Грб на Узбекистан

Грбот на Узбекистан е официјалниот грб на државата кој бил усвоен на 2 јули 1992 година. Тој е сличен по стилот со поранешните советски грбови. Грбот е во форма на круг со националните сина, бела и зелена боја. Од лево се наоѓа памук, а од десно се наоѓа жито. Тие се двете главни земјоделски култури на Узбекистан. На врвот се наоѓа ѕвездата Руд Ел Хизб, симбол на исламот. Во средината се наоѓа митската птица Хума, симбол на среќа и слобода. Во позадина има пејзаж.

Грб на Узбекистан до 1991

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди