Гран при Монтреал 2012

Гран при Монтреал 2012 било третото издание на Гран при Монтреал, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 9 септември 2012, на растојание од 205,7 километри, започнувајќи и завршувајќи во Монтреал, Квебек, Канада. Била 26. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката била една од единствените две трки кои се дел од календарот на Светската турнеја во Северна Америка, другата била Гран при Квебек, која се одржала два дена претходно.

Гран при Монтреал 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 26 од 28
Детали за трката
Date 9 септември 2011
Растојание 205,7 км
Време 5ч 28' 29" (23.36 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Ларс Петер Нордхауг (Норвешка) (Тим Скај)
Втор  Морено Мозер (Италија) (Ликвигас-Канондејл)
Трет  Александар Колобнев (Русија) (Катјуша)
2011
2013

Трката била освоена од Норвежанецот Ларс Петер Нордхауг (Тим Скај), кој се одвоил од водечката група и нападнал двапати во последите 5 километри. Ги отспринтал Морено Мозер (Ликвигас-Канондејл) и Александар Колобнев (Катјуша). Сајмон Геранс од Орика-ГринЕЏ, кој победил на Гран при Квебек 2012, го освоил четвртото место.[1]

Тек уреди

Трката се состоела од 17 кругови на патека од 12,1 километар во должина и ја следела истата рута како во изданието во 2011. Патеката, околу главниот кампус на Универзитетот во Монтреал, била добра поставена за специјалисти за искачувања и оние кои сакаат нагорнини. Завршницата била на нагорнина со мал наклон од 4%, која се наоѓала на Avenue du Parc. Имало остра кривина од 180 степени на десно на 500 метри пред целта. Вкупното вертикално искачување на трката било 3.893 метри.[2] Главните потешкотии биле:

  • Километар 2: Кот Камилјен-Уд: 1,8 километри со просечен наклон од 8%
  • Километар 6: Кот де ла Политехник: 780 метри со просечен наклон од 6% и делница од 200 метри со наклон од 11%
  • Километар 11: Авену ди Парк: 560 метри со просечен наклон од 4%

Екипи уреди

Бидејќи трката била дел од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Биле доделени и 3 специјални покани на професионалните континентални екипи: на две француски екипи (Кофидис и Тим Јуропкар) и една канадска (СпајдерТек-Ц10).[3]

18 ProTeams кои настапиле биле:

Трите професионални континентални екипи кои настапиле биле:

Резултати уреди

Велосипедист Екипа Време Светска турнеја
Бодови
1   Ларс Петер Нордхауг (НОР) Тим Скај 5ч 28' 29" 80
2   Морено Мозер (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2" 60
3   Александар Колобнев (РУС) Катјуша + 2" 50
4   Сајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ + 4" 40
5   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 4" 30
6   Бјерн Лекеманс (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 5" 22
7   Јирген Рулантс (БЕЛ) Лото-Белисол + 5" 14
8   Руј Кошта (ПОР) Мовистар Тим + 5" 10
9   Лука Паолини (ИТА) Катјуша + 5" 6
10   Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Нисан + 5" 2

Наводи уреди

  1. Sadhbh O'Shea (9 септември 2012). „Nordhaug guts out a victory in Montréal“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 септември 2012.
  2. „Parcours“ (PDF). Гран при Монтреал. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal. Посетено на 11 септември 2011.
  3. „Список на екипи кои ќе настапат на Гран при Квебек“. Grand Prix Cyclistes. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal. Посетено на 15 август 2012.

Надворешни врски уреди