Готска Санден

остров

Готска Санден (швед. Gotska Sandön) е ненаселен остров на Шведска во Балтичкото Море. Сместен е 38 км северно од островот Форе. Долг е околу 9 км, а широк е околу 6 км. Зафаќа површина од приближно 36 км2.

Национален парк Готска Санден
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Поглед на источното крајбрежје од светилникот.
МестоГотланд, Шведска
Најблизок градФоресунд
Координати58°22′N 19°15′E / 58.367° СГШ; 19.250° ИГД / 58.367; 19.250
Површина4,9 км2, од кои 8,42 км2 се вода.[1]
Воспоставен(а)1909, проширен во 1963 и 1988[1]
Управно телоСлужба за заштита на природата
Готска Санден во рамките на Шведска
Готска Санден
Готска Санден во рамките на Шведска

Готска Санден претежно се состои од песокливо земјиште, со плажи, дини и борови шуми. Името „Готска Санден“ во буквален превод значи „готландски песоклив остров“. Во 1909 островот е прогласен за национален парк. Освен колонијата од сиви фоки, вишата фауна не е особено богата. Меѓутоа на островот изобилува разновидни инсекти и растенија, вклучувајќи неколку вида на орхидеи. Во текот на летото се организираат редовни тури со брод што поаѓаат од Форе и Нинесхамн.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Национален парк Готска Санден“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2009-04-04. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди