Грбот на Тувалу е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот бил воведен како официјален по независноста на државата од Обединетото Кралство.

Грб на Тувалу
Подробно
Штитзлатен штит со осум школки, осум листа од банана и штит со приказ на колиба и море.
Држачинема
МотоTuvalu mo te Atua

Опис уреди

Грбот е составен од златен штит покрај чии рабови се наредени осум школки и осум листови од банана. Во внатрешноста има уште еден помал штит на кој има приказ на златна колиба поставена на зелена подлога и под нив има златни пет бранови и сино море. Под штитот се наоѓа златна лента со натпис на тувалски Tuvalu mo te Atua, што во превод значи „Тувалу за семоќниот“.[1]

Наводи уреди

Поврзано уреди