Горно Село

село во Општина Долнени

Горно Село — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Горно Село

Поглед на Горно Село

Горно Село во рамките на Македонија
Горно Село
Местоположба на Горно Село во Македонија
Горно Село на карта

Карта

Координати 41°25′14″N 21°32′03″E / 41.42056° СГШ; 21.53417° ИГД / 41.42056; 21.53417
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20024
Надм. вис. 750 м
Горно Село на општинската карта

Атарот на Горно Село во рамките на општината
Горно Село на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Горно Село се наоѓа на северните падини на планината Злато, меѓу врвовите Негре (988 м) од исток, Златоврв (1.422 м) со манастирот Трескавец од југ и врвот Сурун (1.077 м) од запад. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 750 м. Неговиот атар зафаќа површина од 15 км2 Од Прилеп е оддалечено 14,3 км, а од патот Прилеп-Македонски Брод 6,6 км.[2]

Историја уреди

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Стопанство уреди

Во селскиот атар, најголема површина од 765,9 ха зафаќаат пасиштата, на обработливо земјиште отпаѓаат 471,7 ха, а на шуми 6,9 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население уреди

 
Куќи во селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948309—    
1953243−21.4%
1961243+0.0%
1971159−34.6%
1981113−28.9%
ГодинаНас.±%
199159−47.8%
199456−5.1%
200239−30.4%
20217−82.1%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Село е село со 10 домаќинства и 42 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Село имало 74 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Горно Село е село со 40 жители Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 39 жители, од кои 38 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 74 40 309 243 243 159 113 59 56 39 7
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Горно Село е чисто македонско православно село, во селото има и староседелски и доселенички родови. Родови во Горно Село се:

  • Староседелци: Белчевци (7 куќи)
  • Доселеници: Кркачовци (8 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Мажучиште, го знаат следното родословие: Дано (жив на 48 г. во 1951 година) Ордан-Бошко-Јован Кркач, кој се доселил во селото; Кавеџиовци (6 куќи) доселени се од некое село во Охридско, најпрво се населиле во Кутлешево, па прешле во денешното село, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 26 г. во 1951 година) Ѓорге-Атанас-Толе-Ѓоргија-Стојко, кој овде се доселил од Кутлешево; Зајаковци (6 куќи) и за нив се мисли дека се доселени од некое село во Охридско; Србиновци (2 куќи) доселени се однекаде во XIX век; Гличевци (2 куќи) и они се доселени однекаде, постои истоимен род во Мало Мраморани; Пецевци (1 куќа) доселени се од Дупјачани, а имаат и роднини во Долнени; Прчковци (1 куќа) доселени се од селото Дреновци; Тошовци (4 куќи) доселени се во XIX век од Кутлешево, подалечното потекло не им се знае; Митковци (4 куќи) доселени се од селото Дупјачани, и нивното подалечно потекло е непознатоДреновци; Ориѓани (3 куќи) доселени се од селото Годивје, Дебрца.[13]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1463 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на ЗИК „Долнени“.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15]

Културни знаменитости уреди

 
Црквата „Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[16][17]
  • Три Ореи — некропола од хеленистичко време;
  • Преслап — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Чашка — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Арбанаси — населба од непознат период;
  • Бревчина — населба од доцноантичко време;
  • Орлов Камен -населба од раноантичко време;
  • Бучалиште — некропола од доцноантичко време;
  • Грамеѓе — утврдување од хеленистичко време;
  • Ризоец — некропола од римско време;
  • Асаница — некропола од римско време;
  • Сурун — некропола од хеленистичко време.
Цркви[18]

Иселеништво уреди

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Матраковци се иселиле во Прилеп, биле однекаде доселени. Од овој род потекнувал некој познат свештеник. Гличевци се иселиле во Дупјачани. Од родот Кукачовци има (28 семејства) иселени во Прилеп. По Втората светска војна, уште десет семејства се иселиле во Прилеп. Чалишовци биле староседелци во селото, некои изумреле, а други се иселиле исто така во Прилеп.[13]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 80-81.
  3. Горно Село“. OldPrilep. 13 октомври 2014.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  14. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 8 јули 2020.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  17. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди