Грб на Ерменската Советска Социјалистичка Република

Грбот на Ерменската Советска Социјалистичка Република настанал по цртежите на Мартирос Сарјан (познат ерменски сликар) а бил усвоен во 1937 од страна на владата на тогашната Ерменска ССР.

Грб на Ерменската Советска Социјалистичка Република
Подробно
Грбоносец Ерменска Советска Социјалистичка Република
Усвоен1937.
Мото„Пролетери од сите земји, обединетете се!“

Опис уреди

Централниот дел на грбот го зазема планината Арарат, националниот симбол на Ерменија. Грозјето кое се наоѓа во долниот дел на грбот претставува, според Библијата. првиот виноград којшто Ноа го направил по пристигнувањето на Арарат со својата арка. Покрај грозјето има венец од пченица, симболизирајќи ги природните ресурси на Ерменија. Во горниот дел на грбот има срп и чекан и црвена ѕвезда коишто се наоѓаат над венците и планината Арарат. Околу грбот се наоѓа натписот "Հայկական Սովետական Սոցիալիստական Հանրապետություն" (Ерменска Советска Социјалистичка Република), а под грбот има црвена трака со мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединетете се" напишан на ерменски и руски.

Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Ерменија.

Поврзано уреди