Грбот на Бахами о сочинуваат штит поделен на два нееднакви хоризонтални делови. Во долниот дел се наоѓа едрилица]], а во горниот дел се наоѓа златно Сонце на сино поле. Шлемот на врвот на штитот е фронтално ориентиран, има златна боја, со сино-златен венец. На врвот на грбот се наоѓа школка. Држачи на штитот се сабјарка и фламинго. Делот од грбот е поделен на уште два дела - приказ на море под сабјарката и градина под фламингото. На златна трака е испишано мотото - "Forward, upward, onward together" (Напред, повеќе, далеку заедно).

Грб на Бахами
Подробно
Држачисабјарка и фламинго
Мото"Forward, upward, onward together" (Напред, повеќе, далеку заедно)

Симболика уреди

Бродот претставува караката Санта Марија на Кристофер Колумбо, која плови под Сонцето. Држачите на штитот се националните животни на Бахамите, а на дното се наоѓа националното мото, додека пак делот ја симболизира географијата на островите - море и копно. Школката на врвот ја симболизира разновидната флора и фауна на островот.

Сјајните бои на грбот ја претставуваат сјајната иднина на островот.

Поврзано уреди