Грб на Русија

Руски државен грб

Грбот на Русија претставува златен двоглав орел со подигнати продолжени крилја поставен на четириаголниот црвен хералдички штит со заоблени долни агли. Има две мали круни на врвот од главите на орелот, со една голема круна над нив. Трите круни се поврзани со лента. Орелот држи жезол во десната канџа и топче во левата канџа. Орелот носи црвен штит на градите на кој е прикажан сребрен коњаник во сина наметка, качен на сребрен коњ и како убива црн змеј со сребрено копје. Црвената боја ја означува големината на Русија. Грбот бил изработен во времето на Руската Империја. По распаѓањето на СССР, грбот повторно бил вратен како државен симбол.

Грб на Русија

Варијанти на Грбот на Русија:

Повеќебојна на хералдички штит (прва варијанта)

Повеќебојна без хералдички штит (втора варијанта)

Еднобојна на хералдички штит (трета варијанта)

Еднобојна без хералдички штит (четврта варијанта)

Подробно
Усвоен1993 год.
Употреба Русија

Поврзано уреди