Гран Чако (шпански: Gran Chaco, кечуански: chaku) — регион во Јужна Америка кој е слабо населен. Гран Чако е топла и полусува низина која е дел од речниот басен на Рио де ла Плата. Гран Чако административно е поделен меѓу Боливија, Парагвај, Аргентина и мал дел со Бразил. Името е од кечуанско потекло и значи „ловиште“.

Предел на Гран Чако во Парагвај.

Географија уреди

 
Приближна местоположба на Гран Чако во Јужна Америка.

Гран Чако има вкупна површина од 647.500 км2, но оваа бројка варира од извор до извор. Регионот се наоѓа западно од реката Парагвај и источно од Андите. Историски регионот бил поделен на три дела: Чако Аустрал или „Јужно Чако“, Чако Сентрал или „Централно Чако“ и Чако Бореал или „Северно Чако“. Јужно Чако се наоѓа на аргентинска територија и се спојува со регионот Пампа, Централно Чако се наоѓа меѓу Бермехо и реката Пилкомајо и Северно Чако се наоѓа од реката Пилкомајо до бразилскиот регион Пантенал. Денес регионот често се дели според политичката поделна на регионот, па така има Боливиско Чако, Аргентинско Чако и Парагвајско Чако.

Администратвна поделба уреди

На територијата на Гран Чако се наоѓаат следните административни единици од четири различни држави:

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

19°09′44″S 61°28′13″W / 19.1622° ЈГШ; 61.4702° ЗГД / -19.1622; -61.4702