во училиштето со измама. Во училиштето, учениците се делат на две групи. Едната група е на “Божиците”, чии водач е Антонела, а другата е “Популарните”, во кои учествува Патито. Двете групи наполно ги придобивата одликите на своите членови и самите песни и танци имаат свој карактеристичен вкус. Сред секои танци, песни и пријатели, дури и непријатели Патито ќе дознае како е да имаш татко, да ја запознаеш љубовта и да дознаеш, дека убавината е внатре во душата и срцето, а не нацртана на лицето.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Лаура Наталија Ескивел Патрисија “Патито” Кастро
Гризелда Сицилиани Кармен Кастро
Хуан Дартес Леандро Дјиаз Риварола
Гастон Софрити Матијас
Глорија Кара Бланка Бернарди
Телма Фардин Хосефина Белтран
Никол Луис Лусијана
Родриго Гуирао Николас

Надворешни врски уреди