Графички техники и технологии

Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.[1]

Албрехт Дирер „Меланхолија“ (1514), бакропис
Пол Гоген Маруру (Благодарност), 1894, дрворез, Уметничка галерија на Универзитетот Јејл

Главни графички техники уреди

Главни видови Механички метод Хемиски метод Фотохемиски метод[2]
Висок печат Дрворез, Линорез
Длабок печат Бакрорез, Мецотинта, Сува игла Бакропис, Акватинта, Мека превлака, Резерваж, Колаграфија
Рамен печат Литографија, Хектографија Ситопечат, Фотолитографија

Графички методи уреди

Механички метод уреди

Овој метод вклучува само рачна изработка и претставува врежување во матрицата која може да е од дрво или метал. Врежувањето се врши со помош на графички алатки - ножеви, игли, длета, шила.

Хемиски метод уреди

Хемискиот метод покрај рачната обработка вклучува и хемиски процеси на обработка на матрицата кои се познати како - нагризување или нагризување на металната плоча со киселини.

Фотохемиски метод уреди

Овој метод подразбира дејство врз матрицата со помош на светлина и хемиски средства[3].

Техника на висок печат уреди

Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.

Техника на длабок печат уреди

Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.

Техника на рамен печат уреди

Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча.

Галерија со примери од графички техники уреди

Наводи уреди

  1. Drucktechnik[мртва врска]
  2. „Kunst Druckverfahren“. Архивирано од изворникот на 2019-09-27. Посетено на 2019-09-27.
  3. Les différentes techniques d'estampe[мртва врска]
  4. Woodcut in Art
  5. What is a Linocut
  6. bakrorez
  7. Mezzotinta
  8. „SUHA IGLA“. Архивирано од изворникот на 2019-09-28. Посетено на 2019-09-28.
  9. bakropis
  10. Ofort ja akvatinta
  11. „graficke-tehnike“. Архивирано од изворникот на 2019-09-17. Посетено на 2019-09-28.
  12. Резерваж
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-09-28. Посетено на 2019-09-28.
  14. Les techniques de l'estampe
  15. Hectographs
  16. Screen Printing
  17. What is Photolithography

Литература уреди

  • ESTAMPES,TAILLE DOUCE & AUTRES PROCÉDÉS, Claire HÉNAULT, 10, rue de Port-Royal[1].
  • Chamalieres - 10 Catalogue[2].
  • l'estampe et le multiple - Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0 Unported,2011[3].
  • Паригин А. Б. Уметноста на графиката XX век (историја, феноменологија, техники, поими). — СПб, 2010. — 304 с. ил. (рус). —. ISBN 978-5-7937-0490-8.

Надворешни врски уреди

  1. „Estampes“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2016-06-01. Посетено на 2019-09-27.
  2. „Catalogue“. Архивирано од изворникот на 2019-08-28. Посетено на 2019-09-27.
  3. l'estampe et le multiple[мртва врска]