Граиште

село во Општина Демир Хисар

Граиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Граиште

Поглед на селото

Граиште во рамките на Македонија
Граиште
Местоположба на Граиште во Македонија
Граиште на карта

Карта

Координати 41°14′14″N 21°13′07″E / 41.23722° СГШ; 21.21861° ИГД / 41.23722; 21.21861
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 72 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10010
Надм. вис. 610 м
Слава Св. Леонтиј[2]
Граиште на општинската карта

Атарот на Граиште во рамките на општината
Граиште на Ризницата

Потекло на името уреди

Во народот постои верување дека името на селото потекнува од неговата местоположба, поради близината на тумбето Градиште на кое некогаш постоел утврден град.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Железник, во средишниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од самиот град Демир Хисар, на оддалеченост од околу 3,5 километри.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри.[3]

Градиште е рамничарско село со околу дваесетина куќи, градени во поново време. Меѓу нив и стари руинирани градби. Од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 32 километри. Се граничи со селата Сладуево, Журче и Бараково на север, со селото Вардино на исток, со градот Демир Хисар на југ и со селата Белче и Слепче на запад.[2]

Се наоѓа во долината на Црна Река, а во самиот атар на селото се влева реката Обедничица во Црна Река. Крај селото се наоѓа Граиштанскиот манастир.

Историја уреди

Граиште се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 22 христијански семејства, 1 неженет и 3 вдовиди со вкупно 123 жители. Според пописот од 1568 година селото се намалило на 38 жители.[2]

Во XIX век, Граиште било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Градиште уреди

 
Остатоци од ѕидините

Градиште бил град-артерија во југозападниот дел на античка Македонија. Бил сместен на ридот над водите на Црна Река, крај денешното село, на кота 757 м.н.в. Видливо и денес се оцртуваат повеќе тераси - нивоа во облик на концентрични кругови. Тие биле ѕидини, односно одбранбени прстени. Обликот на тврдината е прилагоден на конфигурацијата на теренот. Тврдината има правец СИ-ЈЗ, во должина од 250 м и СЗ-ЈИ во ширина од 70 м.

Во североисточната половина се наоѓа плато (акропол), со трапезеста неправилна форма. Пронајдени се монети со ликовите на Филип II, Александар Македонски и други македонски кралеви. Оваа тврдина имала важна улога и во текот на римското, византиското и самуиловото владеење, како и во времето на средновековните владетели Добромир Хрс и Добромир Стрез. Во изворите покрај името Градиште фигурираат и имињата Браунион, Трипола и Добрун.[5]

Стопанство уреди

 
Полето околу селото

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со 218,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 70,4 хектари, а на шумите 49,9 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Населението се занимава со земјоделство, одгледува градинарски култури, пченка и секако тутун.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948141—    
1953312+121.3%
1961311−0.3%
1971275−11.6%
1981260−5.5%
ГодинаНас.±%
1991206−20.8%
1994164−20.4%
2002145−11.6%
202172−50.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Граиште имало 180 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Граиште имало 200 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Градиште се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 34 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Во 1961 година селото било средно по големина и броело 311 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 164 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 145 жители, сите Македонци.[10]

Според неофицијални податоци, во 2015 година селото броело над 90 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 71 Македонец и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 200 141 312 311 275 260 206 164 145 72
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Граиште е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16]

  • Доселеници: Радевци (13 к.), доселени се од селото Стругово; Кордановци (8 к.), доселени се од некое село во Кичевско; Дели-Цветковци (5 к.), доселени се од раселеното село Крагуево; Ѓаковци (3 к.), доселени се од селото Сладуево; Јолевци (4 к.), доселени се од селото Бараково; Врцковци (3 к.) и Шоклевци (7 к.), доселени се од селото Утово; Распашновци (2 к.), доселени се од селото Сливово, Дебрца. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 65 г. во 1952 година) Коте-Ристе, кој се доселил и Цветановци (5 к.) и Топузовци (1 к.), доселени однекаде.

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Граиште, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0622 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Леонтиј“
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Градиште — градиште од раноантичко и доцноантичко време;
  • Превалец — некропола од доцноантичко време;
  • Св. Петка — црква од средниот век; и
  • Црквиште — црква од старохристијанско време.
Цркви[21]
Манастири

Редовни настани уреди

Слави[2]

Иселеништво уреди

Постари иселеници до 1952 година имало во Србија (1 семејство), Битола (1 семејство) и во Гостивар (1 семејство).[16]

Потоа продолжило иселеништвото и од Граиште има иселеници во градовите Битола, Демир Хисар и Скопје, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 25–26. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 86. Посетено на 1 април 2020.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Демир Хисар и Демирхисарскo низ вековите и денес - Ванѓелко Лозаноски, Битола 2005
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. 16,0 16,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  17. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 април 2020.
  19. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 1 април 2020.
  20. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди