Гран при Монтреал 2013

Гран при Монтреал 2013 е четврто издание на еднодневната велосипедска трка Гран при Монтреал. Била одржана на 15 септември 2013 на растојание од 205,7 километри, започнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Била 26. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката е една од само двата настана кои се дел од Светската турнеја во Северна Америка, другата трка е Гран при Квебек 2013, која се одржала два дена претходно.

Гран при Монтреал 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 26 од 28
Детали за трката
Date 15 септември 2013
Растојание 205,7 км
Време 5ч 20' 07" ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Петер Саган (Словачка) (Канондејл)
Втор  Симоне Понци (Италија) (Астана)
Трет  Рајдер Хесједал (Канада) (Гармин-Шарп)
2012
2014

Екипи уреди

Трката била дел од Светската турнеја и поради тоа сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Се доделила една специјална покана на француската екипа Тим Јуропкар. Националната екипа на Канада исто така се натпреварувала на трката и со тоа била создадена групата од 21 екипа.

Екипи кои настапиле на трката биле:

† Поканети континентални професионални екипи

Резултати уреди

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светска турнеја
1   Петер Саган (СВК) Канондејл 5ч 20' 07" 80
2   Симоне Понци (ИТА) Астана + 4" 60
3   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп + 4" 50
4   Грег ван Авермат (БЕЛ) Аксент Џобс-Ванти + 7" 40
5   Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида + 7" 30
6   Руј Кошта (ПОР) Мовистар Тим + 7" 22
7   Енрико Гаспарото (ИТА) Астана + 7" 14
8   Ларс Петер Нордхауг (НОР) Белкин Про Сајклинг + 9" 10
9   Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9" 6
10   Јан Бакелантс (БЕЛ) РадиоШек-Леопард + 9" 2

Надворешни врски уреди