Грб на Општина Виница

Грбот на Општина Виница е официјалниот грб на оваа македонска општина. Грбот ги претставуваат историските, културните, стопанско-економските и еколошките одлики на општината.

Грб на Општина Виница
Подробно
Усвоенн/п
Штитсин штит
Мото„Виница“

Опис уреди

Грбот на општина Виница има форма на отсечен штит или германска форма. Амблемот има хералдички фигури и тоа: 1/4 од висината на подножјето на левата страна бојадисано со зелена боја, а нехералдички фигури (од природата) на зелената површина е поставен жолт грозд 1/8 од висината, на 2/3 од висината е нанесена силуетата на археолошкото наоѓалиште „Кале“ во црвена боја, на 1/8 од висината на грбот централно е поставен „Константиновиот крст“ со големина 1/4 во жолта контура и црвена испуна, тополите се со иста големина како и крстот во зелена боја поставени на десната хералдичка страна централна во однос на хоризонталата од крстот, сонцето е содржано во ширината на грбот на 1/8 од висината во жолта боја, позадината од силуетата на „Калето“ е во сина боја. Во горниот дел од грбот во форма на лента е испишано името на градот. Бои на грбот се црвена, зелена, сина, жолта.[1]

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди