Градоначалник на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп ја застапува и ја претставува општината. Тој се избира на непосредни и слободни избори на секои четири години.

Градоначалник на Општина Прилеп
Функционер
Борче Јовчески

од 2021 г.
НазначувачЕлекторатот од Општина Прилеп
МандатЧетири години

Надлежности на градоначалникот уреди

Градоначалникот на Прилеп ги има следниве надлежности:[1]

  • ја претставува и застапува општината;
  • ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  • го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  • го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
  • иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  • го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • го извршува буџетот на општината;
  • избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  • решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  • донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • раководи со општинската админстрација;
  • одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
  • врши други работи утврдени со закон и со статутот на општината.

Список на Градоначалници на Прилеп уреди

 
Општина Прилеп според територијалната поделба од 2004-2013
 
Општина Прилеп според територијалната поделба од 2013
Име Слика Во служба Избран во Политичка партија
Глигор Иваноски 1996 2000 1996 ВМРО-ДПМНЕ
Сашо Пирганоски 2000 2005 2000 СДСМ
Марјан Ристески   2005 2017 2005
2009
2013
ВМРО-ДПМНЕ
Илија Јованоски 2017 2021 2017 СДСМ
Борче Јовчески 2021 сега 2021 ВМРО-ДПМНЕ

Наводи уреди

  1. „Надлежности градоначалник“. Општина Прилеп. Архивирано од изворникот на 2014-07-01. Посетено на 2014-06-28.